Connect with us

Останато

Радмила од НЛБ го оствари невозможното и покажа што значи слоганот „Што ако можеш сè“

Објавено

на

Со неверојатен подвиг што инспирира и остава без зборови, македонката Радмила Јованова успешно ја заврши Tor des Géants, една од најекстремните и најпредизвикувачки планински трки во светот.

Оваа ултрамаратонска авантура опфаќа 336 километри и над 26.000 метри висинско искачување, а Радмила ја совлада за вкупно 141 час, 10 минути и 43 секунди. Со тоа таа не само што ја тестираше границата на човечката издржливост, туку и докажа што значат истрајност, дисциплина и ментална сила.

По овој подвиг, Радмила беше пречекана од менаџментот на институцијата каде работи, кој ѝ оддаде признание за успехот. Во инспиративна средба, таа лично сподели дел од искуствата и предизвиците со кои се соочила на трката – од физичката издржливост до менталната борба и волјата да се продолжи тогаш кога изгледа невозможно.

Tor des Géants е позната како една од најтешките трки во светот, каде натпреварувачите се соочуваат со екстремни услови, недостиг на сон и постојана борба со физичката и менталната исцрпеност. Радмила успеа да ги надмине сите пречки и да стигне до целта, покажувајќи дека храброста е тивка.

Овој успех претставува многу повеќе од спортски резултат – тоа е животна лекција за истрајност, фокус и верба во себе. Радмила со својот пример докажа дека прашањето „Што ако можеш сè?“ не е само мотивациски слоган, туку реалност за оние што имаат храброст да сонуваат и да се борат до крај.

Извор: (НЛБ Банка)

Анализи

Просечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што претставува раст од 7,6% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Најголем придонес кон зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен имаат секторите: Транспорт и складирање за 13,4%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9% и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9,7%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8%, Рударство и вадење на камен за 9,0% и Градежништво за 7,0%.

Просечната бруто-плата во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари, потврдувајќи го трендот на континуиран раст на примањата.

Продолжи со читање

Анализи

РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – синдикалната кошничка за четиричлено семејство во февруари порасна за речиси 1.000 денари

Објавено

на

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67 382 денари и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.

Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната односно ако за јануари биле потребни минимум 24 211 денари, во февруари за истата намена биле потребни 25.156 денари.

Од ССМ велат дека за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да се случи во март, е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.

„За само два месеца едно семејство е посиромашно за две илјади денари. За 24 месеци, односно околу колку што одбиваа да ја зголемат минималната плата вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари и затоа наместо да се препукуваат на грбот на работниците и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат минималната плата која треба да иузнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари“, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

ССМ им остави простор на Владата и работодавачите до крајот на февруари да се договорат за зголемувањето на минималната плата, во спротивно најавуваат уште еден протест и организирање генерален штрајк.

Продолжи со читање

Бизнис

Трговскиот дефицит на САД надмина 900 милијарди долари!

Објавено

на

Трговскиот дефицит на САД достигна 901 милијарда долари во 2025 година, покажуваат податоците на „U.S. Census Bureau и Bureau of Economic Analysis“. Ова е едно од највисоките нивоа во последните години, поттикнато од силната домашна побарувачка и растечкиот увоз на индустриски производи, автомобили, електроника, енергенси и потрошувачка стока.

Најголемиот дел од дефицитот произлегува од трговската размена со China, Mexico и European Union, каде увозот значително го надминува извозот. Во декември 2025 година, дефицитот достигна 70,3 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Економистите предупредуваат дека ваквото продлабочување на дефицитот укажува на силна потрошувачка и економска активност, но истовремено може да го засегне домашното производство и конкурентноста на одредени индустриски сектори. Федералните власти ќе продолжат да ја следат ситуацијата во контекст на монетарната политика, трговските договори и меѓународните пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange