Connect with us

Банки

Халкбанк започна со вршење SEPA трансфери во 40 земји членки како нов чекор кон европските стандарди и дигиталното банкарство

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, од денеска, 7 октомври 2025 година, започна со вршење кредитни трансфери во евра преку SEPA (Single Euro Payments Area) шемите на плаќање, овозможувајќи им на своите клиенти побрз, поедноставен и сигурен начин за трансфер на средства кон и од 40 земји членки.

Со воведувањето на SEPA трансферите, банката ја потврдува својата определба да ги следи современите финансиски трендови и да обезбедува решенија кои ги усогласуваат европските стандарди со потребите на локалните клиенти. SEPA овозможува поефикасни, поевтини и безбедни плаќања во евра, како за правни, така и за физички лица, со фиксни провизии од 250 денари за испраќање и 200 денари за примање средства, без разлика на износот на трансакцијата.

Халкбанк е современа дигитална банка со широк спектар онлајн производи и услуги, кои им овозможуваат на клиентите да управуваат со своите финансии од било кое место и во секое време. Банката нуди e-banking решенија, дигитални кредитни и платежни услуги, како и иновативни алатки за персонализирано управување со финансиските текови. Воведувањето на SEPA трансферите е природен продолжеток на оваа стратегија, овозможувајќи трансакции кои се брзи, сигурни и целосно дигитализирани.

Со SEPA трансферите, Халкбанк ја зацврстува својата улога како водечка дигитална финансиска институција која постојано ги следи трендовите и создава решенија прилагодени на потребите на клиентите. Сите услуги се развиени со фокус на удобноста и сигурноста на корисниците, овозможувајќи им секојдневното управување со финансии да биде едноставно и безгрижно, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето.

Банки

АЛТА банка се шири во регионот: По Северна Македонија, во фокус БиХ и Црна Гора

Објавено

на

АЛТА банка го забрзува регионалното ширење, откако во изминатиот период влезе на пазарот во Северна Македонија преку преземањето на Стопанска банка АД Битола и осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија. Следни потенцијални пазари за експанзија на групацијата се Босна и Херцеговина и Црна Гора.

АЛТА го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка АД Битола, а на почетокот на 2026 година го зголеми сопственичкиот удел на повеќе од 95 отсто. Банката денес работи под името АЛТА банка АД Битола.

Групацијата истовремено ги презеде и сите акции на ЗОИЛ Македонија АД Битола, со што влезе и во осигурителниот сектор. По завршувањето на регулаторните процедури, компанијата треба да работи под името АЛТА осигурување АД Скопје. Во понудата се предвидени различни видови неживотно осигурување, меѓу кои автомобилско, имотно, патничко и осигурување за домаќинства и компании.

Со тоа, АЛТА го проширува својот деловен модел надвор од класичното банкарство, поврзувајќи банкарски, платежни, лизинг и осигурителни услуги во рамките на една финансиска групација.

Според плановите за понатамошен развој, меѓу следните пазари за потенцијално ширење се Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што се разгледуваат можности за аквизиции. Реализацијата ќе зависи и од добивањето на потребните регулаторни одобренија.

Во Црна Гора, АЛТА Група веќе е присутна преку платежната институција АЛТА pay, која од 2024 година работи на повеќе од 200 локации.

Паралелно со регионалната експанзија, банката бележи и раст на бројот на клиенти во Србија. Според PwC benchmarking анализа, нето-растот на клиентската база изнесувал 29,1 отсто во сегментот на физички лица и 18,8 отсто во корпоративниот сегмент. Стапката на одлив на клиенти изнесувала 2,6, односно 0,3 отсто.

АЛТА воедно инвестира во дигитализација, подобрување на деловните процеси и развој на платежни услуги, вклучително и примена на SEPA стандардите, со цел да изгради поширок финансиски систем на повеќе пазари во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Генералниот извршен директор на ТТК Банка купи 1.009 акции

Објавено

на

Генералниот извршен директор на ТТК Банка АД Скопје, Драгољуб Арсовски, купил 1.009 акции на банката, се наведува во објавата за трансакцијата.

Датумот на порамнување на трансакцијата е 19 август 2026 година. Со последното купување, Арсовски поседува 2,1 отсто од вкупниот број акции издадени од ТТК Банка.

Информацијата е објавена во образецот за купување и продавање акции на друштвото од страна на членови на Управниот или Надзорниот одбор, односно членови на Одборот на директори.

Извор: Македонска берза – berza.mk

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со пакет за поддршка на жените претприемачки

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис.

Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење.

Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис.

Од Халкбанк посочуваат дека целта на понудата е жените претприемачки да добијат поголема сигурност и повеќе можности за реализација на своите деловни идеи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange