Банки
Стопанска банка АД – Скопје предупредува: Aктуелна е измамничка e-mail кампања
Стопанска банка АД – Скопје ги предупредува своите клиенти дека деновиве повторно е актуелна измамничка кампања преку испраќање лажни e-mail пораки со малициозни прилози, во кои испраќачот се претставува во име на Стопанска банка.
За жал, со развојот на технологијата, покрај позитивните промени се појавуваат и вакви криминални активности, па потребно е да се реагира будно, трезвено и многу внимателно.
Самата порака поседува голем број на елементи кои укажуваат на тоа дека се работи за измамничка:
– голем број на граматички грешки,
– содржи не валидна е-mail адреса од Стопанска банка АД Скопје (Dragana.vulovik.stb.com?.mk),
– пораката во себе содржи малициозен додаток со чудно и нестандардно име,
– додатокот “SWIFT 19802???????.PDF……z” е архивиран со цел да спречат вашите mail сервери автоматски да го детектираат и запрат нападот,
– Со отпакување на додатокот (Win zip / 7-zip и др.) се активира извршна апликација (*.exe) на вашиот уред, која е малициозна.

Стопанска банка АД – Скопје ве информира дека:
– порака сама по себе не е малициозна и ако сте ја добиле во вашето e-mail сандаче вашиот уред не е во опасност,
– ако сте направиле reply на пораката, вашиот уред не е во опасност
– додатокот во пораката “SWIFT 19802???????.PDF……z” во случај да сте го симнале локално, вашиот уред не е во опасност, се додека истиот не биде отпакуван / деархивиран,
– во случај да сте извршиле деархивирање и активација на додатокот, препорачуваме веднаш да извршите Комплетно скенирање на Вашиот уред со било кое анти-вирусно решение,
– Ваков вид e-mail пораки потребно е веднаш да ги бришете.
Стопанска банка АД – Скопје како одговорна Банка навремено презема активности за спречување на сите злонамерни кампањи насочени кон Банката или нејзините клиенти, и соодветно презема активности за навремено информирање и подигнување на свеста за сите нови напади и закани.
Банки
Стопанска банка со порака за Меѓународниот ден на младите: Веруваме во нивниот потенцијал
По повод Меѓународниот ден на младите, Стопанска банка АД – Скопје упати честитка до младите, истакнувајќи дека токму нивната енергија, идеи и храброст се движечка сила за иднината.
„Младите се енергијата, идеите и храброста што го движат светот напред. Затоа, веруваме во нивниот потенцијал и сакаме да бидеме дел од секој нивен чекор“, порачаа од банката.

Од Стопанска банка посочуваат дека преку TOPSI, концепт наменет за младите, создаваат банкарски решенија приспособени на нивните потреби и животен ритам.
Како што наведуваат, целта е младите да добијат поддршка во остварувањето на своите идеи, планови и соништа.
Банки
Србија и Светска банка преговараат за милијарда евра за гасната инфраструктура, важна и врската со Северна Македонија
Србија во средината на август ќе почне преговори со Светска банка за условите за финансирање програма вредна една милијарда евра, наменета за проширување и модернизација на гасната инфраструктура во земјата, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Преговорите ќе опфатат прашања поврзани со социјалните и еколошките стандарди, јавните набавки, како и јасно утврдување на надлежностите и одговорностите за секој сегмент од проектот.
Планирано е повеќегодишната програма да се реализира во неколку фази. Во првата фаза е предвидена изградба на дел од планираниот гасовод што ќе ги поврзува Ниш и Велика Плана, како и подготовка на техничка документација за проектите што ќе следуваат.
Втората и третата фаза предвидуваат проширување на постојните и изградба на нови капацитети за складирање гас, изградба на придружни гасоводи, како и гасовод од Мокрин, во близина на границата со Романија, до Белград.
Во рамките на проектот треба да се анализира и подготвеноста на српската гасна инфраструктура за транспорт на водород.
Според Ѓедовиќ Хандановиќ, новите гасоводи ќе ѝ овозможат на Србија подобро да го искористи потенцијалот на постојните интерконекции, но и на планираните гасни врски со Северна Македонија и Романија.
Србија очекува изградбата на интерконекторите со Северна Македонија и Романија да биде завршена во следните две години, како дел од напорите за диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергија.
Во меѓувреме, земјата спроведува и реформи во гасниот сектор. По усвојувањето на новиот Закон за гас е формирана компанијата „Гас инфраструктура“, која ќе управува со целокупната гасна инфраструктура, додека „Транспортгас Србија“ е сертифициран како независен системски оператор за пренос на природен гас.
Државниот „Србијагас“ и натаму ќе биде одговорен за снабдување на домаќинствата и компаниите. Компанијата располага со дистрибутивна мрежа долга 6.633 километри и снабдува повеќе од 90.000 домаќинства.
Србија најголем дел од природниот гас го добива од руски „Газпром“ преку продолжението на „Турски тек“ низ Бугарија, а увезува и азербејџански гас преку интерконекторот со Бугарија.
Банки
Халкбанк услугите отсега достапни и преку Пошта низ целата земја
Халкбанк АД Скопје информира дека голем дел од банкарските услуги на банката отсега се достапни и преку поштенската мрежа низ земјата, со што граѓаните добиваат дополнителна можност полесно да завршат дел од своите банкарски обврски.
Во рамки на соработката со Пошта на Северна Македонија, за физичките лица се овозможени готовински и безготовински платен промет во земјата, како и прием на документација за отворање денарска платежна сметка, ажурирање лични податоци, електронско и мобилно банкарство и дебитна платежна картичка.
Преку поштенската мрежа може да се поднесе и пријава за прием на пензија или социјално право, да се издаде пензиски чек, да се добијат информации за орочени депозити и кредитни производи, како и да се достави потребната документација за нив.

Достапна е и услугата за исплата на готовина до местото на живеење за пензии и социјални права.
За правните лица, пак, достапни се готовински и безготовински платен промет во земјата, како и информации за актуелната понуда на орочени депозити.

„Како во Халкбанк – Халкбанк услуги достапни и во Пошта“, порачуваат од банката, нагласувајќи дека целта е банкарските услуги да бидат поблиску и подостапни до корисниците низ целата држава.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули



