Connect with us

Останато

НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО ОКТОМВРИ – бележат намалување за 0,7 проценти, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти

Објавено

на

Индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,9 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0,7, а цените на мало за 0,1 отсто.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2%, Ресторани и хотели за 1,5%, Рекреација и култура за 0,9%.

Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4%, Облека и обувки за 1,4%, Транспорт за 0,7%, Здравје за 0,3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1%.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година изнесува 99,9.

Останато

Црна Гора прва од Балканот стана дел од СЕПА зоната

Објавено

на

Црна Гора официјално стана дел од Единствената зона за плаќање во евра (SEPA), потврдувајќи го овој важен чекор за финансиската интеграција на земјата во Европската Унија. Преку успешното усогласување на националниот платен систем и регулативата со стандардите на ЕУ, Црна Гора стана првата земја од Западен Балкан која пристапува во СЕПА.

„Црна Гора, под водство на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), успешно ги усогласи националниот платен систем и регулативата со стандардите на Европската Унија (ЕУ), станувајќи првата земја од Западен Балкан која пристапува кон СЕПА“, се наведува во соопштението на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и Европскиот совет за плаќања.

Овој потег ќе овозможи од април 2025 година, црногорските финансиски институции да започнат со испраќање и примање СЕПА кредитни трансфери, моментални трансфери и директни задолжувања со минимални или без никакви трошоци. Ова ќе ја поедностави и забрза размената на плаќања со земјите од Европската Унија, и ќе ги направи трансакциите поповолни за граѓаните и компаниите.

Гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирина Радовиќ, изрази уверување дека ова е значаен чекор за финансиската интеграција на земјата со ЕУ, додека директорот на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли, го оцени овој напредок како потврда на европската определба за унапредување на електронските плаќања во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Објавено

на

И покрај повеќето кризи стабилноста на финансискиот систем е задржана, а ризиците останаа на умерено ниво. Минатата година финансиските институции работеа во поповолен макроамбиент и остварија солидни резултати и продлабочена финансиска интермедијација. Но сепак, и натаму постојат ризици и неизвесности главно поврзани со надворешното окружување и влијанието на геополитичките превирања и геоекономската фрагментација. Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност, којшто се одржа во Народната банка.

Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Крсте Шајноски. На седницата беше разгледан Извештајот за финансиска стабилност во 2023 година, при што беше истакнато дека билансите на домаќинствата и на корпоративниот сектор се со солиден капацитет, што обезбедува отпорност на шоковите и на затегнатите услови на финансирање. Сепак, со оглед на растот на задолженоста има потреба од натамошна внимателност и од страна на финансиските институции и од страна на финансиските регулатори при водењето на макропрудентните политики на, како поддршка за одржувањето на финансиската стабилност и во следниот период.

Говорејќи за банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочи дека и минатата година адекватноста на капиталот продолжи да се зајакнува што е предуслов за повисок кредитен раст, но и за поголема отпорност на банкарскиот сектор од кризи. Ова е резултат и на внимателното однесување на самите банки, но и на регулаторните мерки во услови на позитивни финансиски резултати во работењето. Со тоа беше остварено и натамошно приближување кон стапката на адекватност на капиталот во ЕУ, која  е повисока од нашата. Квалитетот на кредитно портфолио на банкарскиот систем се задржа на ниво кое  е подобро во споредба со преткризниот период. Како резултат на добрата билансна позиција на банкарскиот систем продолжи да забрзува и кредитниот раст за поддршка на компаниите и граѓаните. Сепак, со оглед на присутните ризици, потребно е внимателно следење на состојбите и натамошно градење на отпорноста на банкарскиот систем.

„Комитетот за финансиска стабилност во нов состав, којшто ги опфаќа членовите од Министерството за финансии, и натаму ќе игра значајна улога во одржувањето на финансиската стабилност во земјата. Комитетот за финансиска стабилност ќе постапува во согласност со законските одредби и ќе ги утврдува и ќе ги следи системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем со цел надлежните органи да преземаат макропрудентни мерки заради одржување на финансиската стабилност во земјава, којашто e потврдена со презентираниот извештај“, рече министерката за финансии.

„Останувајќи доследни во спроведувањето на јавните овластувања, Комисијата за хартии од вредност продолжува да врши надзор  и да го регулира пазарот на капитал,  да ги мониторира и да ги превенира  потенцијалните пазарни ризици и да ја обезбедува стабилноста на пазарот на капитал. Свесноста дека финансиските институции не делуваат во институционален вакуум, а притоа имајќи ги предвид  растечките ризици кои произлегуваат од зголемената зависност на финансиските институции од дигитални технологии, во иднина се повеќе треба да се посветиме на важноста на дигиталната отпорност за критичната пазарна инфраструктура како основа за стабилноста на пазарот на капитал и на финансискиот систем во целина“, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити.

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, истакна дека МАПАС обезбедува постојано функционирање, развој и унапредување на вториот и третиот столб, транспарентост и ефикасна супервизија на вториот по големина сегмент во финансискиот сектор во земјава. МАПАС внимателно ги следи состојбите во капитално финасираното пензиско осигурување и потенцијалните ризици во вториот и третиот столб, воопшто, и секако со посебен акцент на глобалните состојби и реагирањето на пензиските друштва во однос на нивните инвестициски стратегии и тактики со цел остварување на највисок принос, единствено во полза на членовите на пензиските фондови. Тој истакна и дека Агенцијата како регулатор и супервизор посветено работи и кон промоција на пензискиот систем и финансиската писменост и инклузија за развивање на свеста на јавноста и соработува со институциите вклучени во пензиското осигурување и релевантните институции од финансиската област за остварување на својата мисија – заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Крсте Шајноски, посочи дека осигурителниот пазар во првите девет месеци годинава бележи интензивен раст на вложувањата во осигурување и умерено зголемување на исплатените штети покриени со осигурување. Вкупниот износ на вложувања во осигурителни производи надминува 12 милијарди денари. За истиот период граѓани, компании и институции од друштвата за осигурување наплатиле над 4 милијарди денари за осигурани штети. Сите друштва за осигурување во целост ги исполнуваат законски пропишаните барања и располагаат со доволно средства за покривање на техничките односно математичките резерви.

На седницата беше истакнато дека финансиските регулатори ќе продолжат со натамошно координирано следење на состојбите и навремена размена на сите релевантни информации и дека се подготвени да реагираат соодветно на случувањата, секој во рамките на надлежностите на својот мандат. Сите регулатори на финансискиот систем имаат доволно инструменти што може да ги користат доколку е неопходно, со што се гарантира дека финансиската стабилност ќе биде задржана и во следниот период.

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Обединетото Кралство се зголеми на 2,3% во октомври, принудувајќи ја Банката на Англија да го одложи намалувањето на каматните стапки

Објавено

на

Инфлацијата во Обединетото Кралство порасна на 2,3% во октомври 2024 година, што ја натера Банката на Англија да го одложи дополнителното намалување на каматните стапки, објави Канцеларијата за национална статистика (Office for National Statistics – ONS).

Ова беше резултат на зголемените сметки за енергија, кои го поттикнаа индексот на потрошувачки цени (CPI) и го променија трендот на намалување на инфлацијата што беше видлив во септември, кога таа беше 1,7 проценти.

Главната причина за овој пораст на инфлацијата се пониските цени на нафтата, но повисоките цени на гасот и електричната енергија го зголемија вкупниот раст на трошоците. Според Канцеларијата за национална статистика (ONS), кварталната цена на енергијата се зголемила за 10% во октомври и се очекува повторно да порасне во јануари.

Иако, креаторите на монетарната политика во Банката на Англија веќе во два наврати ја намалија основната каматна стапка во текот на годината на ниво од 4,75%, се очекува дека дополнителното намалување на каматните стапки ќе биде одложено најмалку до февруари 2025 година. Нивната цел и задача е да ја одржат инфлацијата на околу 2 проценти.

Продолжи со читање

Популарно