Банки
Халкбанк го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра
Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Со оваа емисија, Халкбанк АД Скопје издаде 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари. Единствен купувач на новите акции е матичната банка Халкбанкаси А.Ш. Туркије, која континуирано ја поддржува банката во нејзиниот раст и развој.
Халкбанк АД Скопје е еден од водечките и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегменти на деловното работење. Таа е стабилна банка со значајна капитална основа, која се обезбедува преку реинвестирање на добивките во Северна Македонија и насочување кон одржлив раст. Новата докапитализација е потврда за сигурноста и стабилноста на банката, како и за нејзината посветеност на долгорочен развој на македонскиот финансиски пазар.
Банки
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ
Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија Нацевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Нацевска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.
Економските состојби и предизвиците од неколкуте кризи во изминатиот период, економските проекции, монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени се дел од темите коишто ќе бидат обработени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат и соработуваат за повеќе суштински теми, како намалувањето на сиромаштијата, меѓународниот економски развој и финансии, развојот на човечкиот капитал и зајакнувањето на отпорноста и одржливоста.
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 23 октомври 2024 година
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 23 октомври (среда) поради прослава на Денот на Македонската револуционерна борба.
На 24 октомври експозитурите и филијалите на Банката продолжуваат со редовно работно време.
Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино, Прилеп и во Охрид.
Банки
Шпаркасе Банка беше Premium спонзор на овогодинешниот Балкански економски форум (BEF)
Балкан Економик Форум – БЕФ се одржа во Загреб на 18 октомври 2024 година.
Шпаркасе Банка беше горд Premium спонзор на овој настан.
Овогодинешниот форум собра лидери и иноватори од Балканот и Европа, кои разменуваа идеи и искуства за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.
Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, Балкан Економик Форум – БЕФ вклучи четири панели: Циркуларна економија, Иновации и претприемништво, Отпорност на климатски промени и Чиста енергија.
На конференцијата учествуваа врвни експерти од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива. Крајната цел на Здружението за регионален развој е да стане платформа за споделување идеи и предлози за решавање на најголемите економски предизвици на Балканот, поддржувајќи ги напорите на владите за одржлив економски раст, регионална соработка, мир и безбедност.
- Банкипред 3 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 3 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 3 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 3 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 3 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 2 недели
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Вработувањепред 2 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври