Connect with us

Банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ од Организацијата на потрошувачи на Македонија

Објавено

на

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ од Организацијата на потрошувачи на Македонија, што претставува значајно признание за банката во поглед на нејзината посветеност на правата и задоволството на потрошувачите.

Овој сертификат се доделува на институции кои се истакнуваат во обезбедувањето точни и транспарентни информации за своите производи и услуги, како и во примена на чесни пазарни практики.

Со овој сертификат, Халкбанк се препознава како институција која се грижи за своите клиенти и активно учествува во нивната финансиска едукација, што е од големо значење за подобрување на финансиската свест и заштита на правата на потрошувачите.

Банки

Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор

Објавено

на

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:

„По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија и упис на именувањето во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Габриела Шмол е нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат од 4 години“, се вели во соопштението на Банката.

Со решенија на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, постоечките членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка, Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Славиша Којиќ, Глигор Бишев, Горан Петревски и Татјана Шишковска повторно се именувани за Членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје за период од 4 години.

Во моментов Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Д-р Георг Бухер – претседател
  • Валбурга Зајдл – заменик претседател
  • Славиша Којиќ – член
  • Габриела Шмол – член
  • Глигор Бишев – член
  • Горан Петревски – независен член
  • Татјана Шишковска – независен член
Продолжи со читање

Анализи

Растат кредитите и депозитите, граѓаните најмногу се задолжуваат со потрошувачки и станбените кредити

Објавено

на

Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11,0%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, соопшти Народна банка.

Во октомври 2024 година, паричната маса се зголеми за 1,6% на месечна основа, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години, при остварен пад на готовите пари во оптек. Анализирано на годишно ниво, паричната маса бележи зголемување од 9,1%, во поголем дел поради растот на депозитните пари, при позитивен придонес и на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад.

Вкупните депозити во октомври, забележаа месечно зголемување од 1,7% поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити од 11,0% произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Во октомври, вкупните кредити остварија раст од 1,8% и 9,2% на месечна и на годишна основа, соодветно. Месечната и годишната промена се резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на
кредитите на корпоративниот сектор.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври, е забележан месечен раст од 3,2%, којшто пред сè се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во денари, при остварен раст и на долгорочните депозити, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад. Споредено на годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 10,0%, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, а дополнителен позитивен придонес имаат и долгорочните депозити и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор5 остварија месечен раст од 2,8%, при годишен раст од 10,4%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен
пад на кредитите во странска валута.

Вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечно ниво, во целост како резултат на растот на долгорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити и депозитните пари. Годишниот раст од 11,7% се должи на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Кредитите на домаќинствата во октомври забележаа месечно и годишно зголемување од 0,9% и 8,2%, соодветно. Промената кај двете основи произлегува од растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории бележат месечен раст од 0,9% и 1,1%, соодветно, како и годишен раст од 7,2% и 11,3%, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е остварено месечно и годишно зголемување од 0,9% и 13,6%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки, во октомври, се повисоки за 0,2% и 1,5%, соодветно, на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 8,5% и 0,8%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка инвестира во развојот на својот највреден ресурс – вработените: Тренинг за лидерство и раст

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да инвестира во својот највреден ресурс – вработените!

Банката успешно ја организираше дводневната тренинг-работилница „Unlocking Change Mindset for Growth“, наменета за менаџери и лидери, која беше спроведена во соработка со Сашо Трипуновски и Best Solutions.

Тренингот беше фокусиран на принципот „Less effort for higher impact“, а учесниците имаа можност да истражуваат клучни аспекти како:

  • Создавање здрава корпоративна култура
  • Донесување стратешки бизнис одлуки преку поставување на вистинските прашања
  • Фокус и развој на тимови во време на динамични промени
  • Акциски планови за постигнување амбициозни цели
  • Моќта на комуникацијата и продуктивноста

Шпаркасе Банка АД Скопје верува дека вложувањето во развојот на луѓето е вложување во иднината!

Продолжи со читање

Популарно