Connect with us

Банки

Повисоки лимити со мобилната апликација мБанкаКо на Комерцијална банка за зголемени можности за компаниите

Објавено

на

Следејќи ги потребите на современиот бизнис, Комерцијална банка обезбеди зголемени лимити за вршење ПП30 трансакции преку мобилната апликација мБанкаКо за правни лица.

Современото работење бара брзина, сигурност и финансиска флексибилност, што беше причина Комерцијална банка да воведе зголемени лимити за вршење трансакции преку мБанкаКо за правни лица, овозможувајќи полесно и поефикасно управување со средствата од страна на компаниите.

Нов лимит за плаќање преку мБанкаКо апликацијата:  

  • Лимит по налог 1.000.000 денари
  • Дневен лимит 10.000.000 денари

Новитетите во дигиталното банкарство на Комерцијална банка за бизнисот значат поголема финансиска слобода без дополнителни административни процедури, подобра ликвидност со плаќања без доцнење поради лимити, ефикасно управување со средствата без потреба од чести трансфери, безбедност и контрола со напредни алатки за поставување интерни лимити согласно потребите.

Оваа услуга е дизајнирана да ги поддржи компаниите во нивниот раст и развој, овозможувајќи брзи, сигурни и поедноставни финансиски трансакции.

Дознајте повеќе на следниот линк https://www.kb.mk/pravni.nspx

Банки

Тројна победа за Халкбанк АД Скопје на Socialize Festival 2025!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во областа на дигиталната комуникација, освојувајќи три престижни признанија на годинашниот Socialize Festival – настан кој го слави креативниот дух и иновациите во дигиталниот маркетинг.

Дигитален дизајн на годината за мобилната апликација Halk EZ, во соработка со Effectiva;
Најдобро кратко маркетинг видео за кампањата Fidesmo Pay, со креативната поддршка на актерот Сашко Коцев;
Најкреативна кампања на социјални медиуми за Start-Up Package, реализирана во соработка со агенцијата McCann Skopje.

Со оваа тројна победа, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон иновативни, кориснички ориентирани решенија и континуирана дигитална еволуција.

„Горди сме на нашите партнери и тимот кој стои зад овие успешни проекти. Продолжуваме да ги поместуваме границите на креативноста и дигиталната експертиза“, велат од Халкбанк.

Овие признанија се уште една потврда за стратегиската насоченост на Халкбанк кон дигитализацијата и современ и креативен пристап во комуникацијата со клиентите.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ размислува за ревизија на стратегијата за монетарна политика

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) разгледува потенцијална промена на својот пристап во спроведувањето на монетарната политика, со цел да овозможи побрза и пофлексибилна реакција на евентуални нарушувања во цените, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на неименувани официјални лица вклучени во подготовките.

Раководниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за првпат формално ќе дискутира за можна ревизија на стратегијата на неформална средба закажана за 6 и 7 мај во португалскиот град Порто. Средбата доаѓа во контекст на променливи глобални економски услови и зголемена потреба од приспособливост на политиките во еврозоната.

На агендата ќе бидат и резултатите од две работни групи кои работат на проценка на актуелната стратегија за монетарна политика, како и анализа подготвена од Комитетот за монетарна политика. Во комитетот членуваат водечки економисти од ЕЦБ и претставници на централните банки на земјите-членки на еврозоната.

Овој потег би можел да означи значаен пресврт во начинот на кој ЕЦБ пристапува кон поставување и прилагодување на своите монетарни алатки, особено во светло на неодамнешните инфлаторни предизвици и растечкиот притисок за одржување на ценовната стабилност во еврообласта.

Продолжи со читање

Банки

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Објавено

на

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот и зајакнување на финансиската стабилност. Сепак, со оглед на високата геополитичка неизвесност важно е да се продолжи со внимателни макроекономски политики, но и со натамошно јакнење на институциите. Во овој контекст од огромно значење е да се зачува независноста на централната банка.“ Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка. На средбата присуствуваше и министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска.

Во услови на светски ценовни шокови и нестабилност, Народната банка одговори со обемен сет мерки, коишто вклучуваа интервенции на девизниот пазар, приспособување на каматните стапки, задолжителната резерва и макропрудентни ограничувања. „Со овие мерки не само што постигнавме значително намалување на инфлацијата на едноцифрено ниво, туку и обезбедивме стабилност на девизниот курс и стабилни и зајакнати биланси на банкарскиот сектор“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата, посебен акцент беше ставен на последните геополитички случувања, коишто создаваат нова неизвесност во светската економија и на светските финансиски пазари. Беше истакнато дека во вакви услови, за малите економии отворени кон светот е особено важно водењето сигурни политики, создавањето простор за реакција на потенцијалните шокови и постоењето на силни институции. Токму во овој контекст, акцентот беше ставен на натамошното унапредување на законската рамка за Народната банка во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Сето ова придонесува за јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка и за зголемување на нејзината транспарентност и отчетност.

Продолжи со читање

Популарно