Connect with us

Банки

Народна банка: Работен состанок со претставници на Централната банка на Италија за размена на искуства против фалсификувањето пари

Објавено

на

Во Народната банка се одржа работна средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, нејзиниот тим и италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери и високите претставници од Одделот за борба против фалсификување пари на корпусот на Карабинерите, генерал – командант Џанлука Витаглиано и поручник Пиер Луиџи Фери заради размена на искуства и истражни техники против фалсификување пари. На средбата беше заклучено дека Народната банка постојано ги јакне своите капацитети во овој домен следејќи ги европските стандарди. Притоа беше истакнато дека меѓународната соработка е од исклучително значење за справувањето со овие појави и дека соработката помеѓу двете централни банки и натаму ќе се зајакнува преку повеќе форми. Амбасадорот ѝ честиташе на Народната банка за успехот поврзан со пристапувањето кон СЕПА (Единствената област за плаќање во евра).

На работниот состанок на кој присуствуваа и претставници од Министерството за внатрешни работи од Одделот за финансиски криминал, тимот на Дирекцијата за трезорско работење во Народната банка организира презентација во однос на правната регулатива, институционалната поставеност и начинот на функционирање на системот за борба против фалсификувањето пари, како и за заштитните елементи на денарите.

Беше претставена улогата на Народната банка, којашто како единствена овластена институција во земјава, им дава постојана поддршка на вработените во кредитните институции и центрите за готовина преку задолжителни обуки за рачна проверка на автентичноста и соодветноста на парите во оптек и преку специјализирани обуки за полициските и царинските службеници, како и за експертите од останатите институции коишто во рамките на своите надлежности преземаат активности за спречување на и справување со фалсификувањето на пари.

На состанокот беше оценето дека мерките и активностите насочени кон спречување и справување со фалсификувањето имаат суштинско значење за целокупниот интегритет и зајакнувањето на стабилноста на домашната економија и на финансискиот систем во земјата, како и за заштитата на финансиските интереси на останатите земји чии валути циркулираат во нашиот платен промет.

Посетата беше остварена во рамките на проектот „Перикле IV“ (2021 − 2027), програма насочена кон финансирање размена на персонал, семинари, обуки и студии за органите за спроведување на законот и судските органи, банките и другите институции вклучени во борбата против фалсификувањето на еврото. Активностите се одвиваат во еврозоната, во земјите на ЕУ надвор од еврозоната и во трети земји.

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange