Продукти
Одмор или реновирање? Сега не мора да бирате
Флексибилно решение за сите летни планови
Понекогаш не станува збор за избор помеѓу одмор или реновирање, туку за желба да се реализираат и двете нешта, без финансиски компромиси. Летото е период кога сите се стремиме кон промени – некои ја бараат свежината на нов простор дома, други посакуваат позитивна промена од секојдневието. А честопати и едното и другото се подеднакво заслужени.
Халкбанк, како банка која што гради долгорочни односи со клиентите и нуди производи според реалните потреби, овозможува потрошувачки кредит што се вклопува во секојдневието, со поволни услови, стабилни каматни стапки и поддршка која носи сигурност. Со овој кредит, можете да аплицирате за износ до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата од 5%, што значи дека ги знаете вашите месечни обврски уште од самиот почеток. Аплицирањето е ослободено од провизија, а доколку во иднина се решите за предвремена отплата – и таа е без дополнителни трошоци. Сето тоа ја прави оваа кредитна понуда транспарентна и лесна за планирање.
Поддршка без компликации
Да се биде примател на плата во Халкбанк значи да имаш пристап до поддршка што функционира лесно, навремено и во твоја корист. Тоа се оние мали, но важни предности што прават голема разлика во вистински моменти. Кога планираш реновирање, патување или нешто трето што не трпи одложување, времето е пресудно. Токму затоа, процесот е прилагоден за сè да се заврши со минимален напор и максимално брзо. Сè е поставено така што ќе знаеш каде си, што те чека и кога ќе ги добиеш потребните средства, всушност како што треба да изгледа секоја вистинска поддршка.
Кога знаете дека зад вас стои стабилен финансиски партнер, секој ваш план може да биде остварлив. Со потрошувачкиот кредит од Халкбанк, не се откажувате од едно за да добиете друго, туку добивате поддршка да ги реализирате сите ваши замисли, со сигурност, контрола и без дополнителен товар. Изберете решение што се прилагодува на вашиот живот. Изберете паметно. Изберете Халкбанк.
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември
Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.
Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.
Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии

