Connect with us
no baners

Банки

Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица

Објавено

на

Филијалата на Комерцијална банка во Струмица доби нов современ изглед и дигитална зона 24/7, со што на клиентите ќе им обезбеди уште поголемо корисничко задоволство преку модерни технологии и пријатен амбиент.

Реновираната филијала во Струмица е дизајнирана за да обезбеди поефикасни и побрзи банкарски услуги во секое време.

На огромно задоволство на Комерцијална банка, на клиентите им се нудат следните услуги: 

  • Банкарство 24/7 преку банкомати за уплата и исплата на готовина и дигитални киосци.
  • Банкомат приспособен за користење од лица со посебни потреби.
  • Брза и комплетна услуга од стручни и искусни банкарски службеници.
  • Бесплатна обука за користење електронско и мобилно банкарство.
  • Персонализирано банкарство за паметни финансиски одлуки.

Дигиталната зона на Филијалата е опремена со два банкомати, од кои едниот овозможува уплата и подигање готовина, како и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.

Во Филијала Струмица клиентите на шалтерите ги имаат на располагање стандардните банкарски производи и услуги, како што се отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење, кредитни и депозитни производи, можност за купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и e-commerce услуги. Шалтерите во Филијалата се отворени од понеделник до петок од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 12 часот.

Филијалата на Комерцијална банка во Струмица останува посветена на потребите на граѓаните и на компаниите во овој економски значаен и динамичен регион. Со понудата на ефикасни и модерни финансиски решенија Комерцијална банка има за цел да го поддржи економскиот раст и да остане доверлив партнер на клиентите во Струмичкиот регион.

Банки

Централна Кооперативна Банка со промотивни услови за станбени кредити

Објавено

на

Централна Кооперативна Банка ги промовира условите за станбен кредит, со фиксна каматна стапка од 2,90 проценти за првите пет години и променлива стапка од 3,80 проценти по истекот на тој период.

Од банката посочуваат дека понудата вклучува и ослободување од трошоци за нотар, документација и проценка во првата година.

Во објавата се наведува дека заинтересираните граѓани можат да изразат интерес преку e-апликација или да посетат најблиска експозитура за консултација околу условите за кредитирање.

Повеќе информации се достапни на Централна Кооперативна Банка.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка со потрошувачки кредит до 2 милиони денари со фиксна камата

Објавено

на

УНИБанка понуди потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со фиксна каматна стапка и поволни услови за клиентите.

Од банката посочуваат дека средствата може да се искористат за реновирање на домот, патувања, рефинансирање на постојни обврски или други лични потреби.

„Сè е полесно кога имаш сигурен партнер до себе“, велат од УНИБанка.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на УНИБанка.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот на Народна банка се сретна со австралискиот амбасадор, разговарале за економската соработка и инвестициите

Објавено

на

Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која се разговарало за тековната билатерална соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување.

Во фокусот на разговорите биле макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток.

На средбата било разговарано и за можностите за зајакнување на економските врски преку поголемо присуство на австралиски компании и инвестиции во земјава. Посебен акцент бил ставен и на потенцијалната соработка меѓу централните банки на двете држави.

Соговорниците го истакнале и значењето на македонската дијаспора во Австралија, која придонесува за економското поврзување преку дознаки, бизнис иницијативи и инвестиции.

Средбата била оценета како конструктивна и насочена кон продлабочување на економскиот дијалог меѓу двете земји.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange