Connect with us

Бизнис

Mint Credit – Финансиска флексибилност, секогаш кога ви е потребна со онлајн кредити

Објавено

на

Летото е време кога сакаме повеќе од животот – повеќе активности, повеќе дружење, повеќе спонтани одлуки. Сонцето грее, климата работи, сметките растат, желбите се множат. А банкарските шалтери? Тие сè уште работат од 8 до 4, со пауза за ручек.

Токму тука настапуваат онлајн кредитите, модерно решение што нуди брз пристап до средства, без административен товар, без губење време и без напуштање на комфорот во домот.

Ако ова лето имате финансиска потреба, било да е за лична желба, поправка, нова инвестиција или покривање итни трошоци, Mint Credit го има одговорот кој го чекате.

Mint Credit: Зошто онлајн кредити?

Брзина која одговара на Вашето темпо

Во сезоната кога времето е највредна валута, онлајн кредитите овозможуваат брза апликација и уште побрзо одобрување. Со Mint Credit, целиот процес трае само неколку минути, од аплицирање до добивање одговор. 

Ова е особено корисно кога имате некоја итна потреба како неочекуван трошок, промоција што не сакате да ја пропуштите или едноставно одлука која бара брза реакција.

Удобност без шалтери и хартија

Зошто да одите до банка на +35°C или да губите часови на собирање документи? Онлајн кредитите се целосно дигитализирани, што значи дека аплицирате преку телефон, таблет или компјутер, каде и да сте. Без редици, без печати, без стрес.

Сè што Ви е потребно е нашата апликација (Mint App), преку која може да аплицирате директно од Вашиот телефон без да барате документи или време за средба во банка.

Овој модерен пристап кон кредитирањето штеди време и нерви, што го прави идеално решение за сите кои сакаат финансиска поддршка без дополнителни компликации, посебно во летниот период, кога леснотијата е секогаш добредојдена.

Флексибилни услови – според Вашите можности

Со Mint Credit, Вие го избирате износот и рокот на отплата. Одлуката е Ваша,
дали помала сума за краткорочна потреба или нешто повеќе на подолг период,
онлајн кредитите се дизајнирани според корисничките потреби. 

Секој корисник добива јасен преглед на условите уште пред да ја потврди
апликацијата. Оваа транспарентност е клучна, особено во летниот период, кога
сакаме да носиме одлуки без дополнителен товар.

Достапност 24/7 – Финансирање без ограничувања

Онлајн кредитите се достапни во секое време, вклучувајќи викенди и празници. Дали ќе аплицирате навечер, додека децата спијат, или рано наутро со кафе во рака, нема разлика.

Mint Credit е секогаш отворен за вас, а уште полесно можете да аплицирате преку Mint App. Токму оваа неограничена достапност ја прави онлајн услугата посебно атрактивна за луѓе со динамичен распоред или оние кои сакаат да имаат пристап до финансиски во секое време.

Совршено решение за сезонски трошоци

Летото носи со себе и дополнителни финансиски предизвици:

  • Зголемени сметки за струја и клима
  • Реновирање на домот или дворот
  • Семејни собири, родендени, свадби
  • Училишни подготовки за есен

Mint Credit Ви нуди брз пристап до средства за да ги покриете овие трошоци без
да се наруши Вашата финансиска рамнотежа.

Летото е за леснотија, и така треба да биде и со финансиите. Онлајн кредитите не Ве оптоваруваат со комплексни процедури, односно ви обезбедуваат решение, а не главоболка.

Mint Credit – Вашиот избор за онлајн кредити

Летото е период кога сакаме да се чувствуваме слободно, да носиме спонтани одлуки, да создадеме нови спомени и да си дозволиме малку повеќе од вообичаено. Но слободата не мора да значи финансиски ризик.

Со онлајн кредити од Mint Credit, го добивате токму она што Ви треба: брзо, флексибилно и сигурно решение, достапно каде и да сте, без стрес и без губење време. Доколку Ви треба поддршка за неочекувани трошоци, реализација на планови или едноставно финансиска поддршка, направете го тоа на паметен начин.

Аплицирајте денес на Mint Credit и дозволете си повеќе ова лето – без компромис со онлајн кредити.

Доколку имате прашања, контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во една од нашите филијaли.

ПР објава

Бизнис

Од 1 август повисоки сметки за парно во Скопје, најголемо поскапување кај ЕСМ Снабдување

Објавено

на

Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисока цена за централното греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени за корисниците на топлинска енергија во главниот град.

Најголемо зголемување е предвидено за корисниците приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти.

Поскапување следува и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно на таканареченото железарско парно, за кои цената се зголемува за 5,18 проценти.

Кај корисниците на „Скопје Север“, односно „ЕнергоЕколог“, зголемувањето ќе изнесува 3,65 проценти.

Според пресметките на Регулаторната комисија, за просечен стан со површина од околу 60 квадратни метри, месечната сметка за греење би се зголемила за приближно 140 денари.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 август, пред почетокот на новата грејна сезона.

Од РКЕ посочуваат дека и покрај корекцијата на цените, нивото на цените за топлинска енергија во земјава и понатаму е поволно во споредба со соседните држави.

Продолжи со читање

Бизнис

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот 98,5 денари, бензините до 95 денари за литар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата во просек за 4,55 проценти.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за три денари и ќе се продава по цена од 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за три денари и новата цена ќе изнесува 95 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 4,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за пет денари и ќе се продава за 98 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 2,726 денари и ќе изнесува 48,099 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека референтните цени на светските пазари во однос на претходната пресметка пораснале за 6,229 проценти кај бензините, 7,442 проценти кај дизелот, 8,051 проценти кај екстра лесното масло и околу 8,159 проценти кај мазутот.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од 00:01 часот на 28 јули 2026 година.

Продолжи со читање

Бизнис

САД го продолжија рокот за трансакции поврзани со странските средства на „Лукоил“

Објавено

на

Американските власти го продолжија до 22 август рокот во кој се дозволени одредени активности поврзани со странските средства на рускиот енергетски гигант „Лукоил“. Одлуката доаѓа во период кога Бугарија повторно го става во фокус прашањето за непречената работа на рафинеријата во Бургас.

Продолжувањето беше објавено истиот ден кога бугарскиот премиер Румен Радев телефонски разговараше со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт за енергетската соработка меѓу двете земји.

Според бугарската владина прес-служба, во разговорот биле опфатени повеќе стратешки енергетски прашања, меѓу кои диверзификацијата на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, подобрувањето на регионалното поврзување и изградбата на Вертикалниот гасен коридор.

Радев и Рајт разговарале и за проектот за изградба на нови реактори во нуклеарната централа „Козлодуј“ со американска технологија, како и за можностите за развој на големи центри за податоци и инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција.

Бугарскиот премиер посебно го нагласил значењето на непреченото функционирање на рафинеријата во Бургас, оценувајќи дека нејзината работа е важна не само за Бугарија, туку и за поширокиот регион.

Паралелно со разговорите, Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, ОФАК, го продолжи до 22 август 2026 година важењето на лиценцата што овозможува преговори и склучување условни договори за продажба на „Лукоил интернешнл ГмбХ“ и неговите компании.

Станува збор за компанијата преку која „Лукоил“ управува со значителен дел од своите средства надвор од Русија. Сепак, лиценцата не значи автоматско одобрение за продажба или пренос на тие средства. За реализација на евентуална зделка е потребна посебна дозвола од американските власти.

Одделна американска лиценца, која се однесува на одржувањето и работењето на бензинските станици на компанијата надвор од Русија, останува во сила до 29 октомври 2026 година.

Американските власти нагласуваат и дека во рамки на дозволените активности не смее да се врши пренос на средства кон лица или сметки во Руската Федерација.

Прашањето за иднината на „Лукоил“ е особено значајно за Бугарија поради рафинеријата во Бургас, која е еден од клучните енергетски капацитети во земјата и подолго време се наоѓа во центарот на разговорите поврзани со санкциите кон Русија и енергетската сигурност.

Кон крајот на јуни претставници на „Литаско“, компанија од групацијата „Лукоил“ и акционер во „Лукоил Нефтохим Бургас“ и „Лукоил Бугарија“, разговараа со претставници на бугарската влада. Една од темите беше функционирањето на рафинеријата и ограничувањата што влијаат врз трговијата со нафта преку компании регистрирани во Швајцарија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange