Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Битола.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Раководител на
Експозитура Битола

Улога во тимот:

  • Обезбедување континуирано оперативно функционирање на експозитурата;
  • Раководење со процесите на благајничко и картично работење, платен промет, кредитирање, девизно работење, лично банкарство;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Управување со динамични процеси за обезбедување насоченост кон клиентите;
  • Континуирано унапредување на процесите, учество во креирање и следење на деловната стратегија на Банката;
  • Организирање и следење на работата, мотивирање и професионален развој на вработените;
  • Одржување на тимска синергија и високо ниво на комуникација со колегите и раководството на Банката;
  • Познавањето на работењето и работните процеси во Банката, како и изразените комерцијални предиспозиции ќе бидат твојата предност која се надеваме дека ќе можеш да ја искористиш на наведеното работно место.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
  • Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 25.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Раководител на Експозитура Битола.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Кариера

Оглас за вработување на Советник за клиенти-експозитура Куманово во Иуте Македонија

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш како лидери на финтек пазарот и пионери во дигиталната трансформација создаваме исклучително корисничко искуство.

Нашиот тим се шири и во потрага сме на нов член кој ќе му се придружи на тимот за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава и приказната уште поуспешна.

Советник за клиенти-експозитура Куманово

Твоите предизвици:

  • Продажба и промоција на производите и услугите на Компанијата наменети за физички лица, за одржување на активно кредитно порфолио на компанијата;
  • Градење и одржување на исклучително корисничко искуство при секој контакт со клиентите во врска со кредити, отплата, рати, поддршка при аплицирање;
  • Директна и вкрстена продажба на услугите за финансирање на кредити од добиени барања за кредити во експозитурите, веб, партнерска мрежа, по телефон;
  • Активно учествува во давање предлози и идеи за развој на ефикасноста на процесите, експозитурата, зголемување на продажбите.

Зошто да работите во Иуте?

  • Компанијата нуди атрактивна плата и бонуси;
  • Како дел од мултинационална ФИНТЕК компанија IUTE Group AS ќе имате можност да ги запознаете најновите иновации во овој сегмент;
  • Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно;
  • Едноставна организациска структура;
  • Вреднување на индивидуалниот придонес, но и тимскиот дух во рамки на експозитурата и компанијата во целост;
  • Континуирани обуки за развој;
  • Редовни интересни активности и бенефиции за вработените.

Потребни квалификации и способности:

  • Универзитетска диплома
  • Претходно работно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност
  • Напредни компјутерски вештини
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини, како и способност да се разберат потребите на клиентот
  • Ориентиран кон резултати
  • Тимски играч
  • Способност за одредување приоритети
Рок за аплицирање: 15 август 2025 година

Испратете ја Вашата биографија на: [email protected], со назнака Советник за клиенти – Експозитура – Куманово.

Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа, давате согласнот Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Македонија. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту пак, достапни на трети лица.

ПР објава

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување на Самостоен референт во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на  1 лице за позицијата Самостоен референт

  • Локација Дирекција
  • Деловна единица Одделение за сметковоство и известување
  • Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
  • Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката
  • Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката
  • Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ
  • Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето
  • Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката
  • Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност
  • Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни)
  • Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски)
  • Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување
  • Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди
  • Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО
  • Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка
  • Пресметува и книжи амортизација
  • Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници
  • Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив
  • Анализира месечни состојби на билансот на Банката
  • Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци
  • Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга)
  • Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања
  • Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците
  • Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите

Квалификации

  • Работно искуство: Минимум 5 години
  • Образование: предност Економски фалкутет
  • Активно познавање на Англиски Јазик
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Силна етика
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно користење на MS Office.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување Офис менаџер на Управен одбор во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на позицијата Офис менаџер на Управен одбор.

Опис на позицијата

Во потрага сме по организирана, професионална и дискретна личност за позицијата Офис менаџер на Бордот на извршни директори (Управен одбор), која ќе обезбеди целосна административна и логистичка поддршка на Управниот одбор, со акцент на ефикасна организација, доверливост и комуникација.

Клучни одговорности

  • Организирање и координација на состаноци на Управниот одбор (агенда, записници, логистичка поддршка)
  • Управување со календари и комуникација со членовите на Управниот одбор
  • Писмена и усна комуникација со извршниот менаџмент и надворешни заинтересирани страни
  • Архивирање и управување со доверливи документи и одлуки
  • Организација на службени патувања и протоколарни активности
  • Следење и евидентирање на спроведување на заклучоци и задачи од состаноци

Барани квалификации

  • Високо образование од економски или правен смер
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство на слична позиција
  • Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
  • Познавање на деловен англиски јазик – усмено и писмено (задолжително)
  • Организираност, дискреција, внимание на детали и способност за самостојна работа

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange