Останато
МФ: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата за 950 милиони евра
Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби.
„Нашата цел е да излеземе на меѓународните пазари и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент. Во таа насока, за време на престојот во САД, на есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот”, рече министерката за финансии во гостување на ТВ 21.
Таа додаде дека постапката за издавање на еврообврзницата е веќе започната и дека планот е да се излезе на меѓународнито пазар во јануари и да се издаде еврообврзницата.
„Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница“, појасни министерката.
Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стрегијата, посочи дека Владата нема намера да ги измени плановите предвидени со Фискалната страгегија, но дека секако треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период.
„Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок“, рече Димитриеска-Кочоска.
Бизнис
Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот
Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.
Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.
Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.
Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.
Анализи
Европјаните сè помалку трошат: ЕЦБ откри што најсилно ја погоди економијата
Војната на Блискиот Исток значително ја намали довербата на потрошувачите во еврозоната и го забави економското закрепнување, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ) во најновата анализа.
Според извештајот, индексот на доверба на потрошувачите во периодот од февруари до април се намалил за околу 12 поени, пад речиси споредлив со оној по почетокот на војната во Украина. Истовремено, годишниот раст на номиналната потрошувачка на домаќинствата се забавил од 3–4 проценти на околу 2,5 проценти во април 2026 година.
Најголемото намалување е забележано кај дискреционите трошоци, при што домаќинствата ги одложуваат купувањата на луксузна облека, обувки, спортска опрема, патувања и рекреативни услуги. Домаќинствата со повисоки приходи најмногу ја намалиле ваквата потрошувачка поради зголемената неизвесност, додека оние со пониски примања ги крателе трошоците за трајни добра, ресторани и кафулиња.
Единствената категорија со раст на трошоците останува енергијата, како резултат на повисоките цени на горивата и транспортот.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што околу 40 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека нивните приходи нема целосно да ја надоместат изгубената куповна моќ поради инфлацијата. Според ЕЦБ, доколку овие очекувања се задржат, домаќинствата би можеле да продолжат да штедат наместо да трошат, што дополнително би го забавило економскиот раст во еврозоната.
Бизнис
Трамп повторно под правен удар: 25 американски држави бараат укинување на новите царини
Група од 25 американски сојузни држави, предводени од демократските гувернери, поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, оспорувајќи ја законитоста на најновиот пакет царини воведен за увоз од 60 трговски партнери.
Тужбата е поднесена до Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, при што државите тврдат дека претседателот ги надминал своите законски овластувања со воведувањето на широки увозни царини. Според нив, мерките претставуваат незаконско проширување на претседателските ингеренции во областа на трговската политика.
Спорните царини, кои изнесуваат 10 и 12,5 проценти, стапија во сила на 24 јули и се однесуваат на увоз од 60 трговски партнери, меѓу кои е и Европската Унија. Администрацијата на Трамп ги оправдува мерките со тврдењето дека засегнатите земји не преземаат доволно активности за спречување на увоз на производи изработени со принудна работа.
Ова е најновото во низата правни оспорувања на трговската политика на Трамп. Претходно, повеќе американски компании успеаја да издејствуваат судски одлуки против дел од неговите царински мерки, но администрацијата продолжи со воведување нови ограничувања.
Подносителите на тужбата наведуваат дека, иако американскиот закон дозволува воведување царини во одредени случаи, историски тие биле насочени кон конкретни земји или индустрии. Според нив, сегашниот широк пристап, кој опфаќа речиси целокупниот американски увоз, нема преседан и ги надминува законските рамки.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 1 месецОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



