Connect with us

Банки

ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ – донирани 80 зрели садници во градскиот парк

Објавено

на

Стопанска банка го круниса својот 80. јубилеј со донација на 80 зрели садници од видот Magnolia Grandiflora и заедно со претставници од Град Скопје отвори нов „Магнолија парк“ во рамки на Градскиот парк во Скопје.

Високите садници и патеките кои се изградени низ новиот парк ќе бидат вистинско уживање за сите посетители, но во исто време ќе бидат од големо значење за животната средина – преку чистиот воздух, храната за поленаторите, како и новиот дом за останатиот животински свет кој гравитира во паркот.

Стопанска банка преку проектот #ЗеленЅид веќе две години засадува зимзелени и листопадни садници на повеќе локации во градот со пролетна и есенска акција и притоа создава подобра зелена иднина за сите.

Дел од промоцијата на новиот парк беа сегашните и пензионираните вработени на Банката, кои добија благодарност за својот придонес во работата, но и посвета и можност да го засадат дрвото посветено ним и на сите идни вработени кои ќе растат заедно со Стопанска банка во годините што доаѓаат. Присутните заклучија дека ДОМА е поубаво со новиот „Магнолија парк“ и дека ќе се грижат за своите дрвја, што за Банката претставува поттик за понатамошни партнерски соработки со јавните институции во полза на граѓаните и заедницата.

Голема благодарност до Град Скопје кои се наши партнери во проектот #ЗеленЅид. Грижата за досега засадените 2.000 садници е на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со кои се планира и гради градското зеленило, на нашите колеги кои учествуваат во секоја акција, но и на секој наш сограѓанин затоа што зеленилото е од заеднички интерес.

За донацијата:

Магнолија паркот се наоѓа на почетокот на Градски парк, од влезот од бул. Илинден покрај ЗОО Скопје. Се протега на површина од 2.000м2 и се состои од две пешачки патеки и 80 х 6-годишни стебла од видот Magnolia Grandiflora. Изборот на дрвјата, чиј симбол се впечатливите розови цветови, е направен бидејќи наликува на корпоративните бои на Стопанска банка, но и за да создаде атрактивна нова содржина во градот која со секоја измината година ќе биде сѐ поубава и побогата.

Стеблата претходно беа контролирани од Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и eкоинженеринг „Ханс Ем“, вклучително и почвата каде што се засадени, со препораки за прихрана. Во следните денови ќе биде поставена и водоводна мрежа за постојано наводнување по принципот капка-по-капка за одржливост на садниците на долг рок.

Изведбата на паркот и засадувањето на дрвјата беше реализирана од ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта.

Банки

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Објавено

на

По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата.

На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи хиперинфлација во раните деведесетти години, макроекономска нестабилност, ниско ниво на девизни резерви и структурни слабости на економијата. Со внимателно осмислени политики и одлучни мерки, Народната банка изгради стабилен и отпорен монетарен систем.

Важен чекор во зацврстувањето на стабилноста беше воведувањето на стратегијата на стабилен девизен курс во 1995 година, а од 2002 година – врзувањето на денарот за еврото. Оваа стратегија и натаму е главното сидро на стабилноста и довербата во домашната валута и економијата во целина.

Стабилноста на денарот беше успешно зачувана и во услови на светски кризи, вклучително и пандемијата на ковид-19, енергетската криза и геополитичките тензии. Преку соодветни инструменти и политики, Народната банка обезбеди стабилно ниво на девизните резерви и придонесе за одржување стабилен и отпорен банкарски систем, којшто постојано обезбедува поддршка за економијата.

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

Во изминатите триесет и четири години, институцијата постојано ги зајакнува своите капацитети и инвестира во човечкиот потенцијал, којшто е препознаен и на меѓународно ниво. Денес, Народната банка е модерна, независна и кредибилна институција, којашто е подготвена да се справи со новите предизвици.

Во фокусот и натаму е одржувањето на ценовната стабилност и на финансиската стабилност, поддршката на евроинтегративниот процес и осовременувањето и дигитализацијата на финансиите, како приоритети што ќе придонесат за натамошно јакнење на економијата и подобрување на животниот стандард.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на својата основна мисија – стабилен денар и сигурен финансиски систем, како предуслов за одржлив економски развој.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка дел од јубилејот од 65 години постоење на РК Вардар

Објавено

на

Со свечен настан вчера беше одбележан јубилејот од 65 години постоење на РК Вардар, еден од најтрофејните ракометни клубови во земјава.

На настанот беа евоцирани спомени за богатата историја на клубот, исполнета со бројни успеси и трофеи, но воедно беше истакната и силната мотивација за нови победи во иднина.

АЛТА Банка, како еден од поддржувачите на клубот, ја нагласи својата гордост што е дел од приказната на Вардар, клуб кој, како што беше посочено, се гради врз страст, посветеност и шампионски дух.

Ракометниот гигант од Скопје го одбележа својот 65-ти роденден со оптимизам и верба во нови успеси на домашната и меѓународната сцена.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка поблиску до младите: активно учество на кариерни настани низ земјава

Објавено

на

Во текот на овој месец, НЛБ Банка беше дел од повеќе кариерни иницијативи и настани, насочени кон поврзување со младите и нивните професионални амбиции. Преку директна комуникација со студентите, банката имаше можност да ги слушне нивните идеи, визии и очекувања за иднината.

Активностите се реализираа на неколку високообразовни институции, меѓу кои Интернационалниот Балкански Универзитет, Универзитетот Американ Колеџ Скопје, York Europe Campus – CITY, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од НЛБ Банка посочуваат дека ваквите средби не се само формални настани, туку простор за инспирација, размена на идеи и градење взаемна доверба. Преку нив, студентите се запознаваат со можностите што ги нуди банката – од практикантство и менторство, до развој на кариера во динамична и мотивирачка работна средина.

Воедно, од банката нагласуваат дека и тие учат од младите – од нивната енергија, љубопитност и подготвеност да размислуваат поинаку.

Овие активности, како што велат, ја потврдуваат важноста од раното поврзување на академското знаење со практичната примена, како клучен чекор во градењето успешни професионални приказни.

НЛБ Банка најавува дека ќе продолжи со инвестиции во младите и нивна поддршка, со цел создавање цврста основа за идните генерации професионалци.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange