Продукти
НЛБ Банка воведува Garmin Pay: Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење
Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон. Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во Garmin Pay на нивниот Garmin часовник и да плаќаат брзо, лесно и сигурно, насекаде во светот, со едноставно допирање на часовникот на кој било терминал кој прифаќа бесконтактно плаќање.
Garmin Pay претставува дигитален паричник овозможен на паметен часовник од производителот Garmin. За да ја користат услугата Garmin Pay, клиентите треба да поседуваат Garmin смарт часовник, а за да може да ја преземат апликацијата Garmin Connect, достапна на Play Store и App Store, би требало да поседуваат оперативен систем Android над 7.0 или iOS над 5.0.
Процесот на дигитализирање на картичките е брз и едноставен. По инсталирање на апликацијата, клиентот треба да ја избере опцијата Garmin Pay за да се поврзе со паметниот часовник Garmin. Потоа со само неколку чекори: внесување на картичните податоци, креирање четири цифрен ПИН за плаќање, како и внесување на ОТП код добиен по СМС порака на телефонскиот број на корисникот, часовникот е подготвен за плаќање.
„Воведувањето на Garmin Pay е чекор повеќе кон дигитална трансформација на нашите банкарски услуги. Во светот на плаќањата кој станува сè подигитален, Garmin Pay е уште една во низата иновативни банкарски услуги кои ги нудиме, одговарајќи на потребите на нашите клиенти кои бараат повеќе флексибилност, мобилност и сигурност во нивните финансиски трансакции.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Garmin Pay е целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошоци за преземање на апликацијата, нема трошоци за додавање до 10 картички, и нема провизија при плаќање. Повеќе информации за услугата може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на линкот на веб страницата на Банката.
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември
Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.
Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.
Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

