Connect with us

Банки

Visa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија

Објавено

на

Комерцијална банка ја претставува новата Visa Signature премиум дебитна картичка, за првпат достапна во Македонија и наменета за сите кои знаат да препознаат вредност.

Visa Signature не е само средство за плаќање, туку и влезница во светот на внимателно одбрани привилегии и бенефиции. Изборот на Visa Signature овозможува ексклузивни понуди, посебен третман и беспрекорни услуги насекаде низ светот.

Со Visa Signature корисниците добиваат пристап до:

  • Бесплатни посети 8 пати годишно на над 1.200 Dragon Pass деловни зони на аеродроми ширум светот
  • 6 GB бесплатен интернет во роаминг годишно
  • Неограничена Fast Track услуга на аеродромот во Скопје за побрзо и поудобно патување
  • Бесплатно патничко осигурување за целото семејство за патувања без грижи
  • Специјални попусти и понуди, внимателно селектирани за стил на живот кој одговара на сечии очекувања

Во промотивниот период до 31 октомври, Visa Signature се добива без членарина за првата година.

Оваа картичка е повеќе од статус – таа е потписот на уникатноста и доказ дека секојдневието може да изгледа поинаку кога се прави вистински избор.

Комерцијална банка со гордост ја овозможува уникатната Signature програма, со што уште еднаш ги носи најновите светски трендови во понудата на картички, исто како и пред 30 години, кога ја издаде првата платежна картичка во Македонија.

Повеќе детали за Visa Signature се достапни на следниот линк.

Банки

Гувернерот на Риксбанк: Независноста е клучна за довербата во централните банки

Објавено

на

Независноста на централните банки е еден од најважните предуслови за одржување на ниска и стабилна инфлација, доверба во парите и стабилен финансиски систем, оценува гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен.

Во интервју по повод одбележувањето 80 години централно банкарство на Народната банка на Република Северна Македонија, Тедеен нагласува дека политичките притисоци врз монетарната политика стануваат сè почести, дури и во земјите во кои независноста на централните банки традиционално има силна поддршка.

Според него, централните банки што самостојно ги носат одлуките имаат поголема можност долгорочно да ја задржат инфлацијата на ниско и стабилно ниво. Како дополнителен ризик тој го посочува влошувањето на јавните финансии во голем број земји, што може да доведе до поголемо влијание на фискалната политика врз монетарните одлуки.

Говорејќи за улогата на централните банки, Тедеен истакнува дека нивните основни цели и натаму остануваат макроекономската и финансиската стабилност, како и зачувувањето на вредноста на парите.

Тој предупредува и на ризикот од прекумерно проширување на надлежностите на централните банки. Според него, тие треба внимателно да проценат дали новите економски и општествени прашања се во рамките на нивниот законски мандат, бидејќи излегувањето надвор од овластувањата може да ја наруши довербата на јавноста и демократската легитимност на нивната независност.

Како пример ги наведува климатските промени, кои можат да влијаат врз инфлацијата, синџирите на снабдување и финансиската стабилност, но нагласува дека централните банки не треба да носат политички одлуки за изборот на енергетски извори.

Тедеен потсетува дека Риксбанк, основана во 1668 година и позната како најстара централна банка во светот, и денес ги задржува основните принципи врз кои била создадена – работа во јавен интерес, грижа за економската стабилност, сигурен платен систем и одржување на довербата во финансискиот систем.

Извор: НБРМ

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати јулската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец јули и дека средствата им се достапни на пензионерите веднаш.

Од банката ги советуваат корисниците да го заштедат своето време преку користење на мрежата на банкомати, безготовинско плаќање во продажните места, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка Скопје обезбеди субординиран заем од 10 милиони евра

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје реализираше нова трансакција со Нова Љубљанска банка од Љубљана, врз основа на договор за субординиран заем во износ од 10 милиони евра.

Финансискиот инструмент се квалификува како додатен основен капитал, односно Additional Tier 1 capital, со што ќе придонесе за зајакнување на капиталната позиција на НЛБ Банка Скопје.

Нова Љубљанска банка е доминантен акционер во НЛБ Банка АД Скопје, со учество од 86,97 отсто во вкупниот број акции на банката.

Информацијата е објавена како ценовно чувствителна од Македонската берза, согласно Правилата за котација.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange