Connect with us

Банки

Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

Објавено

на

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера како прв човек на Halkbank Katilim во Турција. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши со неа да раководи во наредниот период.

Суџубаши е на чело на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 година, а неговиот мандат лани беше продолжен за нови две години. Во текот на неговото раководење, Халкбанк ја зацврсти својата позиција на македонскиот банкарски пазар и се етаблираше како растечки и стабилен бренд што ја реализира својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги, паралелно со континуирано зголемување на довербата од страна на клиентите, што е најголемиот показател за успешноста.

Кога Суџубаши застана на чело на банката, на крајот на 2016 година активата на Халкбанк изнесуваше 582 милиони евра, а 2024 година банката ја заврши со актива од 1.852 милиони евра како резултат на органски раст, зголемена деловна активност и силна доверба на пазарот. Халкбанкденес е една од системски значајните банки во земјата која чекор по чекор се приближува до трите најголеми банки.

Банката изминатите години бележеше постојан раст на депозитната база и на кредитирањето, остварувајќи значајни профити. 2024 година банката ја заврши со кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра што е за речиси 170 милиони евра повеќе од 2023, депозитна база од 1,325 милијарди евра, што е раст од 241 милиони евра и остваренането добивката од над 30 милиони евра. 

Халкбанк како предводник во дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјава, во изминативе години посвети големо внимание и на воведување услуги базирани на новите технологии и меѓу првите воведе низа дигитални производи и иновации. 

Халкбанк е и прв избор за новоформирани компании, препознатлива по својата иновативност и лидерска позиција во воведување нови услуги.

Под водство на Суџубаши, банката посвети и сериозно големо внимание на општествената одговорност и поддршка на заедницата, станувајќи препознаена како еко ориентирана институција и како банка која придонесува за отворање и решавање на низа општествени и социјални теми. Но, најважно од се, Халкбанк под неговото раководство стана препознаена како бренд и компанија која се води и функционира во согласност со својот слоган –  ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange