Connect with us

Банки

“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка ги претстави промотивните пакети со Потрошувачки кредит со атрактивна фиксна каматна стапка почнувајќи од 4,9% на период од 95 месеци кои нудат олеснет пристап до финансирање.

Согласно различните потреби на клиентите, банката нуди повеќе промотивни потрошувачки пакети кои покрај потрошувачки кредит вклучуваат и минус на плата и кредитна картичка, кои на клиентите им овозможуваат комплетно решение и финансиска поддршка за нивните секојдневни потреби.

Со слоганот „Сите врати се отворени“, овој пакет е дел од кампањата што симболизира нови можности, поедноставен процес на одобрување кој заштедува време и овозможува значителна заштеда во административни трошоци.

  • Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% – фиксна месечна рата која ќе ви помогне во сигурно планирањето на вашиот домашен буџет.
  • Без осигурителна полиса – намалени вкупни трошоци за исплата на кредит.
  • Без гаранти – поедноставен процес на одобрување.
  • Без нотарски заверки за одредени пакети – дополнителна заштеда и пократок административен процес.

„За нас “Сите врати се отворени” значи дека сме банка која е достапна секогаш и секаде и која нуди комплетни, едноставни и лесно достапни финансиски решенија за граѓаните. Преку нашите модерни дигитални услуги, 24/7 зоните и проширената мрежа на експозитури на клучни локации, овозможуваме брзо, флексибилно и едноставно банкарско искуство. Широкото портфолио на производи, како и траспарентните и фер цени на услугите, гарантираат вистинска вредност за нашите клиенти“, вели Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица од ПроКредит Банка.

Промотивната понуда е наменета за сите тековни и нови приматели на плата во ПроКредит Банка. Процесот за аплицирање е брз и едноставен, без разлика дали клиентите ќе аплицираат онлајн на веб страницата или ќе ја посетат најблиската услужна единица на ПроКредит Банка. Понудата е со ограничено времетраење.

Прочитајте повеќе тука.

Банки

Комерцбанк бара договор меѓу УниКредит и германската влада за можната аквизиција

Објавено

на

Извршната директорка на Комерцбанк, Бетина Орлоп, ја нагласи важноста германската влада да биде вклучена во разговорите за евентуалното преземање на банката од страна на италијанската УниКредит.

„Важно е да има разговори меѓу двата големи акционери“, изјави Орлоп на конференција на Barclays, осврнувајќи се на средбата меѓу германскиот министер за финансии и првиот човек на УниКредит.

Според неа, евентуалната трансакција може непречено да се реализира само доколку постои договор и со вториот по големина акционер во Комерцбанк.

Орлоп и извршниот директор на УниКредит, Андреа Орчел, веќе водат формални разговори, додека можноста за преземање на германската банка станува сè поактуелна. Сепак, првите разговори покажале дека договор нема лесно да се постигне, бидејќи двете страни и натаму ги бранат сопствените стратегии.

Германската влада поседува околу 13 проценти од Комерцбанк, удел кој го задржа по спасувањето на банката за време на финансиската криза, и досега ѝ даваше поддршка на Орлоп.

Во понеделникот се одржаа и првите директни разговори меѓу Орчел и германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл за можната трансакција.

„Очекуваме Комерцбанк да остане берзанска компанија со седиште во Франкфурт и да продолжи со своето силно работење со средните компании, и во Германија и на меѓународно ниво“, изјави Клингбајл по средбата.

УниКредит веќе обезбеди удел од речиси 50 проценти во Комерцбанк. Доколку ги добие потребните регулаторни одобренија за целосно преземање на понудените акции, италијанската банка би можела да располага со мнозинство од гласовите на акционерските собранија.

Орчел претходно најави дека по евентуалното преземање би можел да го промени Надзорниот одбор на Комерцбанк, а потоа и највисокото раководство. Тој планира и намалување на меѓународната мрежа на германската банка, предлог на кој Орлоп се спротивставува.

Орлоп, пак, посочи дека Комерцбанк мора јасно да знае во која насока ќе се движи и каква стратегија ќе следи во иднина.

Извор: De.yahoo.com

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa носат добитник во Барселона на средба со Ламин Јамал

Објавено

на

Комерцијална банка и Visa носат добитник во Барселона на средба со Ламин Јамал

Комерцијална банка ја започна новата наградна игра со Visa картичките, во која главната награда е патување во Барселона, средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и присуство на натпревар на ФК Барселона на „Камп Ноу“.

Наградната игра трае до 31 октомври 2026 година, а секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature или Visa Gold картичка носи по една шанса, односно еден код за учество во извлекувањето.

Корисниците кои плаќаат преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay добиваат двојна шанса, односно по два кода за секоја трансакција.

Во наградната игра можат да се вклучат и клиенти кои сè уште немаат Visa картичка од Комерцијална банка. Со активирање нова Visa картичка тие автоматски добиваат еден код за учество.

Главната награда е наменета за добитникот и негов придружник и вклучува патување во Барселона, средба и дружење со Ламин Јамал, како и присуство на фудбалски натпревар на ФК Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.

Од Комерцијална банка порачуваат дека поголемиот број плаќања со Visa носи и повеќе шанси за освојување на наградата, а сите детали и правилата за наградната игра се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ја одбележува Европската недела на мобилност со поддршка на урбаниот велосипедизам

Објавено

на

Во рамки на Европската недела на мобилност, Стопанска банка АД – Скопје продолжува со промоција на урбаниот велосипедизам и одржливата мобилност, со цел да придонесе кон почиста животна средина, побезбеден сообраќај и поздраво секојдневие.

Од Банката посочуваат дека веќе десет години преку проектот „Вози право, вози здраво“ даваат поддршка на активности насочени кон поголема употреба на велосипедот како алтернативно и еколошко превозно средство.

Покрај масовноста на настаните што се организираат во рамки на проектот, од Стопанска банка истакнуваат дека особено значење имаат и донациите на урбана опрема, кои се користат во поддршка на урбаниот велосипедизам.

Со овие активности, Банката ја продолжува својата поддршка на иницијативите за одржлива мобилност и подобрување на условите за велосипедистите во урбаните средини.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange