Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка со поддршка за Регионалната школа за срцева слабост – вложување во здравјето и иднината

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во областа на кардиологијата.

Настанот се одржува во соработка со водечки европски кардиолошки центри од Цирих и Лондон и претставува уникатна можност македонските здравствени професионалци да стекнат директен пристап до најновите знаења и технологии во третманот на срцевата слабост. Со тоа, придобивките ќе бидат пренесени и кон пациентите во земјава, преку подобра дијагностика, ефикасна терапија и квалитетна грижа.

Регионалната школа за срцева слабост ќе се организира еднаш годишно и ќе носи во Македонија врвни европски кардиолози со цел размена на експертиза, практични искуства и најдобри медицински стандарди. Со ваквиот пристап, македонското здравство добива значаен поттик за надградување на сопствените капацитети и континуирана едукација на специјалистите.

„Нашата поддршка е доказ за долгогодишната посветеност на Банката за подобрување на здравствениот систем во земјава“, велат од Комерцијална банка, нагласувајќи дека социјалната одговорност е интегрален дел од корпоративната стратегија на институцијата.

Со оваа иницијатива, Комерцијална банка уште еднаш покажува дека вложувањето во здравството е вложување во иднината – во поквалитетен живот на граѓаните и во зајакнување на општеството во целина. Поддршката за Регионалната школа за срцева слабост е само еден од низата проекти со кои Банката ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата надвор од доменот на финансиските услуги.

Банки

Централна Кооперативна Банка со промотивни услови за станбени кредити

Објавено

на

Централна Кооперативна Банка ги промовира условите за станбен кредит, со фиксна каматна стапка од 2,90 проценти за првите пет години и променлива стапка од 3,80 проценти по истекот на тој период.

Од банката посочуваат дека понудата вклучува и ослободување од трошоци за нотар, документација и проценка во првата година.

Во објавата се наведува дека заинтересираните граѓани можат да изразат интерес преку e-апликација или да посетат најблиска експозитура за консултација околу условите за кредитирање.

Повеќе информации се достапни на Централна Кооперативна Банка.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка со потрошувачки кредит до 2 милиони денари со фиксна камата

Објавено

на

УНИБанка понуди потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со фиксна каматна стапка и поволни услови за клиентите.

Од банката посочуваат дека средствата може да се искористат за реновирање на домот, патувања, рефинансирање на постојни обврски или други лични потреби.

„Сè е полесно кога имаш сигурен партнер до себе“, велат од УНИБанка.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на УНИБанка.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот на Народна банка се сретна со австралискиот амбасадор, разговарале за економската соработка и инвестициите

Објавено

на

Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која се разговарало за тековната билатерална соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување.

Во фокусот на разговорите биле макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток.

На средбата било разговарано и за можностите за зајакнување на економските врски преку поголемо присуство на австралиски компании и инвестиции во земјава. Посебен акцент бил ставен и на потенцијалната соработка меѓу централните банки на двете држави.

Соговорниците го истакнале и значењето на македонската дијаспора во Австралија, која придонесува за економското поврзување преку дознаки, бизнис иницијативи и инвестиции.

Средбата била оценета како конструктивна и насочена кон продлабочување на економскиот дијалог меѓу двете земји.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange