Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка стана партнер во Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility) во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дава нова поддршка за зелено финансирање на Комерцијална банка АД Скопје во Северна Македонија.

Кредитот на ЕБОР, во износ до ЕУР 4 милиони, е одобрен од Програмата за зелено финансирање, и ќе обезбеди пристап до финансирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции кои ќе се квалификуваат за поддршка, а се од сферата на технологии за обновлива енергија и/или енергетска ефикасност, наменети за поддршка на зелена и инклузивна транзиција на економијата во приватниот сектор во Северна Македонија.

Програмата за зелено финансирање е програма која се реализира заедно со Обединетите Нации, и е финансирана од Заедничкиот фонд за целите на одржлив развој, Владата на Северна Македонија, ЕБОР и локалните финансиски институции. Истата се имплементира заеднички од страна на УНДП, Меѓународната организација за миграции, Економската комисија на Обединетите Нации за Европа, ЕБОР и Владата на Северна Македонија, со поддршка на Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Заедничката програма бара да се обезбеди пристап до достапна зелена енергија за МСП, и пазарните целни групи на поединци/домаќинства кои немаат пристап до финансии, со цел да инвестираат во обновлива енергија и решенија на енергетска ефикасност, кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот во земјата.

Договорот за кредит беше потпишан од Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија и Маја Стевкова Штериева, Доктор на науки, Главен Финансиски Менаџер и Член на Бордот на Директори на Комерцијална банка АД Скопје.

Фатих Туркменоглу изјави: ,,Овој кредит под Програмата за зелено финансирање ја одразува нашата посветеност за зајакнување на малите и средни претпријатија во земјата, за прифаќање на технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Среќен сум што Комерцијална банка, за прв пат, се приклучува на оваа иницијатива за обезбедување на кредитирање преку Програмата за зелено финансирање. Преку олеснување на пристапот за одржливо финансирање, имаме за цел да ја поттикнеме зелената и инклузивна економска транзиција, овозможувајќи одговорен раст на бизнисите, и нивен придонес во борбата во справување со климатските промени.

Госпоѓа Стевкова Штериева истакна: ,,Горди сме што имаме клучна улога за поддршка на локалните мали и средни претпријатија и нивната транзиција кон решенија за користење на одржлива енергија. Ова финансирање ќе им овозможи на компаниите кои се квалификуваат, да имаат пристап до капиталот кој што им е потребен за инвестирање во технологии од обновливи извори на енергија, и енергетска ефикасност, помагајќи им да ги намалат трошоците, да го подобрат еколошкото влијание, и да придонесат кон транзиција кон поодржлива иднина. Како банка, посветени сме за зајакнување на иновативноста и привлекувањето на економскиот раст во нашите заедници, преку поддршка на МСП во преземање на храбри чекори кон позелена економија.

Комерцијална банка АД Скопје е најголемата банка во Северна Македонија. Таа има најголема мрежа на експозитури во земјата, и нуди широк дијапазон на комерцијални банкарски услуги за поединци и компании во целата земја.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 197 проекти во земјата.

Банки

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид.

Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за децата учесници – летни торби, капи и шишиња за вода, со цел нивниот престој да биде поудобен, попријатен и исполнет со позитивни спомени.

Кампот, кој се реализира во организација на Здружението на граѓани „Мир, слога, стабилност – Скопје“, обединува околу 60 деца од социјално ранливи категории и им овозможува простор за дружење, учење, духовен и личен развој преку едукативни, креативни и рекреативни активности.


Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

мБанка на Комерцијална банка достапна 24 часа дневно

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите дека преку апликацијата мБанка можат да ги користат своите банкарски производи од кое било место и во кое било време.

Услугата е достапна 24 часа на ден и овозможува целосно независно користење на банкарските услуги, без оглед на работното време на Банката.

Од Комерцијална банка ги повикуваат корисниците да ја активираат мБанка и да добијат побрз и поедноставен пристап до своите банкарски производи преку мобилен телефон.

Продолжи со читање

Банки

Битолските бизниси добиваат поддршка за дигитални плаќања преку нова програма на Visa

Објавено

на

Visa, во партнерство со Министерството за дигитална трансформација, Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, ја стартува програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“, наменета за поддршка на микро, мали и средни претпријатија во градот.

Иницијативата има цел да го поттикне користењето на дигитални и безготовински плаќања кај локалните бизниси, како и да придонесе за поголема дигитализација на локалната економија. Конкурсот е отворен од 22 јуни и ќе трае до 31 август 2026 година.

Во рамки на програмата, бизнисите што ќе се пријават ќе можат да добијат Soft POS терминал без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од денот на инсталацијата. Дополнително, секој бизнис ќе добие Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првите 12 месеци.

Пријавувањето се врши директно во локалните експозитури на Халк Банка и НЛБ Банка. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да воведат или да го унапредат користењето на дигитални плаќања во своето работење.

Од Visa посочуваат дека дигиталните плаќања носат конкретни придобивки за компаниите. Според нивното B2B истражување за Северна Македонија, секое второ претпријатие кое вовело дигитални плаќања забележало раст на бројот на купувачи, додека 85 проценти од бизнисите оцениле дека ваквата промена им донела поголема вредност и профит.

„Нашата цел е да ги зајакнеме локалните бизниси, да го унапредиме корисничкото искуство и да придонесеме за понатамошно позиционирање на Битола како модерен, отворен и туристички атрактивен град“, изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека дигитализацијата треба да носи практична корист за граѓаните и компаниите. Според него, безготовинското плаќање и Soft POS терминалите им овозможуваат на локалните бизниси поедноставен начин на работа, а на граѓаните побрза и посигурна услуга.

Од Халк Банка наведуваат дека преку иницијативата ќе продолжат да придонесуваат за развој на дигиталниот платежен екосистем, меѓу другото и преку нивната услуга Mobi POS. Од НЛБ Банка, пак, оценуваат дека ваквите решенија им помагаат на малите и средни претпријатија полесно да направат чекор кон дигитализација без дополнителен финансиски товар во почетната фаза.

Програмата е дел од пошироките активности на Visa за поддршка на дигитализацијата на локалната економија и за поттикнување на безготовинските плаќања во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange