Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

Објавено

на

no baners

Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Централната банка на Албанија и Асоцијацијата на финансиски институции на Албанија, а на којашто присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами. Панел-дискусијата на која учествуваа и гувернерот на Албанија, гувернерот на Косово и вицегувернерот од Црна Гора, ја водеше Пол Томсен, поранешен директор на Одделот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд.

Доходовната конвергенција во регионот, од 2019 година па досега, забрза просечно за околу 2,6 п.п., што е значително побавно во споредба со периодот пред глобалната финансиска криза. Сегашното нивото на доходот во регионот и натаму е ниско и изнесува околу 42% од доходот во ЕУ. Причините за бавната конвергенција се главно структурни и можат да се поврзат со трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста. Оттаму, забрзувањето на конвергенцијата наметнува потреба од забрзување на структурните реформи, процес којшто е скап и за кој се потребни соодветни извори на финансирање. 

Во овој контекст, од голема важност е што банкарскиот систем добро се справи со претходните шокови и успеа да го зајакне својот капацитет за обезбедување соодветна финансиска поддршка за раст на економијата. Кај нас адекватноста на капиталот оствари највисок раст во регионот и е највисока во последните две декади, ликвидноста традиционално е на високо ниво, а квалитетот на кредитното портфолио е значително подобар во однос на претпандемичниот период. Сепак, се очекува натамошно зголемување на степенот на финансиско посредување, но и негово унапредување преку поголема дигитализација. Значаен исчекор кон оваа цел може да биде и членството во Единствената област за плаќање во евра СЕПА, со што нашиот систем ќе биде поинтегриран во европскиот платежен систем, обезбедувајќи бројни придобивки за граѓаните и компаниите.

no baners
no baners

Банки

НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.

Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.

За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.

За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.

Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.

Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.

Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.

Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Банки

Светската банка ги запира развојните кредити за Кина од 2031 година

Објавено

на

Светската банка од 2031 година целосно ќе ги запре развојните кредити за Кина, во рамки на новиот петгодишен партнерски план кој го одразува економскиот напредок на земјата.

Според планот договорен меѓу Светската банка и Кина, вкупното кредитирање на Пекинг ќе биде ограничено на две милијарди долари до 2031 година, по што развојните заеми ќе бидат прекинати.

Документот треба да биде разгледан од Одборот на директори на Светската банка во текот на неделата што почнува на 20 јули, но формално гласање не е предвидено, изјавил извор запознаен со процесот.

Претставник на Светската банка, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека Кина во изминатите децении постигнала значаен развоен напредок, со поддршка од Светската банка и други меѓународни институции.

„Сега влегуваме во нова фаза од нашите односи, која ја одразува таа реалност“, изјавил претставникот, пренесува Ројтерс.

Кредитирањето на Кина од средствата на Светската банка континуирано се намалувало во последните години, паралелно со силниот економски раст на земјата и намалувањето на сиромаштијата. Обемот на заемите достигнал врв во 2017 година, кога Кина добила 2,42 милијарди долари кредити, додека во 2025 година тој износ бил намален на 750 милиони долари.

Според Светската банка, нејзината улога во односите со Кина постепено се менува – од кредитор кон партнер кој обезбедува стручна и техничка поддршка во развојот.

Кина, истовремено, останува еден од најголемите финансиери на Меѓународното здружение за развој, фонд на Светската банка наменет за најсиромашните држави. Во последниот циклус на финансирање Кина придонела со 1,5 милијарди долари, со што е петти најголем донатор.

Светската банка во последните години постепено ја намалува кредитната изложеност кон земјите кои достигнале повисоко ниво на економски развој. Претходно овој месец беше донесена слична одлука и за Полска, на која развојните кредити исто така ќе ѝ бидат укинати по 2031 година.

Соединетите Американски Држави и уште неколку земји со години бараа Светската банка да го прекине кредитирањето на Кина, со образложение дека Пекинг повеќе не треба да користи развојни заеми. Портпарол на американското Министерство за финансии го оцени планот како „чекор во добра насока“ и изрази очекување дека и други меѓународни финансиски институции ќе го следат истиот пристап.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange