Connect with us
no baners

Бизнис

Потпретседателот на ЕБОР, господин Матео Патроне во посета на Северна Македонија на 10 и 11 септември

Објавено

на

Матео Патроне, Потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посетиСеверна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција.

За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и Министерот за транспорт, Александар Николоски. 

Господинот Патроне потпиша и три финансиски договори со клиенти во приватниот сектор. Еден од нив е договор во износ од ЕУР 20 милиони од Програмата за споделување на ризикот, потпишан со ПроКредит Банка Македонија (ПКБМ), кој е прв договор од овој вид со ПКБМ и втор во земјата. Со овој финансиски инструмент ПКБМ ќе го сподели ризикот со ЕБОР на определени изложувања кон клиентите, каде ЕБОР ќе даде гаранции до 50 отсто од определеното портфолио. Оваа структура ќе и овозможи на ПКБМ, да се стекне со придобивки од ограничувањата на капитал и лимитите на изложување, со што ќе се зајакне капацитетот на поддршка на локалните бизниси.

Како дел од тековната поддршка на ЕБОР, за развој на приватниот сектор во одделот за производство и услуги на Западен Балкан, господин Патроне ја потпиша третата транша од Договорот за кредит со Варус ДООЕЛ, ексклузивен дистрибутер на фармацевтски и хемиски производи на Мерк во Северна Македонија и Косово, и хемиски производи во Албанија. Новите средства ќе се користат за финансирање на аквизицијата на дополнително земјиште, за да се оптимизира логистиката и  за реновирање на  административните капацитети на компанијата. Инвестицијата е дел од поголем финансиски пакет во вредност од ЕУР 4,6 милиони, од кои ЕУР 2,4 милиони се ново финансирање и се насочени во поддршка на развојот на компанијата, за изградба на нов логистички и магацински центар, и надградба на постоечката инфраструктура. Варус, преку нејзината подружница Бионика Фармацеутикалс, е исто така активна во производство и дистрибуција на лекови,  додатоци во исхраната, медикаменти во слободна продажба, медицински помагала и козметика, и соработува со ЕБОР од 2021 година.

Банката продолжува да ја поддржува конкурентноста на клиентите во прехранбениот и земјоделскиот сектор, преку поддршка на Макпрогрес ДОО Виница. Шпаркасе банка ќе обезбеди до ЕУР 2,5 милиони кредит за локалниот производител на храна, со гаранција од ЕБОР до ЕУР 1,25 милиони преку Програмата за споделување на ризикот. Финансирањето ќе се искористи за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал, овозможувајќи и на компанијата да ја имплементира стратегијата на раст и да продолжи да придонесува во развој на локалната економија.

По завршувањето на посетата, господин Патроне изјави: ,,Нашиот ангажман во Северна Македонија ја потврдува улогата на ЕБОР како клучен партнер на Западен Балкан. Посетата обезбеди можност за формализирање на неколку значајни договори и водење на конструктивен дијалог со владините претставници. Преку зајакнување на врските во јавниот и приватниот сектор, продолжуваме да го поддржуваме растот на земјата кон одржлив и инклузивен економски развој.”

Од 1993 година, кога Северна Македонија стана членка на ЕБОР, Банката има инвестирано над ЕУР 3 милијарди во 205 проекти во земјата, вклучувајќи ЕУР 151 милиони во 13 проекти во 2024 година.

ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и претприемачката иницијатива во земји во 39 економии долж три континенти. Банката е во сопственост на 77 земји, како и ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност. Следете нè на веб странатаФејсбук,ЛинкдИнИнстаграмX и ЈуТјуб.

Бизнис

Бензините поевтинија, дизелот со повисока цена од полноќ

Објавено

на

Од полноќ на сила се новите цени на горивата, со кои бензините бележат намалување, додека дизелот поскапува.

Според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. И двата бензина се поевтини за 2 денари во однос на претходните цени.

За разлика од нив, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари и од денеска се продава по цена од 87 денари за литар.

Новите малопродажни цени стапија во сила од 00:01 часот.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕУ се договори за европски дигитален деловен паричник за полесна прекугранична комуникација

Објавено

на

Земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за воспоставување европски деловен паричник, дигитална алатка која треба да ја поедностави и обезбеди прекуграничната комуникација меѓу компаниите, како и меѓу бизнисите и јавната администрација.

Новото решение ќе им овозможи на компаниите да дигитализираат голем број административни процеси и безбедно да разменуваат документи при работење во различни земји од Унијата.

Според претставниците на ЕУ, деловниот паричник ќе придонесе за намалување на административните бариери, зајакнување на единствениот пазар и поттикнување на конкурентноста и иновациите во европската економија.

Компаниите што ќе го користат системот ќе можат дигитално да го потврдуваат својот деловен идентитет, да складираат и споделуваат доверливи документи, како и електронски да потпишуваат дозволи, сертификати и други официјални документи. Предвидена е и можност за пренесување овластувања на законски застапници.

Дополнително, алатката ќе овозможи сигурна комуникација со други компании и институции преку единствен дигитален канал.

Од Советот на ЕУ нагласуваат дека европскиот деловен паричник нема да ги замени постојните национални системи за комуникација меѓу компаниите и јавните институции, туку ќе функционира како нивно дополнување. Новиот дигитален модел ќе има ист правен статус како и традиционалните процедури базирани на хартиена документација.

За зајакнување на сајбер-безбедноста, ЕУ воведува построги критериуми за давателите на услуги, а националните регулатори ќе имаат рок од 60 дена за оценување на поднесените барања.

Целта на европските институции е политички договор за проектот да биде постигнат до крајот на годинава, по завршувањето на преговорите со Европскиот парламент.

Продолжи со читање

Бизнис

Iute и Техномаркет со нова акција: Ваучер од 2.000 денари за купувања над 20.000 денари

Објавено

на

Компанијата Iute Macedonia започна нова промотивна акција во соработка со Техномаркет, преку која купувачите можат да добијат дополнителен попуст од 2.000 денари.

Понудата важи за сите купувања во Техномаркет направени преку услугата iute flexi, а услов е вредноста на сметката да надминува 20.000 денари. Купувачите имаат можност производите да ги платат на повеќе месечни рати и притоа да добијат ваучер со дополнителен попуст.

Од Iute посочуваат дека акцијата е наменета за оние кои планираат да го уредат или обноват својот дом со нов мебел, техника или апарати за домаќинство, правејќи ги потребните производи подостапни за граѓаните.

Повеќе информации за понудата и производите се достапни преку продажната мрежа и онлајн платформата на Техномаркет.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange