Connect with us

Бизнис

Иуте со силен скок во првата половина од 2025: раст на приходите, рекордна добивка

Објавено

на

Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во првата половина од 2025 година, демонстрирајќи силен и стабилен раст.

Приходите на Иуте пораснаа на 59.5 милиони евра, што претставува 10,9% раст во однос на истиот период од претходната година, додека нето-добивката се зголеми за повеќе од половина во споредба со истиот период лани, изнесувајќи 6,7 милиони евра.

„Иуте продолжува сигурно кон патот на реализација на визијата да стане целосно дигитална банка на сите пазари на коишто делува. И покрај макроекономската нестабилност и силната конкуренција, направивме значаен напредок и сме на добар пат да ги исполниме зацртаните цели за приходи и нето-добивка до крајот на годината”– посочи Тармо Силд, Извршен директор на групацијата.

Базата на клиенти остана стабилна, изнесувајќи 260.000 активни клиенти, а во исто време, индексот на отплата CPI30 се подобри од 86,4% пред една година на 87,9%, пришто секое подобрување на CPI30 за еден процентен поен е еднакво на приближно 1 милион евра во дополнителен паричен тек на 100 милиони евра портфолио на кредити.

Растот на групацијата беше поткрепен и со зголемување на ефикасноста од дигитализацијата – на пример, во небанкарскиот бизнис, целосно автоматизираните кредити учествуваа со 30,5% од сите нови исплати.

Покрај кредитирањето, платежните и осигурително-брокерските услуги добија на уште поголем интензитет.

Во првата половина од 2025 година, Иуте ја прошири својата понуда за осигурување со почетокот на партнерствата со Allianz и GrECo. Приходите од овој бизнис сегмент речиси се дуплираа во однос на претходната година, придонесувајќи за диверзификација на приходните текови, дури и надминувајќи го растот од примарната кредитна дејност.

Во јуни, групацијата Иуте успешно го заврши предвременото рефинансирање на својата евро-обврзница за 2021/2026 година, додека во исто време компанијата издаде нови обврзници со висок степен на обезбедување кои доспеваат во 2030 година со вкупен обем од 140 милиони евра, надминувајќи ја почетната цел од 125 милиони евра. Новите обврзници со годишна каматна стапка од 12% беа котирани на берзите во Талин и Франкфурт.

Во јули, меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Iute Group на B- со стабилна перспектива и го додели истиот рејтинг на новите обврзници за 2025/2030 година.

Голем исчекор оваа година беше доделувањето на официјална лиценца за издавање електронски пари и вршење платежни услуги на IutePay Македонија, лиценца со која Иуте Македонија го заокружува еко-системот на услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, неодамна влезе и во осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.

Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините членки на имплементирање на  последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања.

Иуте ќе продолжи посветено да работи на раст на активни клиенти во наредните квартали, преку вложување во капитал, технологија и експертиза, како и создавање на услуги кои ќе креираат дополнителна вредност на клиентите.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.

ПР објава

Бизнис

Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!

Објавено

на

Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.

Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.

Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.

Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Бизнис

Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари

Објавено

на

Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.

Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.

Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.

Продолжи со читање

Бизнис

Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.

Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.

Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange