Банки
Успешно завршен процес на аквизиција со сите регулаторни согласности Стопанска банка Битола и АЛТА банка – две традиции, една иднина
Откако АЛТА банка АД Белград успешно ја спроведе аквизицијата на Стопанска банка АД Битола, оваа банка официјално стана дел од АЛТА Груп, една од најдинамичните финансиски групации во регионот. Процесот е спроведен во согласност со највисоките пазарни и регулаторни стандарди со согласност на Народната банка на Република Северна Македонија.
„Аквизицијата на Стопанска банка Битола претставува, од една страна пресвртница во консолидацијата на регионалниот банкарски сектор, а од друга страна, важен темел за европската перспектива на нашата групација. Двете банки ги соединува цврста традиција, докажан интегритет и стабилно работење. Со влегувањето на Стопанска банка во системот на финансиските институции на АЛТА Груп градиме нова димензија на банкарството заснована на достапност, доверба и технолошка супериорност“, истакна Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка и сопственик на АЛТА Груп.
Претставниците на Стопанска банка Битола изразија задоволство од успешно реализираниот процес на аквизиција.
„Влезот во АЛТА Груп за нас претставува нова развојна фаза. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе дополнителна вредност за нашите клиенти, вработените и локалната заедница, со зачувување на континуитетот на работењето и почитување на сите регулаторни барања. Нѐ поврзува не само деловната визија, туку и длабоката историска и културна блискост на нашите народи, што дава дополнителна сила на ова партнерство“, истакна Александра Радевска, претседателка на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола.
„Со проширувањето на работењето на пазарот во Северна Македонија, АЛТА банка не отвора само ново поглавје во развојот, ние создаваме можности за интензивирање на економската соработка на нашите земји. Задача на секоја сериозна финансиска институција е да биде сојузник на економијата, да гради мостови и да поттикнува регионална соработка“, заклучи Давор Мацура.
Стопанска банка АД Битола е една од најстарите и најугледни финансиски институции во Северна Македонија, со традиција долга речиси 80 години. Со текот на годините, изгради силен углед на стабилност, доверба и локална посветеност. Нејзината клучна улога е во поддршката на граѓаните и на економијата. Вклучувањето во системот на АЛТА Груп претставува природен чекор кон модернизација, регионално поврзување и понатамошен развој. Партнерството со АЛТА банка ќе отвори простор за иновативни решенија, како и унапредување на корисничкото искуство, почитувајќи ги локалните финансиски стандарди и законски рамки.
АЛТА Груп е модерна финансиска групација со седиште во Белград која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските активности, со стратешки фокус на иновациите и исклучителност на услугите. Препознатлива е како апсолутен лидер во областа на платниот промет и дигиталните платежни услуги.
АЛТА банка, како една од најважните членки на групацијата, работи на пазарот во Србија речиси половина век и овозможува најширока палета банкарски производи. Во континуитет бележи исклучителни деловни резултати и силен раст во сите сегменти на работењето, а во 2024 година доби признание за најбрзо растечка банка во Република Србија.
Банки
Кристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
Преку проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, локалните претприемачи добиваат можност полесно да ја модернизираат наплатата и да се приклучат кон дигиталната економија.
Дигиталните плаќања сè повеќе стануваат секојдневна потреба за малите и средните претпријатија. Брзината, едноставноста и безбедноста при наплатата денес се важни не само за корисничкото искуство, туку и за конкурентноста и растот на компаниите.
Во таа насока, проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, реализиран во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa, носи конкретна поддршка за локалните бизниси. Преку проектот, 100 одбрани компании ќе добијат бесплатно Soft POS решение, од кои 50 ќе бидат обезбедени од НЛБ Банка.
Со NLB Smart POS, трговците можат да прифаќаат безготовински плаќања директно преку мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. Решението е едноставно за користење, овозможува поголема мобилност и им помага на малите бизниси да ја модернизираат наплатата без високи почетни трошоци.
„Дигитализацијата денес е составен дел од современото деловно работење. Со NLB Smart POS, современата технологија станува подостапна за поширок круг трговци, особено за малите и микро бизниси, кои на овој начин добиваат практична алатка за побрза, побезбедна и поефикасна наплата“, вели Кристина Трпезановска, директор на Секторот за управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси во НЛБ Банка во интервју за „Економија и Бизнис“.
NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, што ја прави особено погодна за малите трговци, доставувачи, услужни дејности и бизниси кои работат и надвор од класична продажна локација.
Интересот за ова решение континуирано расте. Во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, а прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека безготовинските плаќања се реална потреба и важен дел од модерното работење на компаниите.
Покрај бесплатниот Soft POS, проектот обезбедува и дополнителни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. Пријавувањето трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Проектот е дел од пошироката заложба за развој на дигиталната економија и проширување на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања. Со вакви иницијативи, НЛБ Банка ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите во нивниот раст, дигитална трансформација и приспособување кон современите потреби на пазарот.
Битола и битолскиот регион, препознатливи по претприемачкиот дух и локалните брендови, преку овој проект добиваат дополнителен поттик за модернизација на наплатата и ширење на дигиталните платежни навики.
Банки
Стопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии
Исплатата на пензиите за месец август за клиентите на Стопанска банка АД – Скопје ќе се изврши денеска, 27 август 2026 година, информираат од Банката.
Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на пензионерите и ќе бидат достапни за користење во текот на денот.

Од Стопанска банка ги известуваат своите клиенти дека исплатата ќе биде реализирана во текот на денешниот ден.
Банки
НЛБ Банка нема да работи на 28 август поради празникот Голема Богородица
Експозитурите на НЛБ Банка нема да работат во петок, 28 август 2026 година, по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, информираат од Банката.
Од НЛБ посочуваат дека клиентите и за време на неработниот ден ќе можат да користат бројни банкарски услуги преку дигиталната платформа НЛБ мКлик.
НЛБ Контакт центарот ќе биде достапен и за време на празникот на телефонските броеви 02/15-600 и 02/3219-517, како и преку електронската адреса [email protected].
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија





