Connect with us

Банки

НЛБ Банка го заокружи „НЛБ месецот на штедење“ со порака за хуманост и позитивни промени во заедницата

Објавено

на

Со изложба на детски цртежи, награди и благодарници за децата и основните училишта кои земаа учество во „НЛБ Месецот на штедење“, денеска со свечен настан се заокружи едномесечната активност која традиционално, веќе 13 години, ја организира НЛБ Банка по повод Месецот на штедење.

Под слоганот „Штедиме и правиме добри дела“ и годинава, Банката имаше уште едно успешно издание на Месецот на штедење, во рамките на кој пристигнаа повеќе од 1.500 цртежи и 25 реализирани хуманитарни предизвици од основни училишта ширум земјата.

На денешниот настан, НЛБ Банка награди 30 деца-автори на најдобрите цртежи кои пристигнаа на конкурсот со штедни книшки со паричен влог од 3.000 денари. За изборот на 20 победнички цртежи беше задолжена стручна жири-комисија составена од академски уметници, додека останатите 10 беа избрани преку отворено гласање на микросајтот на Банката, отворен специјално за оваа намена.

Со наставно помагало, училиштен микроскоп, беа наградени и сите 25 основни училишта кои одговорија на годинешниот предизвик, реализирајќи хуманитарни активности како; посета на домови за стари лица и претстави за штитениците, донаторски акции во храна, облека и играчки за ранливи категории, помош на изнемоштени лица од нивното соседство и низа други.

„НЛБ Месецот на штедење е една од најзначајните активности кои ги реализираме во областа на финансиската едукација затоа што веруваме дека финансиската писменост е важна животна вештина. Создавањето штедни навики кај децата од најрана возраст, не само што им помага да ја разберат вредноста на парите, туку и ги опремува со алатки кои ќе им користат во текот на целиот живот.“ – истакна на настанот Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, а во контекст на годинешната тема „Штедиме и правиме добри дела“ тој додаде: „Како општествено одговорна институција ние навистина правиме многу добри дела. Но нашата улога во заедницата е многу повеќе од тоа. Искористувајќи ги сите наши ресурси, ние имаме обврска да ја десиминираме пораката за хуманост и да поттикнуваме позитивни промени во заедницата. Токму затоа годинава ја избравме оваа тема и среќни сме што успеавме во нашиот мотив“.

НЛБ Месецот на штедење започна на 25 септември со претстава со маскотите на детското штедење на Банката, Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје кои во своето обраќање ставија фокус на промоцијата на хумани вредности. Забавно-едукативната програна љубопитно ја проследија основци од неколку училишта од Скопје, но во текот на едномесечната кампања беа посетени и голем број основни училишта во низ земјата во кои беше изведена едукативната претстава со Тиби и Штуки, а на тема штедење, предавања одржаа вработени од експозитурите на Банката.

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange