Банки
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:
„По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија и упис на именувањето во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Габриела Шмол е нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат од 4 години“, се вели во соопштението на Банката.
Со решенија на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, постоечките членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка, Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Славиша Којиќ, Глигор Бишев, Горан Петревски и Татјана Шишковска повторно се именувани за Членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје за период од 4 години.
Во моментов Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Георг Бухер – претседател
- Валбурга Зајдл – заменик претседател
- Славиша Којиќ – член
- Габриела Шмол – член
- Глигор Бишев – член
- Горан Петревски – независен член
- Татјана Шишковска – независен член
Банки
Подарок без промашување: Комерцијална банка нуди gift-картички за Skopje City Mall
Комерцијална банка во соработка со Skopje City Mall нуди подарок-картички што претставуваат практично решение за сите што сакаат да изберат подарок за своите најблиски без ризик да погрешат во изборот.
Подарок-картичките се достапни во износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари и можат да се користат во голем број продажни места во Skopje City Mall. Тие се наменети за различни пригоди, како родендени, свадби, новогодишни празници и други свечени моменти.
Од Банката посочуваат дека картичките се со модерен дизајн, доаѓаат во посебно пакување и овозможуваат додавање уникатна посвета, со што подарокот добива дополнителна лична вредност.
Постапката за добивање е едноставна – заинтересираните треба да посетат експозитура на Комерцијална банка и да го изберат посакуваниот износ. Картичките се издаваат веднаш и без потреба од пополнување формулари.
Подарок-картичката не е персонализирана и може да ја користи секое лице што ја поседува. Средствата на картичката може да се трошат повеќекратно во продажните места во Skopje City Mall што се дел од програмата, во рок од шест месеци од денот на купувањето.
Корисниците можат во секое време да ја проверат состојбата на картичката преку интернет-страницата на Банката или на шалтерите на Комерцијална банка.
Банки
Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка
НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.
Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.
Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.
Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.
НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.
Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.
Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.
Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.
Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.
Банки
Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член
Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.
Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.
Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.
Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар



