Connect with us
no baners

Останато

Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Објавено

на

Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, денес (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира „Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023“, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех.

Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA).

Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, Директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик министерот Марјан Ристески во понеделникот го посетија СУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Беше разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Во рамките на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период.

Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетија и СУГС ,,Арсени Јовков“, каде се запознаа со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучуваше и интерактивни сесии со учениците, при што тие споделија свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува.

Во текот на вчерашниот ден беа предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата ги посетија и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.

Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото во текот на денешниот ден ќе остварат средба со Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, со цел да биде договорена идна соработка.

Останато

Патувањата кон ЕУ ова лето со подолги контроли на границите

Објавено

на

Граѓаните кои планираат патување кон земјите од Европската Унија ова лето треба да бидат подготвени за подолги задржувања и дополнителни проверки на граничните премини, поради воведувањето на новите европски системи за контрола на патници.

Европската Унија започнува со постепено воведување на долго најавуваниот систем Entry Exit System (EES), кој ќе ја дигитализира евиденцијата за влез и излез на државјани од земји што не се членки на ЕУ.

Системот автоматски ќе ги регистрира датумот и местото на влез во ЕУ, датумот на излез, евентуално пречекорување на дозволениот престој, како и биометриски податоци, вклучително фотографија од лицето и отпечатоци од прсти.

EES ќе се применува за патници од држави надвор од ЕУ кои влегуваат во шенген-зоната за краток престој, меѓу кои се и граѓаните од регионот. Целта, според европските институции, е зајакнување на безбедноста, побрза евиденција на патници и спречување нелегален престој.

Новиот систем постепено ќе го замени класичното удирање печати во пасошите, а ќе биде поврзан и со ETIAS – европскиот систем за авторизација на патување.

За разлика од EES, кој е бесплатен, ETIAS ќе се наплаќа 20 евра по лице за патници на возраст од 18 до 70 години. Одобрението ќе важи до три години или до истекот на пасошот.

Од плаќање ќе бидат ослободени деца под 18 години, лица постари од 70 години, како и одредени категории членови на семејства на граѓани на ЕУ.

Продолжи со читање

Останато

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ДАНСКАТА НАЦИОНАЛНА БАНКА: Економијата на Гренланд се наоѓа под зголемен фискален притисок

Објавено

на

Економијата на Гренланд се соочува со забавување на економскиот раст и значително влошување на јавните финансии, предупредува Данската национална банка во најновата анализа на економските трендови во овој автономен регион во рамките на Кралството Данска.

Според извештајот, економскиот раст останува скромен и недоволен за да ги апсорбира тековните фискални предизвици. Истовремено, јавните финансии се наоѓаат под зголемен притисок, делумно поради завршувањето на големите инвестиции во аеродромската инфраструктура, како и поради одложувањето на планираните капитални проекти во енергетскиот и други клучни сектори, кои сè уште не се реализирани.

Централната банка на Данска посочува дека состојбата на јавните финансии на Гренланд значително се влошила во текот на 2025 година. Особено загрижувачки е падот на ликвидноста на државната каса, која достигнала критично ниско ниво во втората половина од годината, што ја ограничува фискалната флексибилност на локалните власти.

Поради ваквиот развој на настаните, Данската национална банка оценува дека ќе биде неопходна примена на мерките за фискална консолидација и штедење предвидени во данскиот буџет за 2026 година, со цел стабилизирање на јавните финансии и обезбедување долгорочна одржливост.

Дополнителен структурен ризик претставуваат и демографските трендови. Банката предупредува дека фискалните притисоци ќе продолжат и во наредните години, имајќи предвид дека населението на Гренланд – кое моментално брои помалку од 57.000 жители – старее и се намалува, што директно влијае врз бројот на лица во работоспособна возраст и врз потенцијалот за економски раст.

Според проекциите на Данската национална банка, населението на Гренланд би можело да се намали за околу 20 проценти до 2050 година, што дополнително ќе ја усложни фискалната позиција и ќе ја зголеми зависноста од трансфери и поддршка од Данска.

Овие фактори, наведува банката, ја нагласуваат потребата од структурни реформи, диверзификација на економијата и внимателно планирање на јавните инвестиции, со цел Гренланд да обезбеди поголема економска отпорност на среден и долг рок.

Продолжи со читање

Останато

Изготвувањето на потрошувачката кошничка е при крај, треба да биде донесена до 30 јуни

Објавено

на

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е во завршна фаза, а крајниот рок за нејзино усвојување останува 30 јуни, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој информираше дека документот веќе бил разгледан од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), кои доставиле забелешки и предлози што моментално се обработуваат.

Според Дурмиши, потрошувачката кошничка повторно ќе се најде на дневен ред на наредната седница на ЕСС, по што ќе се утврди дали се потребни дополнителни измени. Доколку сите страни постигнат согласност, кошничката ќе биде официјално објавена и достапна за јавноста.

Министерот посочи дека Министерството во моментов е целосно фокусирано на исполнување на обврските од реформската агенда.

– Работните групи активно работат на сите потребни чекори, а техничките детали околу потрошувачката кошничка се при самиот крај. Забелешките и критиките од членовите на ЕСС се разгледуваат и дел од нив ќе бидат вклучени во финалната верзија – изјави Дурмиши.

Тој нагласи дека по завршување на обврските поврзани со реформската агенда, институциите дополнително ќе се посветат на финализирање на документот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange