Connect with us

Берза

Со дебата ,,Mладите и финансиите“ Македонска берза по четврти пат се приклучи на „Ring the Bell for Financial Literacy“

Објавено

на

Македонска берза четврта година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO). 

По овој повод, на 16.10.2024 година се одржа тркалезна маса на тема „Mладите и финансиите: Дали како општество ја подобруваме финансиската писменост и независност?“. Учесници во дискусијата беа Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков, Редовен професор на Економски факултет – Скопје, УКИМ, Проф. д-р Душица Стевчевска-Србиноска – CPA, Вонреден професор на Факултет за деловна економија и организациони науки, УАКС, Проф. д-р Дарко Лазаров, Вонреден професор на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Проф. д-р Александар Стојков, Редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“. Модератор на настанот беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза Скопје.

Целта беше да се отвори поширока дебата за важноста од задржување и/или зголемување на атрактивноста на изучување на економијата и на финансиите во нашето општество , но и  да се нагласи  потребата од рано вклучување на младите во светот на финансиските пазари, како предуслов за нивна побрза индивидуална економска независност. Стана збор и за актуелните состојби и трендови во доменот на финансиската едукација кај нас, како и за клучните вештини кои им се неопходни на младите генерации.

Ова беше прв настан од серијата  активности кои Македонска берза заедно со другите чинители на домашниот пазар на капитал (брокери, банки, инвестициски и пензиски фондови) планира да ги реализира во периодот што следува, најпрво заради мотивирање и подигнување на интересот кај младите за овој  сегмент на финансискиот систем, а потоа и како инвеститори и како професионалци во индустријатата на хартии од вредност.

Видеото од настанот е прикачено на YouTube каналот на Македонска берза и е достапно на следниот линк.

Берза

Нов годишен извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со ККУ

Објавено

на

Македонска берза го изготви вториот Годишен извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување.

Во текот на 2024 година, котираните друштва коишто согласно Правилата за котација на Берзата се должни да известуваат за примената на Кодексот за корпоративно управување, по втор пат известија за неговата примена преку пополнување на соодветните прашалници во коишто ги опишуваат нивните корпоративни практики во текот на изминатата 2023 година. Анализата на нивните одговори покажува дека просечната стапка на усогласеност на корпоративното управување на сите друштва со Кодексот во 2023 година е 79%.

Овој извештај дава споредбен приказ на податоците за усогласеност на котираните друштва за 2022 и 2023 година. Компаративните податоци покажуваат дека просечниот квантитативен процент на усогласеност со Кодексот во 2023 година, во однос на 2022 година се зголемил за 3%.

Податоците за нивото на усогласеност на друштвата со Кодексот во овој Извештај се однесуваат збирно за сите котирани друштва и се базирани на фактичките информации за усогласеноста на друштвата со Кодексот, без да се навлегува во оценка на квалитетот на практиките на управување и известување. Извештајот се базира на проценката што самите друштва ја навеле за нивната усогласеност со конкретните делови и одредби од Кодексот.

Извештајот е достапен на следниот линк: https://www.mse.mk/mk/content/2/10/2023/corporate-governance-code

Продолжи со читање

Берза

Јавна опомена за котиранoтo друштвo Пелистерка АД Скопје поради непочитување на берзанските правила

Објавено

на

Друштвото Пелистерка АД Скопје заработи јавна опомена за непочитување на берзанските правила, бидејќи компанијата не ги објавила во определениот рок одлуките од акционерското собрание.

На друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата, поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација.“ – се вели во известувањето.

Продолжи со читање

Берза

Обезбедување генерациски континуитет на бизнисот – тема на најновиот состанок со членките на БУМ Клубот

Објавено

на

На 19.09.2024 година, во просториите на Македонска берза, во коорганизација на Берзата и PwC Македонија, се одржа нов редовен состанок со компаниите, членки на Клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија). Покрај постојните членки во БУМ Клубот, на настанот беа поканети и присуствуваа основачи и/или наследници на основачите од редот на најуспешните семејни компании во Република Северна Македонија.

Пред присутните, специјална презентација имаше г-ѓа Ewelina Grzelak од PwC Полска, докажан експерт со над 15 години искуство во развивањето на семејни претпријатија, водечки авторитет во изработката на иновативни решенија за наследување на семејни бизниси и ко-основач на клубот Sukcesora на PwC. Г-ѓа Grzelak навлезе во клучни теми како што се планирање на сукцесијата кај семејните бизниси, усогласување на меѓугенерациските визии за иднината на бизнисот и вклучување на пошироки семејни групи во одлучувањето.

Во рамките на дисусијата Иван Мишев и Васко Соткароски од  PwC Македонија се фокусираа на правните механизми за планирање и имплементација на сукцесија на семејните бизниси во македонскиот правен систем. Илчо Лазарески од Македонска берза подетално говореше за тоа како излегувањето на берза би можело да ги реши прашањата на сукцесија во компаниите. Интересните дискусии и споделените искуства обезбедија корисни насоки за сите учесници во насока на градење на одржливи мултигенерациски семејни бизниси.

Во БУМ Клубот членуваат дваесетина домашни компании од различни сектори. Клубот официјално започна со работа минатата година. Целта на неговото формирање е стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување на специфичен know-how и комуникација со останати компании, организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот примарно настојува да помогне во поврзувањето на инвеститорите и компаниите – членки на Клубот, со акцент на финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.

Состаноците на клубот се организираат квартално.

Компаниите кои сакаат да станат членки на овој Клуб може да поднесат апликација за членство во Клубот. Апликацијата е достапна на следниот линк: https://bum.mse.mk/

Продолжи со читање

Популарно