Connect with us

Банки

Преку грижа за заедницата, до финансиска едукација за успех!

Објавено

на

Силк Роуд Банка секогаш се посветува на подигнување на финансиската свест. Во оваа насока, тимот на банката спроведе финансиска едукација на Клиниката за Неврологија.

Водени од мотото „ЗАЕДНО создаваме посигурна иднина со знаење и доверба“, преку практични совети за кредити, кредитни картички и управување со лични финансии, тимот на Силк Роуд Банка им помогна на вработените во Клиниката на Неврологија да научат како подобро да управуваат со личните финансии и да ја подобрат својата финансиска стабилност.

Силк Роуд Банка, со тебе, во секое време!

Банки

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на соопштението во завршниот исказ по мисијата спроведена врз основа на членот IV, позитивно ги оценува стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, како и напредокот во монетарната политика и институционалната рамка на Народната банка.

Во изјавата се посочува на отпорноста на домашната економија, што се огледа во одржувањето солиден раст и во забавувањето на инфлацијата. Воедно, се истакнува дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток и повисоките цени на енергијата се сериозен ризик, а последиците би можеле да се почувствуваат во повеќе сегменти. Поради тоа, се нагласува потребата од натамошно претпазливо водење на монетарната политика.

ММФ ја истакнува модернизацијата на оперативната рамка за спроведување на монетарната политика како значајно достигнување, со кое се зајакнува оперативната ефикасност и флексибилност на Народната банка.

Се нагласува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, со добро капитализирани, ликвидни и профитабилни банки коишто имаат ниско ниво на нефункционални кредити, а спроведените стрес-тестови укажуваат дека системските ризици и натаму се ограничени и се под контрола. Воедно, преземените мерки во делот на макропрудентната политика се оценети како соодветни.

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржување на ценовната и финансиската стабилност, како и на постојаното унапредување на своите политики и алатки, во согласност со најдобрите меѓународни практики.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка најави нов тарифник за физички лица од 1 јуни – кој тарифи и надоместоци се менуваат?

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје најави измени во тарифникот за надоместоци за услуги наменети за физички лица, кои ќе започнат да се применуваат од 1 јуни. Промените опфаќаат платежни сметки, пакет производи, електронско и мобилно банкарство, како и поедноставување или укинување на одредени услуги.

Според новиот тарифник, месечниот надомест за одржување платежна сметка во валута различна од денари ќе изнесува 60 денари. Кај пакетите, цените ќе се движат од 160 до 490 денари месечно за Премиум пакет. За С Пакет Плус надоместокот ќе биде 200 денари, за Смарт пакет 270 денари, додека за Супериор пакет 370 денари.

Промени се воведуваат и кај услугите за електронско и мобилно банкарство. Месечниот надомест за инфо пристап преку интернет-банкарството (Net Banking) ќе изнесува 35 денари, додека издавањето дигитален сертификат (Verba PKI) ќе чини 5.700 денари за нов токен и 4.700 денари за сопствен токен, со важност од три години.

Кај мобилното банкарство (S-banking), регистрацијата на корисник ќе биде бесплатна, а се воведува месечен надомест од 100 денари за активен и 90 денари за пасивен профил.

Од 1 јуни Банката ќе укине и дел од надоместоците, меѓу кои и надоместот за регистрација на активен корисник на мобилното банкарство, како и надоместот за доставување податоци до извршители и нотари.

Дополнително, се поедноставуваат условите за трајни налози, при што се укинува варијабилниот надомест и се воведува фиксен износ од 20 денари за плаќање режиски трошоци и интерни трансакции, вклучително и рати за кредити и кредитни картички.

Согласно законските одредби, ќе се смета дека клиентите ги прифатиле новите услови доколку до нивното стапување во сила не ја известат Банката дека ги одбиваат, односно не побараат раскинување на договорот.

Продолжи со читање

Банки

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите за стабилизација на лирата

Објавено

на

Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“.

Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да го ублажи економското влијание од конфликтот, додавајќи дека побарувачката за свопови укажува оти нема недостиг од девизна ликвидност.

Според пресметките на економистот Хакан Кара, засновани на аналитичкиот биланс на банката, во неделата од 23 до 29 март биле продадени вкупно 21,5 милијарди долари од резервите, што претставува највисоко неделно ниво во историјата.

Во објава на платформата „Икс“, Кара укажа на структурни фактори што влијаат врз достапноста на девизи, како што се одливот на капитал и дефицитот на тековната сметка.

„Доколку се преземат сериозни мерки за ограничување на надворешниот дефицит, ситуацијата може да се стави под контрола. За таа цел, првично треба да се дозволи јасно забавување на побарувачката и кредитирањето“, оцени економистот.

Активностите на централната банка довеле до значително намалување на вкупните резерви во овој период, наведува „Туркије тудеј“. Според најновото соопштение, бруто-резервите изнесувале 177,45 милијарди долари за неделата што завршува на 20 март, додека нето-резервите, коригирани со свопови, се намалиле на 43 милијарди долари, што ја одразува континуираната интервенција на девизните пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange