Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка издава четврта емисија на перпетуални обврзници со годишен принос од 6%

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република С. Македонија.

Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра.  Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% на годишно ниво, а која ќе се исплаќа полугодишно на секој шест месеци.

Со издавањето на овој капитален финансиски инструмент, Банката дополнително ќе го зголеми потенцијалот за кредитна поддршка на своите клиенти, правни и физички лица кои имаат потреба од средства.

Обврзниците немаат рок на доспевање, а каматата ќе се исплаќа од добивката на Банката расположлива за распределба.

За инвеститорите можноста да се поседува перпетуални обврзници од УНИБанка АД Скопје претставува можност да се оствари соодветен годишен принос на инвестираните средства, а притоа како иматели на обврзници да имаат приоритет во исплатата на добивка во однос на имателите на акционерски капитал на банката. За пазарот на капитал, издавањето на оваа обврзница претставува збогатување на понудата на инвестициски можности, додека за УНИБанка АД Скопје претставува значаен придонес кон успешен и просперитетен финансиски систем.

100% од емисијата е за познати купувачи, а  за перпетуалните обврзници не постојат ограничувања и со нив може да се тргува на секундарниот пазар на хартии од вредност откако ќе бидат официјално котирани на Македонска берза

УНИБанка АД Скопје и во 2025 година продолжи со стабилни и позитивни финансиски резултати, реализирајќи добивка од 3,3 милиони евра (203 милиони денари) во првото полугодие од 2025 година. Акциите на УНИБанка АД Скопје веќе неколку години се меѓу најатрактивните акции на пазарот, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите и инвеститорите, како и од штедачите и деловните субјекти. Сигнал за инвеститорите дека и во иднина вреди да бидат дел од УНИБанка АД Скопје е нејзиниот доследен раст, стабилното работење и исплатливите резултати, кои укажуваат на сигурна и перспективна иднина.

ПР објава

Банки

Ендру Бејли: Довербата во вредноста на парите е основата на централното банкарство

Објавено

на

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на довербата, стабилноста и вредноста на парите, особено во време на зголемена неизвесност и економски шокови, оценува Ендру Бејли, гувернер на Банката на Англија, во интервју по повод 80 години централно банкарство во Република Северна Македонија.

Бејли упати честитки до Народната банка по повод јубилејот, нагласувајќи дека ваквите годишнини се потсетник дека централното банкарство се темели врз јавната доверба, која се гради со текот на времето, а најчесто се тестира во најтешките моменти.

Според него, суштинската улога на една централна банка е да ја зачува вредноста на парите. Граѓаните, како што посочува, треба да имаат уверување дека парите ќе ја задржат својата вредност и дека ќе можат безбедно и ефикасно да ги користат во секојдневните трансакции.

„Ова сидро, вредноста на парите, на најсоодветен начин објаснува зошто е толку важна независноста на централното банкарство и зошто таа мора да се заштити“, вели Бејли.

Тој објаснува дека одлуките на централните банки директно влијаат врз финансиските одлуки на домаќинствата и компаниите. Каматните стапки што ги одредуваат централните банки постепено се пренесуваат врз производите што комерцијалните банки им ги нудат на граѓаните и бизнисите. Тоа се одразува врз хипотеките, приходите од заштедите, трошоците за финансирање на компаниите, како и врз нивните одлуки за инвестирање, вработување и одредување на цените.

Бејли нагласува дека финансиската стабилност е подеднакво важна за економијата, бидејќи без стабилен финансиски систем не може да се очекува одржлив раст. Недостигот на стабилност, како што посочува, може да ја намали достапноста на финансирање за домаќинствата и компаниите и да ја разниша довербата во депозитните институции.

Во интервјуто, гувернерот на Банката на Англија се осврнува и на последната инфлациска епизода во Обединетото Кралство, која, според него, во најголема мера била последица на големи надворешни шокови поврзани со енергијата и синџирите на снабдување.

Тој посочува дека непосредните ефекти од ваквите шокови најмногу се чувствуваат кај основните трошоци на домаќинствата, како храната и горивата, но ризиците стануваат поголеми кога повисоките трошоци почнуваат да се пренесуваат и врз другите цени и платите.

Главниот фокус на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија, како што истакнува Бејли, бил спречување на секундарните ефекти и зачувување на инфлациските очекувања. Тоа, според него, бара одлуки засновани врз широк обем на податоци, јасна комуникација и анализа на различни сценарија и ризици.

Бејли оценува дека централните банки научиле многу од последните кризи, но дека подготвеноста за понестабилен свет зависи од постојано подобрување на анализите, преиспитување на сценаријата и одржување на довербата и легитимноста на институциите.

„Нашата способност да ја извршуваме нашата работа зависи од цврстото потпирање врз доверба во вредноста на парите и во институциите задолжени за нејзиното зачувување“, порачува гувернерот на Банката на Англија.

Продолжи со читање

Банки

Алта банка со совет до граѓаните: Водете евиденција на месечните трошоци

Објавено

на

Алта банка ги советува граѓаните редовно да водат евиденција на своите месечни трошоци, како едноставен, но важен чекор кон подобро управување со личните финансии.

Од банката порачуваат дека кога луѓето знаат каде и на што ги трошат парите, полесно можат да штедат, да планираат и да носат подобри финансиски одлуки.

„Малата контрола денес носи поголема сигурност утре“, посочуваат од Алта банка, нагласувајќи ја важноста на навременото следење на трошоците и одговорниот однос кон парите.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка викендов овозможува подигнување готовина од АТМ без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави промотивна можност за своите корисници на кредитни картички, со која викендов ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на банката без провизија.

Понудата важи за корисниците на VISA и MasterCard кредитни картички издадени од Стопанска банка. Од банката информираат дека промоцијата е достапна само во текот на овој викенд и важи исклучиво за подигнување готовина од АТМ на Стопанска банка.

Промотивната акција се реализира под мотото „Промо кеш викенд“.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange