Connect with us
no baners

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75% и во третото тримесечје од 2026 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.

Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици.

no baners

Банки

Златници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство

Објавено

на

Подарокот златник носи многу повеќе од материјална вредност – тој претставува симбол на грижа, стабилност и долгорочна инвестиција. Токму со оваа идеја, Комерцијална банка во својата понуда ги вклучи јубилејните златници, наменети како внимателно избран подарок за најблиските, но и како сигурно вложување во иднината.

Во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, златото традиционално останува еден од најстабилните облици на заштита на вредноста. Јубилејните златници нудат можност за промислено вложување, комбинирајќи финансиска сигурност, емоционална вредност и долгорочна стабилност.

Без разлика дали станува збор за инвестициска одлука, подарок за значаен животен настан или создавање наследство за идните генерации, златниците претставуваат избор што носи трајна вредност и јасна порака за одговорно планирање.

Јубилејните златници може да се купат во експозитурата во Централата на Комерцијална банка, додека целосната понуда и дополнителните информации се достапни на официјалната веб-страница на Банката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка исплаќа годишна камата на имателите на корпоративни обврзници од втората емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје најави редовна исплата на главницата и годишната камата на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Исплатата ќе се реализира на 16 февруари 2026 година, при што каматата се пресметува по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Право на исплата ќе имаат сите иматели на обврзницата кои се регистрирани во книгата на иматели во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13 февруари 2026 година.

Со навремената исплата на обврските, ТТК Банка ја потврдува својата финансиска стабилност и посветеност кон инвеститорите, обезбедувајќи сигурен и предвидлив принос за имателите на нејзините хартии од вредност.

Продолжи со читање

Банки

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани современ медицински апарат за ментална рехабилитација

Објавено

на

Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани.

Длабоката транскранијална магнетна стимулација претставува клинички докажан, неинвазивен третман, кој преку современи методи на невростимулација придонесува за подобрување на менталното здравје, психолошката стабилност и општата благосостојба на пациентите. Апаратот ќе биде наменет не само за повредените во несреќата, туку и за сите лица кои секојдневно се соочуваат со последиците од траумата – членови на семејствата, блиски лица и пошироката заедница. Со него ќе управува стручен и обучен медицински кадар согласно медицинските индикации и стручните протоколи на здравствената установа.

Оваа донација е дел од пошироката мисија на Фондацијата „Заедно за едно“ – да обезбеди одржлива, навремена и суштинска поддршка за поединците и заедниците погодени од оваа трагедија. Фондацијата верува дека заздравувањето не завршува со физичката рехабилитација, туку подразбира и долгорочна грижа за менталното здравје, достоинството и квалитетот на живот.

Со јасна визија за континуирана поддршка, Фондацијата „Заедно за едно“ ќе продолжи и во наредниот период со нови активности и иницијативи, чија единствена цел е целосно заздравување на повредените и поддршка на сите оние кои и понатаму живеат со последиците од овој немил настан.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange