Банки
Стопанска банка АД – Скопје со успешен настап на Спортските игри по повод Денот на штедењето
На 26.10.2024 година (сабота) се одржаа традиционалните Спортски игри по повод “Ден на штедење” организирани од Синдикатот на финансиските организации на Македонија – СФОМ.
Натпреварувањата беа реализирани согласно претходно најавена временска рамка и распореди и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера, во која преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и фер плејот беше во приоритет.
Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.
Вработените на Стопанска банка АД – Скопје имаа успешен настап на спортските игри по повод Денот на штедењето.
Во конкуренција на 13 финансиски институции, тимот на Стопанска банка АД – Скопје собра две златни, две сребрени и две бронзени медали. Златото им припадна на машката екипа во тенис и во пикадо. Второто место го освоија машката екипа во фудбал и мешаната екипа во шах, додека на трето место се пласираа мешаната екипа во одбојка и женската екипа во баскет.
Стопанска банка АД – Скопје им честита на организаторите на Спортските игри – СФОМ за успешната организација и секако на своите колеги кои повторно докажаа дека се тим кој продолжува да освојува и да создава.
Банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје
Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на
ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
П О В И К
за учество на Собрание на акционери
59-то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје кое ќе се одржи на 04.12.2024 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Шпаркасе Банка АД Скопје на ул. Васил Иљоски бр. 14 Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;
2. Разгледување на Записник од 58.седница на Собранието на акционери;
3. Предлог Одлука за избор на друштво за ревизија на Шпаркасе Банка АД Скопје за 2024 година
4. Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.
Банки
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година
На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година.
„Горди сме што оваа чест годинава ја понесоа нашите колеги Снежана Атанасова и Миле Арсовски. Честитки за нивните достигнувања и благодарност за нивниот труд и нивната посветеност кон професијата и кон клиентите. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди и успеси!“, велат од ПроКредит Банка.
Банки
Подарок штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето
Денот на штедењето, Комерцијална банка го прослави и со традиционалната посета на родилишта и доделување подарок штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за бебињата родени на 31 октомври.
Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца.
Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност.
Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Вработувањепред 4 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје