Connect with us
no baners

Кариера

1.000 огласи за работа од Македонија и регионот: Започна Најголемиот регионален онлајн саем за вработување!

Објавено

на

no baners

Најголемиот онлајн саем за вработување во регионот оваа година собра повеќе од 120 компании кои нудат скоро илјада огласи за работа. На првиот ден од неговото отворање се забележани посети од над 100.000 единствени корисници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ.

За разлика од некои минати времиња, кога беше вообичаено целиот работен век да се помине кај еден работодавач, денешните работници почесто ги менуваат работните места, поради подобри услови за работа, потрага по нови предизвици или желба за промена на работната средина.

Оваа есен, секој што сака да направи чекор напред во кариерата може да го направи тоа во текот на следната недела, на 15-от Регионален саем за вработување, од 15 – 22 октомври!

Посетителите ги очекуваат скоро илјада огласи за работа

Саемот беше отворен на 15.10.2024 година, а сите заинтересирани посетители можат да ги посетат неговите виртуелни штандови до 22 октомври.

На овогодинешниот саем учествуваат 125 компании од Македонија и од соседните земји, кои нудат скоро 1000 различни слободни работни места, обезбедувајќи им на кандидатите широк спектар на можности во различни индустрии.

Саемот го организира Алма Кариер Северна Македонија, компанија најпозната по својот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Делогласник – Словенија.

Регистрацијата е брза и лесна

Саемот трае 7 дена и е достапен 24 часа на ден, а до него може да се пристапи преку сите десктоп и мобилни уреди од удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е стабилна интернет конекција.

Покрај богатата понуда на огласи за вработување, посетителите на виртуелните штандови на работодавачите можат да најдат информации за компаниите, да дознаат нешто повеќе за искуствата на вработените, да разгледаат фотогалерии и да добијат детален увид во компаниската култура.

Аплицирањето е исклучително едноставно и брзо

Кандидатите имаат можност да се пријават на неколку огласи одеднаш, а првите разговори со потенцијалните работодавачи може да се одржат преку опцијата chat или видео повик.

Компании кои може да ги најдете на саемот оваа година се: Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, WoltAptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.

Посетете го саемот до 22 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и аплицирајте за промена на подобро!

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange