Connect with us
no baners

Кариера

Уни Банка АД Скопје вработува Раководител на Сектор деловно работење

Објавено

на

Уни Банка АД Скопје објави оглас за вработување на нов Раководител на Сектор деловно работење во рамки на Дирекцијата за мрежа на експозитури, со цел да го зајакне менаџмент тимот и да го поддржи остварувањето на бизнис целите на Банката.

Од кандидатите се очекува да бидат одговорни, прецизни и аналитички ориентирани, со силни лидерски способности и способност за носење одлуки и иницирање подобрувања во процесите. Позицијата опфаќа директна работа со деловната мрежа на експозитури, анализа на бизнис резултати и изготвување стратегии за подобрување на перформансите.

Квалификации што се бараат:

Високо образование; Минимум 3 години искуство на иста или слична позиција; Одлични комуникациски и организациски вештини; Познавање на банкарски производи и системски процеси; Напредно познавање на MS Office; Познавање на англиски јазик и поседување возачка дозвола – Б категорија.

Главни одговорности:

Планирање и координација на работата на Секторот; Следење на продажни цели и поддршка на експозитурите; Подготовка на извештаи, анализи и презентации; Имплементација на бонус-системи и развојни планови; Организација на обуки и активности за унапредување на клиентското искуство; Учествување во подготовка на договори, иницијативи и други управни активности.

Што нуди Уни Банка:

Работа во динамична и професионална околина; Систем на бонуси и награди; Колективно и дополнително здравствено осигурување; Можности за обуки, спортски и тим билдинг активности.

Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите се повикани да испратат кратка биографија на македонски јазик најдоцна до 4 јули 2025 година на следната е-пошта: [email protected].

Апликациите ќе се третираат строго доверливо. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.

Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.

„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.

Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange