Connect with us
no baners

Банки

Нова поддршка за малите бизниси од ПроКредит Банка – 90 претприемачи ќеимаат можност да учествуваат во првата „ПроКредит бизнис академија“

Објавено

на

no baners

ПроКредит Банка официјално ја претстави новата едукативна програма за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. „ПроКредит бизнис академија“ беше претставена на настанот кој се одржа вчера во Forza Fusion Bar, каде што претставници на медиумите и бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со целосната програма и нејзините придобивки.

Академијата е дел од пошироката иницијатива на ПроКредит Банка насочена кон зајакнување на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка. Како банка која континуирано создава можности за едукација и вмрежување, преку оваа академија ќе им овозможи на претприемачите пристап до интерактивни работилници, експертски совети и практични алатки за унапредување на деловните вештини.

„Преку ПроКредит бизнис академијата сакаме да им овозможиме на претприемачите пристап до знаење и ресурси кои ќе им помогнат да го направат следниот голем чекор во развојот на нивниот бизнис. За нас, да се биде партнер на бизнисот, значи да се оди чекор понапред од нудење на стандардни банкарски услуги. Затоа вложуваме во тоа што е клучно за градење успешен бизнис – знаење и мрежа на контакти. Веруваме дека едукацијата е клучна за одржлив раст, а оваа иницијатива е уште еден начин на кој ја зајакнуваме локалната бизнис заедница,“ изјави Милан Дамчевски, Член на Управниот Одбор на банката.

Програмата ќе биде реализирана под менторство од искусни професионалци од регионалната консултантската компанија Alphabet Group која повеќе од 7 години им помага на малите бизниси да го реализираат својот целосен потенцијал преку иновативни и интерактивни обуки и програми за развој.

Академијата е структурирана во пет клучни модули, кои ги опфаќаат темите: разбирање на финансиски концепти, продажба, комуникациски вештини, интерно претприемништво и дигитална трансформација.  

Програмата ќе се реализира од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје. По завршувањето на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.

Учеството е без финансиски надомест,како дел од континуираната инвестиција на ПроКредит банка за градење вештини и капацитети кај локалните претприемачи. Заинтересираните претприемачи можат да аплицираат до 30 март 2025 година. По процесот на селекција, ќе бидат избрани 90 учесници кои ќе се приклучат на првата генерација на ПроКредит бизнис академијата.

Пријавувањето е отворено преку официјалната страница biznisakademija.pcb.mk каде што се достапни сите детали за академијата.

ПР објава

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange