Connect with us

Останато

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

Објавено

на

Владата ќе продолжи со дискусиите со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, изјави министерката за финансии на Економскиот форум во Делфи, каде што централна тема беа најновите одлуки на САД за царините.

Клучно е што Европа е подготвена и смирена. Тука присуствуваат претставници од Светската банка, ММФ и ЕБОР, и забележувам смиреност кај нив. Верувам дека работите ќе се стабилизираат во скоро време. Дискусијата со високите царински стапки беше актуелна вчера, но денес веќе се однесува на нешто што американската економија може да го поднесе. Не очекувам значително влошување, особено за македонската економија. Според заклучоците на економистите на форумот, глобализацијата како процес е на крај, а сите се согласуваат дека САД ќе биде најпогодена, со очекуван пораст на инфлацијата и бавен економски раст“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа најави дека следната недела ќе патува во Вашингтон на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, каде ќе има можност за средба во Трезорот на САД.

Зошто да не се обидеме да ја искористиме ситуацијата во наша полза? Дискусијата за слободна трговија продолжува и тука не се повлекуваме“, додаде министерката.

Според неа, најголеми последици ќе има американската економија. „Ако продолжат со оваа политика, може да се случи стагфлација, што значи намален раст, а можеби и негативен раст, со сигурна инфлација на нивна територија. Сето тоа ќе се одрази на Европа, но со одложување“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката Димитриеска-Кочоска учествува на 10. Економски форум кој се одржува во грчкиот град Делфи.

Анализи

Нова главоболка за Британците: Инфлацијата повторно расте!

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија забрза во јули, главно поради повисоките трошоци за енергија во домаќинствата, откако регулаторот „Ofgem“ го зголеми ограничувањето на цените за 13%.

Годишната инфлација на потрошувачките цени достигна 2,9% во јули, во однос на 2,6% во јуни, покажаа податоците на Канцеларијата за национална статистика. Ова е највисока стапка од март и во согласност со очекувањата на економистите.

И базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, беше нешто повисока од очекуваното и достигна 2,6%, наспроти прогнозата од 2,5%.

Растот на инфлацијата доаѓа во период кога Банката на Англија внимателно ја следи динамиката на цените и економската активност. Иако јулското забрзување беше очекувано, повисоката базична инфлација може да го намали темпото на понатамошно олеснување на монетарната политика.

Пазарите реагираа релативно умерено на објавените податоци, бидејќи главниот раст на инфлацијата во голема мера беше веќе вграден во очекувањата.

Продолжи со читање

Анализи

Инфлацијата падна од 5,7% на 2,3% во јули – но зошто граѓаните не чувствуваат олеснување?

Објавено

на

Инфлацијата во Македонија во јули се намали на 2,3%, што претставува значително забавување во однос на претходните месеци – во јуни изнесуваше 3,4%, а во април високи 5,7%.

Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа покажува дека цените сега растат со побавно темпо, додека поскапувањата од претходните години и натаму се вградени во цените на храната, домувањето и останатите основни трошоци.

Според Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули биле 2,3% повисоки во однос на истиот месец лани, додека на месечно ниво се зголемиле за 0,1%.

Иако денешните стапки се значително пониски од инфлацискиот удар во 2022 година, за граѓаните останува поинаква слика. Семејните буџети и натаму се под притисок, бидејќи платите и куповната моќ треба да растат доволно брзо за да го надоместат претходниот раст на цените.

Токму затоа, намалувањето на инфлацијата е позитивен сигнал за економијата, но не значи автоматско поевтинување на животот. Реалното олеснување за домаќинствата ќе се почувствува тогаш кога приходите ќе овозможат повторно да се купува повеќе со истиот месечен буџет.

Со други зборови: инфлацијата паѓа, но сметките и трошоците не се враќаат на старото ниво.

Продолжи со читање

Останато

НЛБ предупредува на лажни СМС пораки: Не отворајте сомнителни линкови

Објавено

на

НЛБ ги предупредува граѓаните на појава на лажни СМС пораки во кои се злоупотребуваат името и брендот на банката, со цел од корисниците да се приберат лични и банкарски податоци.

Во пораките, примателите се повикуваат да отворат линк и да внесат или потврдат лични податоци, информации од платежни картички или податоци поврзани со електронското и мобилното банкарство.

Од НЛБ апелираат корисниците да не кликаат на непознати и сомнителни линкови и да не внесуваат доверливи информации преку нив.

„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС линк“, посочуваат од банката.

Граѓаните се советуваат внимателно да ја проверат секоја порака и нејзиниот извор пред да споделат какви било податоци.

Ваквите пораки се форма на т.н. „smishing“ измама, односно обид преку СМС и лажен линк да се дојде до чувствителни податоци кои подоцна можат да бидат злоупотребени.

Од НЛБ порачуваат корисниците да бидат внимателни и навремено да ги заштитат своите лични податоци и финансиски средства.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange