Connect with us
no baners

Берза

Македонската берза синхронизирана со глобалните пазарни турбуленции

Објавено

на

Финансиските пазари ширум светот продолжуваат да се соочуваат со нестабилност под влијание на глобалните геополитички тензии, неизвесноста во монетарната политика на водечките централни банки, како и променливите макроекономски податоци.

Американските и европските индекси бележат силни осцилации, поттикнати од изјавите на светските лидери и пазарни шпекулации, што дополнително влијае врз расположението на инвеститорите.

Сличен тренд беше забележан и на Македонската берза, каде што индексот МБИ 10, кој ги следи најтргуваните домашни компании, денеска забележа пад од 0,81%, достигнувајќи ниво од 10.277,47 индексни поени.

Сектори и компании со раст на вредноста на акциите

И покрај доминантниот негативен тренд, некои сектори успеаја да прикажат позитивен резултат.

Макстил АД Скопје, дел од металната индустрија, оствари највисок дневен пораст од 2,61%.

Во банкарскиот сектор, Шпаркасе Банка забележа раст од 0,64%, додека Комерцијална банка АД Скопје заврши со благ пораст од 0,07%.

Компании со пад на вредноста на акциите

Негативниот тренд доминираше кај поголемиот дел од компаниите на берзата.

Стопанска банка АД – Скопје беше најголем губитник на денот со значителен пад од 5,63%, додека текстилниот гигант Тетекс АД Тетово регистираше пад на вредноста на своите акции за 2,97%.

Макпетрол АД Скопје, водечкиот нафтен производител во земјата забележа намалување на вредноста од 1,98%, а негативен тренд беше присутен и кај други компании:

  • Телеком АД: -0,73%
  • Алкалоид: -0,62%
  • НЛБ Банка: -0,20%

Пазарно расположение

Иако тргувањето останува релативно умерено по обем, расположението кај инвеститорите е под влијание на надворешни фактори, особено глобалните трговски и монетарни случувања.

Македонскиот пазар, како и останатите помали пазари, често ги следи глобалните трендови, што и овојпат е очигледно.

Берза

Волстрит оптимист за Европа: Голдман Сакс ја крена прогнозата за раст на европските акции

Објавено

на

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ ја зголеми својата 12-месечна цел за паневропскиот индекс STOXX 600 на 660 поени, нагласувајќи ја отпорноста на корпоративните приходи и покрај геополитичките тензии на Блискиот Исток.

Новата проекција претставува потенцијален раст од околу 5,4% во однос на последното затворање на индексот од 626 поени. Истовремено, банката ги ревидираше нагоре и краткорочните цели – на 640 за три месеци и 645 за шест месеци.

Индексот STOXX 600 во мај забележа раст од 2,5% и се движи близу историски рекордни нивоа, и покрај притисокот од геополитичката неизвесност.

Од „Goldman Sachs“ посочуваат дека растот е поддржан од солиден номинален економски раст, позитивни ревизии во енергетскиот сектор, стабилни корпоративни маржи и засилен интерес поврзан со развојот на вештачката интелигенција.

Сепак, банката предупредува дека повисоките каматни стапки и инфлаторните притисоци остануваат ограничувачки фактор за понатамошен раст на пазарите.

Во анализата се наведува дека европските акции остануваат атрактивни за странските инвеститори поради вреднувањето и диверзификацијата, додека домашните инвеститори се повнимателни поради послабиот економски раст.

„Goldman Sachs“ прогнозира раст на заработката по акција од 10% во 2026 година и 5% во 2027 година за STOXX 600, иако очекува постепено забавување на динамиката поради повисоки трошоци за енергија.

Продолжи со читање

Берза

РКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата, според која од полноќ значително поевтинуваат дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство, додека бензините бележат минимално поскапување.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,50 денари по литар. Од друга страна, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 90 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 85,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 87,50 денари за литар.

Намалување бележи и мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,238 денари по килограм и ќе се продава по 47,906 денари.

Во меѓувреме, „ОКТА“ АД Скопје најави привремен попуст од 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани, кој ќе важи во периодот од 2 до 16 јуни. Од компанијата посочуваат дека мерката е резултат на движењата на меѓународните пазари на нафта и континуираната координација со Владата, со цел ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.

Попустот ќе биде достапен за сите трговци кои набавуваат бензин од „ОКТА“, оставајќи им можност поддршката да ја рефлектираат во крајните малопродажни цени за потрошувачите.

Продолжи со читање

Берза

РКЕ денеска ги утврдува новите цени на горивата – Дизелот би можел да поевтини до 6,5 денари, бензините до 1,5 денари?

Објавено

на

Возачите денеска ја очекуваат новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која ќе ги утврди малопродажните цени на нафтените деривати за наредниот период.

Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата останува во сила до 15 јуни, а дополнително е обезбеден и попуст од два денари по литар преку договор со ОКТА.

Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека кај бензините се очекува намалување од приближно 1,5 денари по литар.

Од Владата оценуваат дека мерките имаат за цел да го намалат товарот врз граѓаните и компаниите, особено во секторите кои најмногу зависат од транспортот и енергенсите.

Потенцијалното намалување на цените би имало позитивен ефект и врз превозниците, земјоделците и стопанството во целина, како и врз одржувањето на ценовната стабилност во услови на глобални пазарни неизвесности.

Конечната одлука за новите малопродажни цени на горивата се очекува да биде објавена во текот на денот од страна на РКЕ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange