Банки
[Конференција INFINTECH 2025]: Место каде се спојуваат иновации, лидери и иднината на финансиите
Дводневната регионална конференција Infintech 2025, која ги обединува водечките експерти од банкарскиот, технолошкиот и телекомуникацискиот сектор, се одржува денес и утре во Тиват.
Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите трендови во финансиските услуги се темите за кои ќе се зборува во текот на девет панели. Директорот на црногорската ИТ компанија Логате, Ивица Татар, кој е организатор на конференцијата, рече дека Infintech произлезе од доверба кон луѓето и дека за кратко време успеа да се позиционира меѓу настаните кои ги поместуваат границите на информираноста.
„И оваа година со нас се препознатливите луѓе: иноватори, експерти и лидери од нашата земја, регионот и странство. Нивното присуство е показател дека Infintech е место на кое се среќаваат големите. Среќен сум што сега сите знаат, и дека повеќе не мораме никому да објаснуваме што е Infintech и кој е Логате. Ќе продолжиме напорно да работиме, да ги слушаме вашите сугестии и да доведуваме луѓе од кои сакате да слушнете и да научите нешто ново“, порача Татар.
Визијата за економија која се базира на иновации, знаење и одржлив раст е идеја која Infintech ја споделува и со Стопанската комора на Црна Гора.
„Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку прашање на опстанок и конкурентност. Таа го менува начинот на кој работиме, управуваме со капиталот, комуницираме со пазарот и градиме односи на доверба со клиентите“, рече претседателката на Столанската комора на Црна Гора, Нина Дракиќ, во воведното обраќање.

Таа додаде дека дигиталната трансформација не е само прашање на технологија, туку и на култура, лидерство и спремност за промени. „Финтек секторот, чијашто анализа на трендови и правци се разгледува во текот на конференцијата, има огромен потенцијал за црногорската економија. Дигиталните иновации ги намалуваат трошоците, забрзуваат процесите, ја зголемуваат транспарентноста и овозможуваат пристап до пазари кои досега беа недостапни. Во тоа е нивната вистинска сила – тие ја демократизираат економијата, правејќи ја достапна и правична“, истакна Дракиќ.
Црна Гора неодамна се приклучи на SEPA, што за финтек компаниите отвора поголеми можности и директен пристап до европската платна инфраструктура на која може да се градат нови сервиси.
Вицегувернерката на Централната банка на Црна Гора, Зорица Калезиќ, ги претстави стратешките планови во кои финтек ќе игра важна улога.
„Централната банка на Црна Гора сака до крајот на 2026 година граѓаните да имаат искуство на плаќање еднакво како во Европската унија. Од 20 октомври, нашите DNS и RTGS системи ќе работат и за време на викенди и државни празници, што значи дополнителни 118 дена за обработка на плаќањата“, најави Калезиќ.

Конференцијата собира бројни регионални и меѓународни експерти кои во текот на два дена размменуваат искуства за дигитално вклучување на клиентите, сајбер безбедност, моментални плаќања и AI решенија во банкарството и продажбата.
Првиот ден на конференцијата е посветен на лидерство и дигитална трансформација, додека вториот ден ќе донесе дискусии за иднината на банкарството, вградени финансии и финтек иновации во регионот.
Под слоганот „Where decision makers connect“, Infintech 2025 во ја потврдува позицијата на Црна Гора како растечки центар за дијалог за иновации, технологија и финансии на иднината.
Банки
Големо признание за НЛБ: Избрана меѓу 36 институции кои ќе го тестираат дигиталното евро
Нова Љубљанска банка (НЛБ Групацијата) е избрана меѓу 36 банки и финтек компании кои ќе учествуваат во пилот-проектот на Европската централна банка (ЕЦБ) за тестирање на дигиталното евро.
Пилот-фазата треба да започне во втората половина на 2027 година и ќе трае 12 месеци. Во тој период ќе се тестираат техничките функционалности на дигиталното евро, неговата примена во секојдневните плаќања и корисничкото искуство пред евентуалното официјално воведување на новата европска дигитална валута.
Покрај НЛБ, во проектот учествуваат и големи европски банки, меѓу кои UniCredit, Deutsche Bank, Raiffeisen Bank и Piraeus Bank, како и водечки финтек компании како Revolut, Stripe, Nexi Payments, Satispay и хрватскиот CorvusPay.
Од Европската централна банка соопштија дека за повикот за учество биле доставени повеќе од 50 апликации, што, според институцијата, ја потврдува силната заинтересираност на приватниот сектор за развојот на европскиот систем за дигитални плаќања.
Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ и претседател на работната група за дигиталното евро, Пјеро Чиполоне, изјави дека големиот интерес од пазарот ја потврдува подготвеноста на приватниот сектор активно да придонесе во развојот на проектот и во зајакнувањето на европскиот платен систем.
За време на тестирањето ќе се користи бета-верзија на дигиталното евро, а во проектот ќе бидат вклучени вработени во ЕЦБ, националните централни банки од еврозоната и избрани трговци. Корисниците ќе можат да тестираат различни видови трансакции, вклучувајќи плаќања во продавници, онлајн купувања и трансфери од лице до лице.
Банки
НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026
НЛБ Банка и Прагма продукција, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум концерти на регионални и домашни музички ѕвезди во текот на летото, меѓу кои настапите на: Дупер, Слаткаристика & Friends, Два Бона, Rita Ora, Senidah, Петар Грашо, Саша Ковачевиќ, Црвена Јабука и Нина Бадриќ. Со ова партнерство, НЛБ Банка ја продолжува својата заложба за поддршка на културата, музиката и настаните што создаваат вредни искуства за заедницата, со посебен фокус на младата популација и на корисниците на NLB Next пакетот за млади.
На прес-конференцијата како специјални гости присуствуваа Дупер и Слаткаристика, две големи домашни музички имиња, чии концерти се дел од програмата наменета за младата публика. По официјалниот дел беше организирано дружење на артистите со младите посетители, кои си заминаа со бесплатниот NLB Next пакет за млади и влезници за концертите.
Концертна сезона за различни генерации публика
Летната концертна сезона е осмислена како музичка програма што ги поврзува различните генерации публика, од младите кои живеат динамично, дигитално и во чекор со своите интереси, до клиентите кои уживаат во музика блиска до нивниот вкус, навики и очекувања. Дел од концертите се наменети за NLB Next генерацијата, за која музиката, дружењата, патувањата и новите искуства се природен дел од секојдневието, додека другите настани носат содржина за останатите клиенти на Банката и пошироката публика.
На овој начин, партнерството меѓу НЛБ Банка и Прагма продукција создава платформа што ги обединува младешката енергија и музичките вкусови на повеќе генерации. За младите, NLB Next се надоврзува на нивниот животен стил, современ, мобилен и исполнет со избори, додека за останатите генерации е подготвена внимателно избрана музичка содржина, која носи квалитетно концертно искуство и дополнителна вредност.
Со ваквиот пристап, НЛБ Банка го зајакнува присуството во сегментот на младите, но истовремено ја потврдува посветеноста кон сите останати, нудејќи им музички доживувања што се блиски до нивните интереси и начинот на кој сакаат да го поминат летото.

„Со NLB Next сакаме да бидеме онаму каде што се младите, во нивниот ритам, нивните интереси и нивните искуства. Музиката е еден од најсилните начини за поврзување со младата генерација, а ова партнерство ни овозможува да им понудиме повеќе од банкарство, можност за нови доживувања, забава и привилегии што се дел од нивното секојдневие. NLB Next е креиран како современо, дигитално и бесплатно банкарско решение за млади од 18 до 25 години, но и како платформа која ги следи нивните NEXT чекори, од прва сметка и прва плата, до први големи музички искуства“. – изјави Ивона Галиќ Петков, Самостоен советник за односи со јавност во НЛБ Банка.

„Летната концертна сезона 2026 ја подготвуваме како програма што ќе понуди разновидни музички доживувања, од големи регионални до домашни артисти кои имаат силна врска со младата публика. Со НЛБ Банка како партнер, оваа сезона добива дополнителна вредност бидејќи преку музиката се поврзуваме со различни генерации публика и создаваме искуства што се паметат. Веруваме дека заедно ќе реализираме лето исполнето со квалитетна музика, добра енергија и концерти блиски до вкусот на секој посетител“. – изјави Кристијан Стефановски од Прагма продукција.
Како артисти кои имаат силна врска со младата публика и чија музика е дел од нивното секојдневие, Дупер и Слаткаристика ги најавија своите настапи како дел од концертната програма за младите. Дупер е еден од најпрепознатливите современи македонски бендови, познат по свеж звук, позитивна енергија и песни што лесно се поврзуваат со младата генерација. Слаткаристика, пак, е едно од највлијателните имиња на домашната хип-хоп сцена, артист со препознатлив стил, силна концертна енергија и публика која го следи со години.

„Многу сме задоволни од соработката и целата организација, ова е една од ретките можности млади музичари од Македонија да соработуваат со идоли од нивната генерацијa. Соработуваме со Слаткар кој што сме го гледале на телевизија, ќе му бидеме гости и на концертот. За добра соработка треба да има и добра дружба, а ние тоа го имаме. Мислам дека ова ќе биде навистина успешна соработка“. – изјавија од Дупер.

„Ова ми се блиски луѓе, имаме многу убав однос и иста естетика. Мислам дека ова е старт на дружба што ќе трае со години. Нема многу да ви споделувам, ве чекам сите на концертот на 2 август“. – порача Марко Маринковиќ – Слаткар.



НЛБ Банка и Прагма продукција најавуваат динамично концертно лето со богата програма, силна музичка енергија и содржини што ги поврзуваат младите, но и сите останати љубители на добрата музика.
Банки
Комерцијална банка со активности за поголема финансиска писменост кај младите
Комерцијална банка АД Скопје, преку платформата Zipp.club и иницијативата „Финансиска училница“, го одбележа Светскиот ден на вештините на младите.
Од банката истакнуваат дека финансиските знаења и вештини се важни за носење правилни одлуки, поголема самостојност и сигурно градење на иднината.
Преку едукативните активности, младите добиваат практични знаења што можат веднаш да ги применат, како и насоки за постепено постигнување финансиска независност.

„Добрите финансиски одлуки започнуваат со повеќе знаење“, порачуваат од Комерцијална банка.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување
-
Интервјуапред 1 месец„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера



