Connect with us

Банки

170 вработени од НЛБ Банка со тимски дух и спортски елан на Виз Ер Скопскиот маратон 2025

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година ја потврди својата поддршка за спортот, здравиот начин на живот и тимскиот дух со масовно учество на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, еден од најголемите спортски настани во земјата.

Вкупно 170 вработени од НЛБ Банка ја понесоа енергијата на компанијата и со гордост настапија во различните трки на маратонот, докажувајќи дека истрајноста, посветеноста и солидарноста што ги негуваат на работните места успешно ги пренесуваат и на спортските патеки.

Собирот започна пред експозитурата на НЛБ на Кејот во Скопје, каде што вработените во НЛБ Банка кои настапија на маратонот ја споделија заедничката возбуда и поддршка пред стартот, покажувајќи дека спортот претставува мост за поголема кохезија и вмрежување на тимот.

Учеството на НЛБ Банка на Виз Ер Скопскиот маратон 2025 не е само спортски подвиг, тоа претставува дел од пошироката стратегија на институцијата за унапредување на корпоративната култура, поддршка на здрави животни навики, како и општествената одговорност на компанијата преку активно вклучување во настани што ја збогатуваат локалната заедница.

НЛБ Банка им честита на сите свои вработени за успешно завршената трка и останува посветена на поттикнување активности кои го унапредуваат тимскиот дух, вработените и заедницата во целина.

Банки

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Објавено

на

Нови 16 здруженија и асоцијации на лица со попреченост ќе добијат грантови од Стопанска банка АД – Скопје за реализација на проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ги подобруваат условите за нив во заедницата. Стопанска банка ги објави добитниците на грантовите во вкупна вредност од 30.000 евра, како дел од годинешното издание на општествениот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“ vol.7 кој од 2016 година ја подигнува јавната свест за поголема инклузија на лицата со попреченост и помага во градењето на подобро општество за сите.   

Оваа година на јавниот повик на Стопанска банка се пријавија 28 здруженија и асоцијации од земјава кои аплицираа со конкретни проекти. Посебно формирана комисија во Банката ги оценуваше пристигнатите проекти, при што се вреднуваше бројот на лица што ги опфаќа проектот, дали овозможуваат континуирана работа со лицата со попреченост преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможува нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности. Комисијата селектираше 16 проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од Банката за нивна реализација.

„Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Нѐ радува фактот што со годинешниот буџет достигнуваме 150.000 евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост“ – истакнуваат од Стопанска банка.

Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“, во оваа и претходните години, Стопанска банка финансиски има поддржано реализација на околу 80 инклузивни проекти. „Сонуваме.Менуваме“ продолжува да биде платформа преку која Банката промовира инклузија на лицата со попреченост во општеството преку кампања, инклузивни музичко театарски претстави и донации.

Музичко-театарските претстави за деца кои се значаен и видлив дел од оваа општествено-одговорна кампања, покрај во Скопје, се прикажуваат годинава во Велес и во Битола, ширејќи ја на интересен и приемчив начин пораката за значењето на инклузијата.

Продолжи со читање

Банки

Во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Халкбанк со хумана донација: Електрични колички за поголема независност на лицата со попреченост

Објавено

на

Во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Халкбанк АД Скопје реализираше значајна општествено одговорна активност, донирајќи електрични инвалидски колички на SOS Vita, здружение кое активно обезбедува поддршка, грижа и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Со оваа донација, Халкбанк испраќа јасна порака за важноста на инклузијата и еднаквите можности, овозможувајќи им на корисниците поголема самостојност, мобилност и полесно секојдневно функционирање.

Оваа иницијатива претставува дел од континуираните активности на Банката во насока на поддршка на ранливите категории и унапредување на општествената благосостојба.

Халкбанк продолжува да инвестира во заедницата и да создава позитивни промени преку конкретни и долгорочни проекти.

Продолжи со читање

Банки

4 Декември е меѓународен ден на банките: Признание за довербата, стабилноста и развојот

Објавено

на

Меѓународниот ден на банките се одбележува секој 4 декември, ден прогласен од Обединетите нации во 2019 година со цел да се препознае клучната улога на банките во економскиот развој, финансиската стабилност и општествениот напредок. Овој ден служи како потсетник за значењето на безбедните, транспарентни и достапни финансиски услуги кои претставуваат темел без кој модерните економии не можат да функционираат.

Како се одбележува во Европа и светот?

Во Европа, одбележувањето на Меѓународниот ден на банките најчесто е фокусирано на финансиска едукација, дигитална трансформација и заштита на потрошувачите. Банкарските здруженија и централните банки организираат панели, конференции и јавни дебати за улогата на банкарскиот сектор во развојот на економијата, како и за новите трендови – инстант плаќањата, дигиталните иновации и сајбер-безбедноста.

Во некои земји се организираат и отворени денови во банките, каде граѓаните имаат можност поблиску да се запознаат со банкарските услуги, да добијат совети за лично финансиско планирање и да се информираат за програмите за поддршка на претприемачите.

На глобално ниво, Обединетите нации и меѓународните финансиски институции ја нагласуваат важноста на финансиската инклузија, со посебен акцент на поддршка на малите бизниси, одржливи проекти и зајакнување на пристапот до финансии во земјите во развој.

Што претставува денот?

Денот е признание за:

Улогата на банките во стабилноста на финансискиот систем;

Поддршката што ја даваат на компаниите, семејствата и инвеститорите;

Инвестициите во дигитализација и иновативни решенија;

Одговорноста што ја имаат кон потрошувачите и заштитата на нивните права.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на банките е можност да се потсетиме дека современата економија се потпира на силен, стабилен и инклузивен банкарски сектор кој создава вредност за целото општество.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange