Connect with us
no baners

Банки

ЕЦБ СО ИСТОРИСКИ РЕКОРДНА ЗАГУБА – 7,9 милијарди евра дефицит во 2024 година

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти за својата втора последователна година на загуба, со дефицит од околу 7,9 милијарди евра (8,2 милијарди долари) во 2024 година.

Ова ја означува најголемата загуба во повеќе од 25-годишната историја на ЕЦБ.

Банката може да претрпи одредени загуби во наредните години, но тие треба да бидат помали отколку во изминатите две години. Во 2023 година, ЕЦБ успеа да го намали својот дефицит од 1,3 милијарди евра.

Комбинираните загуби за претходните две години, кои изнесуваат вкупно 9,21 милијарди евра ќе бидат пренесени за да бидат компензирани со идните профити.

Банката потенцираше дека привремените загуби се резултат на неопходните одлуки на монетарната политика.

Сепак, ЕЦБ вели дека може ефективно да работи и да ја исполни својата главна задача да обезбеди стабилност на цените во 20-те земји од еврозоната.

Почнувајќи од летото 2022 година, ЕЦБ со седиште во Франкфурт брзо ги зголеми каматните стапки за да ја стави високата инфлација под контрола.

Инфлацијата сега е далеку од рекордните највисоки нивоа, што ја натера ЕЦБ повторно да ги намали каматните стапки во еврозоната.

Банки

Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк

Објавено

на

Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.

Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.

„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.

Продолжи со читање

Банки

ШТЕДЕЊЕТО ВО ПОДЕМ: Депозитите достигнаа 445 милијарди денари, двоцифрен раст и во 2025 година

Објавено

на

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка,  Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните депозити, што е поврзано со стабилизирањето на очекувањата на граѓаните, зголемените приноси од штедењето, особено на долг рок и во домашна валута, како и со мерките преземени од Народната банка за поддршка на процесот на денаризација и поттикнување на долгорочното штедење.

„Во декември 2025 година, вкупните депозити на домаќинствата достигнаа 445 милијарди денари, што претставува годишен пораст од 12%. Во однос на периодот од пандемијата наваму, заштедите на граѓаните се зголемени за над 50%, што ја потврдува довербата во банкарскиот систем и неговата отпорност“, нагласи Арнаудова-Стојановска.

„Во изминатите години, денарските и долгорочните депозити на домаќинствата растат со двоцифрени стапки, при што учеството на денарските депозити достигна 55%, а на долгорочните 33,5% од вкупните депозити на домаќинствата, наспроти 47,8% и 25,1%, соодветно, во декември 2022 година. Овие показатели потврдуваат дека банкарските депозити и понатаму се најзначајниот и најсигурен облик на штедење за домаќинствата, придонесувајќи за стабилноста на финансискиот систем и за поддршка на вкупната економска активност“, истакна Арнаудова-Стојановска.

Според последните расположливи податоци за 2024 година, банкарските депозити и натаму се главниот облик на штедење кај домаќинствата во земјава. Во структурата на финансискиот имот на домаќинствата, депозитите кај банките учествуваат со околу 60%, по што следуваат средствата во приватните пензиски фондови со околу 25%. Овие движења се во согласност со трендовите забележани во повеќе земји од регионот и од Европската Унија.

Арнаудова-Стојановска нагласи дека Народната банка и натаму ќе спроведува политики насочени кон одржување на финансиската стабилност и создавање поволни услови за поттикнување на штедењето кај граѓаните.

Продолжи со читање

Банки

Кои се новите членови на Надзорниот одбор на УНИБанка?

Објавено

на

Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов ќе бидат именувани за нови членови на Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје, со мандат од четири години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од Народната банка.

Новите членови ќе ги остваруваат своите права и обврски согласно Законот за банките, Статутот и интерните акти на Банката.

Николај Бебов

Николај Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, додека основните правни студии ги завршил на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Тој е ко-основач и партнер во реномираната правна групација за финансиски услуги „Tsvetkova Bebov & Partners“ и важи за еден од водечките експерти во Бугарија во областа на банкарското и финансиското право, како и пазарите на капитал.

Бебов бил ангажиран како експерт и ко-раководител во повеќе значајни проекти во Северна Македонија, меѓу кои:

  • Проект за законодавство за нетирање и финансиски колатерал, поддржан од ЕБОР
  • Проект за усогласување на законодавството за пазарите на капитал

Тој има богато искуство во трансакции на пазарите на долгови и акции, IPO, листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, проектно и аквизициско финансирање, како и во регулаторни прашања поврзани со CRR, CRD и BRRD, вклучително и теми од областа на банкарската стабилност, резолуција и управување со ризици.

Антонио Валентинов Дичев

Антонио Валентинов Дичев е доктор на науки по финансии на Академијата за економија „Д.А. Ценов“ во Свиштов, Бугарија, со докторска дисертација на тема „Проценка на финансиски ризик преку машинско учење“.

Професионалната кариера ја започнал во Фибанк, каде напредувал од аналитичар до раководител на одделение за статистички анализи и модели, а потоа и заменик-директор на секторот за управување со ризици и член на АЛКО, позиција која ја извршува и денес.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange