Банки
Придобивка повеќе за корисниците на НЛБ haPPy, единствената кешбек картичка – Намалена каматна стапка на безготовински трансакции
Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате – заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб.
Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување.
За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.
Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.
Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.
Банки
ЕЦБ сè уште чека со одлуката за зголемување на каматните стапки
Европска централна банка (ЕЦБ) сè уште нема донесено одлука за можно зголемување на каматните стапки, бидејќи економското влијание од војната во Иран и натаму е неизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за агенцијата Bloomberg.
Инвеститорите шпекулираат за можно зголемување на каматните стапки од страна на ЕЦБ уште овој месец, во обид да се ограничи новиот бран инфлација поттикнат од затворањето на стратешкиот Ормускиот теснец, клучен за транспорт на енергенси.
„Тоа не значи дека ќе одиме во еден или во друг правец и секако не ја одредува траекторијата на каматните стапки“, изјави Кристин Лагард во врска со ситуацијата во Иран, пренесува Данас, повикувајќи се на агенцијата Бета.
Централната банка на еврозоната ќе го одржи следниот состанок на 30 април.
Според основните проекции што ЕЦБ ги објави во март, влијанието од војната во Иран би требало да биде краткотрајно.
Сепак, ЕЦБ ја разгледува и можноста за најлошо сценарио, со значително повисок раст на цените на енергијата, зголемена неизвесност и меѓународни последици, како и сериозно сценарио во кое инфлацијата достигнува 4,8 проценти следната година.
Според Кристин Лагард, економијата во моментов се наоѓа „меѓу основното и најлошото сценарио“.
Банки
Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.
Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.
За време на средбите, делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор Жероен Клик и заменик извршниот директор Марникс ван Рај. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјава, за спроведувањето на монетарната политика и мерките коишто придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност.
Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната соработка. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните светски финансиски и геополитички движења, како и на тркалезната маса за спроведувањето на клонот на системот за инстант плаќање ТИПС (TIPS), развиен со поддршка на Европската централна банка.
Предвидени се средби и со претставници на Светската банка, заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шјиаочјинг Ју.
Пролетните средби претставуваат еден од најзначајните светски економски форуми, на кој секоја година, на едно место, се собираат носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки. Тие, годинава, ќе разговараат за влијанието на геополитичките случувања врз економијата, економската стабилност и економскиот раст, инфлацијата и монетарните политики, како и за дигитализацијата на финансискиот сектор.
Банки
АЛТА банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола
АЛТА банка АД Битола информира за промени кај акционери со значителни удели, согласно Правилата за котација на Македонска берза.
Акционерот АЛТА банка АД Белград се стекнал со дополнителни 9 обични акции, со што вкупниот број акции што ги поседува достигнал 372.037.
Со ова, АЛТА банка АД Белград сега контролира 95,1557 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.
Известувањето е објавено на 14 април 2026 година, согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза.
-
Анализипред 2 месециПросечната плата во Македонија близу 47.000 денари – раст од 7,6% на годишно ниво
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
-
Продуктипред 4 неделиДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?


