Connect with us

Банки

Мухаммед Хаџипази именуван за Извршен директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, Халкбанк АД Скопје преку соопштение на Македонска берза објавува дека му е продолжен мандатот на членот на Управниот одбор, г-дин Мухаммед Хаџипази, сметано од 21.03.2025 година.

„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Мухаммед Хаџипази, сметано од 21.03.2025 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.

Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 26.03.2025 година.

Г-дин Хаџипази е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Завршил магистерски студии во областа Финансиски менаџмент на Економскиот институт-Скопје. Својата кариера во банката ја започнува во 2007 година како Референт за кредитирање на население во Филијала Гостивар. Во 2009 година е назначен за Директор на Филијала Гостивар, а во 2010 година за Директор на Дирекција за мрежа на Филијали и Експозитури. Во 2012 година е назначен на позицијата Директор на Дирекција за маркетинг и продажба на МСП. Во јуни 2017 година е унапреден на позицијата Директор на Сектор за човечки ресурси, организација и обуки одговорен за Дирекцијата за човечки ресурси и организација и Дирекцијата за административни работи. Со новата организациона структура во февруари 2024 година г-дин Хаџипази е назначен за Директор на Сектор за операции под чија надлежност се Дирекцијата за платен промет во земјата/операции, Дирекцијата за платен промет со странство, Дирекцијата за кредитни и депозитни операции, Дирекцијата за дигитално банкарство-операции и Дирекцијата за операции со готовина. Во март 2025 година г-дин Хаџипази е назначен за Извршен директор и член на Управен одбор под чија надлежност се Секторот за операции, Секторот за кредитирање и Секторот за информациски системи. Во текот на својата кариера е активен член на повеќе комисии и одбори, како и член на стопански комори и здруженија.

Г-дин Мухаммед Хаџипази ќе ја извршува функцијата – Извршен Директор и член на
Управниот одбор на Халк Банка АД Скопје.

Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Д-р Билал Суџубаши – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;

Банки

Стопанска банка го проширува Надзорниот одбор: Божиновска – Лазаревска именувана за независен член

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години.

Именувањето е донесено согласно одлуката на Собранието на акционери на Стопанска банка, по добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народната банка.

Со новото именување, Божиновска – Лазаревска ќе има улога во работата на Надзорниот одбор во својство на независен член, во согласност со регулаторната рамка и принципите на корпоративно управување во банкарскиот сектор.

Нејзиниот мандат е со времетраење од четири години.

Именувањето претставува дел од воспоставената структура на корпоративно управување на Стопанска банка, во која независните членови на Надзорниот одбор имаат значајна улога во обезбедувањето независен надзор и носењето одлуки во интерес на Банката и нејзините акционери.

Божиновска – Лазаревска е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при УКИМ. Со Катедрата, како и со вториот циклус студии на студиската програма сметководство и ревизија раководи од 2013 година.

Продолжи со читање

Банки

Хрисула Кутуди доби нов четиригодишен мандат на чело на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста преку соопштение на Македонската берза дека Хрисула Кутуди е реименувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка.

Кутуди ја извршува функцијата на чело на Стопанска банка од септември 2025 година, кога ја наследи функцијата од Диомидис Николетопулос, кој беше Генерален извршен директор од 2013 година.

Таа има над 30 години професионално искуство во банкарскиот сектор, најголемиот дел во рамките на НБГ Групацијата. Во досегашната кариера работела на развој на банкарски производи, дигитални услуги и канали, стратешки партнерства и концепти поврзани со вградено банкарство.

Пред доаѓањето во Стопанска банка, Кутуди беше помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, а има искуство и во корпоративно банкарство, кредитна анализа, наплата и проектно финансирање.

Нејзината работа е поврзана и со дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги, за што добила признанија за иновативност во 2022 и 2024 година.

Со новиот мандат, Хрисула Кутуди продолжува да ја предводи Стопанска банка АД – Скопје во наредните четири години.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе исплати полугодишна камата од 5% на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија, со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

Каматата е со каматна стапка од 5% на годишно ниво, а исплатата е предвидена за 31 август 2026 година.

Право на исплата ќе имаат лицата кои ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуалните обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 29 август 2026 година.

Од Банката информираат дека тргувањето со обврзниците на Македонската берза на 26 и 27 август ќе се врши со пресметана акумулирана камата. Тоа значи дека купувачот при порамнувањето ќе треба да ја плати чистата цена на обврзницата плус акумулираната камата.

Сепак, купувачите кои ќе бидат регистрирани како иматели на 31 август или 1 септември 2026 година нема да имаат право на полугодишната камата, бидејќи таа му следува на имателот регистриран заклучно со 29 август.

Клучниот датум за право на камата е 29 август 2026 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange