Connect with us
no baners

Банки

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

Објавено

на

Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот на усогласеност на националната правна рамка со европското законодавство за чија што оценка беше обезбедена и техничка помош од Светската банка. Нашата земја, Албанија и Црна Гора од страна на Светската банка во овој процес беа оценети со висок степен на усогласеност со правната рамка и беа првите три од шесте земји од Западен Балкан, чии што централни банки, во текот на јуни и јули, поднесоа апликации за членство до Европскиот Совет за плаќања . Очекувањата се дека трите земји се со голема можност за скорешно пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА)“, изјави вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ.

Нацевска потенцира дека со поднесувањето на самата апликација со целата пропратна документација која претставува огромен пакет од документи, нашата земја покажа дека релевантната европска регулатива е преточена во домашното законодавство, а пристапот до европскиот платежен систем ќе подразбира користење на придобивките пред земјава да стане полноправна членка на ЕУ. 

Членството во СЕПА е една од приоритетните активности коишто се поддржани со најновиот план за раст од страна на Европската комисија, којашто има за цел забрзана економска интеграција и доближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ, што ќе овозможи граѓаните и компаниите што поскоро да ги почувствуваат бенефитите од членството. Со пристапувањето, значително ќе се намалат трошоците за прекуграничните плаќања во евра, ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, ќе се подобри управувањето со готовинскиот тек, ќе се зајакне пристапот до пазарите во ЕУ, ќе се подобрат односите со деловните партнери преку побрзо порамнување на плаќањата“, истакна вицегувернерката Нацевска, нагласувајќи дека главниот двигател на СЕПА е поттикнување на конкуренцијата, а со тоа намалување на трошоците и забрзување на прекуграничните плаќања кои ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди. 

Пристапувањето ќе биде особено значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан, тие играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15% од БДП. Трошоците за извршување на дознаките, кои се околу 6,7% од износот на трансакцијата тековно, ќе се преполоват на околу 3%, пришто на ниво на регионот на Западен Балкан ова може да придонесе за заштеда од дури половина милијарда евра. Значајни заштеди се очекуваат и кај фирмите. Според студија на Светска банка која ги анализира трошоците за извршување плаќања од микро, малите и средните фирми помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, плаќање на износ од 5.000 евра од фирма во Западен Балкан кон фирма во ЕУ чини 10 пати поскапо отколку плаќање помеѓу фирмите во ЕУ. Трошоците во обратна насока, кога фирма од ЕУ плаќања кон фирма од Западен Балкан, се уште повисоки односно 12 пати повисоки во споредба со тоа кога плаќањето се извршува помеѓу фирмите од ЕУ. Трошоците за плаќањата на поголеми износи се уште повисоки“, истакна вицегувернерката Нацевска. Според проценките на Светската банка членството во СЕПА може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, посочи Нацевска.

Вклучувањето во СЕПА е приоритет за Народната банка и другите институции вклучени во процесот, истакна Нацевска, кое ќе овозможи забрзување на трговската и финансиската интеграција на земјата во ЕУ и повисок економски раст.

Банки

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид.

Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за децата учесници – летни торби, капи и шишиња за вода, со цел нивниот престој да биде поудобен, попријатен и исполнет со позитивни спомени.

Кампот, кој се реализира во организација на Здружението на граѓани „Мир, слога, стабилност – Скопје“, обединува околу 60 деца од социјално ранливи категории и им овозможува простор за дружење, учење, духовен и личен развој преку едукативни, креативни и рекреативни активности.


Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

мБанка на Комерцијална банка достапна 24 часа дневно

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите дека преку апликацијата мБанка можат да ги користат своите банкарски производи од кое било место и во кое било време.

Услугата е достапна 24 часа на ден и овозможува целосно независно користење на банкарските услуги, без оглед на работното време на Банката.

Од Комерцијална банка ги повикуваат корисниците да ја активираат мБанка и да добијат побрз и поедноставен пристап до своите банкарски производи преку мобилен телефон.

Продолжи со читање

Банки

Битолските бизниси добиваат поддршка за дигитални плаќања преку нова програма на Visa

Објавено

на

Visa, во партнерство со Министерството за дигитална трансформација, Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, ја стартува програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“, наменета за поддршка на микро, мали и средни претпријатија во градот.

Иницијативата има цел да го поттикне користењето на дигитални и безготовински плаќања кај локалните бизниси, како и да придонесе за поголема дигитализација на локалната економија. Конкурсот е отворен од 22 јуни и ќе трае до 31 август 2026 година.

Во рамки на програмата, бизнисите што ќе се пријават ќе можат да добијат Soft POS терминал без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од денот на инсталацијата. Дополнително, секој бизнис ќе добие Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првите 12 месеци.

Пријавувањето се врши директно во локалните експозитури на Халк Банка и НЛБ Банка. Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да воведат или да го унапредат користењето на дигитални плаќања во своето работење.

Од Visa посочуваат дека дигиталните плаќања носат конкретни придобивки за компаниите. Според нивното B2B истражување за Северна Македонија, секое второ претпријатие кое вовело дигитални плаќања забележало раст на бројот на купувачи, додека 85 проценти од бизнисите оцениле дека ваквата промена им донела поголема вредност и профит.

„Нашата цел е да ги зајакнеме локалните бизниси, да го унапредиме корисничкото искуство и да придонесеме за понатамошно позиционирање на Битола како модерен, отворен и туристички атрактивен град“, изјави Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека дигитализацијата треба да носи практична корист за граѓаните и компаниите. Според него, безготовинското плаќање и Soft POS терминалите им овозможуваат на локалните бизниси поедноставен начин на работа, а на граѓаните побрза и посигурна услуга.

Од Халк Банка наведуваат дека преку иницијативата ќе продолжат да придонесуваат за развој на дигиталниот платежен екосистем, меѓу другото и преку нивната услуга Mobi POS. Од НЛБ Банка, пак, оценуваат дека ваквите решенија им помагаат на малите и средни претпријатија полесно да направат чекор кон дигитализација без дополнителен финансиски товар во почетната фаза.

Програмата е дел од пошироките активности на Visa за поддршка на дигитализацијата на локалната економија и за поттикнување на безготовинските плаќања во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange