Банки
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
Стопанска банка АД – Скопје ќе исплати рекордни 65 милиони евра дивиденда на своите над 1.500 акционери сопственици на обични акции, што претставува највисок износ дистрибуиран досега од оваа банка по основ на добивка.
Според предлог-одлуката за исплата на дивиденда која ќе биде ставена на усвојување на редовното Годишно собрание на акционери, закажано за 31 мај 2025 година, бруто-дивидендата изнесува 229 денари по обична акција или нето износ од 206 денари по акција откако ќе се одбие персоналниот данок за физички лица и данокот на задршка за странски правни лица.
Календар на дивиденда
- Годишно собрание на акционери: 31 мај 2025
- Последен ден за тргување со право на дивиденда: 12 јуни 2025
- Датум без право на дивиденда: 13 јуни 2025
- Утврдување на акционери со право на дивиденда: 12 јуни 2025
- Почеток на исплата на дивиденда: 10 јули 2025
Правото на исплата го стекнуваат сите акционери кои ќе поседуваат акции заклучно со 12 јуни, а листата на приматели ќе се утврди со извод од акционерската книга на Централниот депозитар за хартии од вредност, со датум од 13 јуни.
Најголем дел од исплатата ќе ја прими грчката национална банкарска групација NBG, која е најголем акционер со 94,64% сопственички удел во Стопанска банка АД – Скопје.
Ова е највисока дивиденда по акција досега во историјата на Стопанска банка АД – Скопје. За споредба, досегашната највисока исплата изнесуваше 159 денари бруто по акција, реализирана во 2017 година.
Голем добитник и најголем губитник
Додека обичните акционери ќе добијат историски највисока дивиденда, сопствениците на приоритетни акции остануваат најголемите губитници во оваа распределба. Нив им следува бруто-дивиденда од само 6 денари по акција, повеќекратно помалку од онаа за обичните акции.
Причината за оваа голема разлика лежи во тоа што сопствениците на приоритетни акции ја одбија понудата од банката за конверзија на акциите во обични, што би им овозможило повисоки приноси при идни распределби на добивка. Одлуката да останат со приоритетни акции сега им носи значително помал поврат во време кога банката испорачува рекордни резултати и дава рекордни дивиденди.
Добивка и инвестиции:
Банката одлучи добивката за 2024 година од речиси 50 милиони евра да остане задржана и ограничена за распределба, а дополнителни 8 милиони евра ќе бидат наменети за инвестиции во рамки на сопствениот развој.
Со оваа одлука, Стопанска банка АД – Скопје дополнително ја засилува позицијата како водечка и стабилна банкарска институција во земјата, истовремено испраќајќи силен сигнал на доверба кон акционерите и пазарот.
Банки
Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии
Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.
Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.
Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.
Банки
Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).
Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.
За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.
Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.
Банки
Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.
Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.
За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка




