Банки
Вработените во НЛБ Банка донираа храна за лица во социјален ризик
Во пресрет на 16 октомври, Меѓународниот ден на борба против гладта, НЛБ Банка во соработка со организацијата на Црвениот крст реализираше акција во која вработените на Банката донираа храна и парични средства за набавка на храна за лица во социјален ризик.
Меѓународниот ден на борба против гладта оваа година е посветен на темата „Право на храна за подобар живот и подобра иднина“. Овој ден има за цел да ја подигне глобалната свест за пристап до доволно и квалитетна храна за сите.

“За жал многу семејства и поединци секојдневно се соочуваат со проблемот на недостиг на храна. Храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, за да се соберат сили да се надминат и другите животни предизвици. Оваа иницијатива е дел од нашите напори да правиме добри дела, да ја поттикнеме општествената одговорност и да создаваме подобар свет. Хуманоста и посветеноста на нашиот тим ги рефлектираат нашите основни вредности како Банка за грижа и поддршка на заедницата“, велат од НЛБ Банка.

Оваа година, организацијата на Црвениот крст ја реализира кампањата под мотото „Помислете и на нас“, со што се вклучува во глобалните акции за борба против гладта. Целта е да се подигне свеста на јавноста за проблемите со сиромаштијата и да се даде поддршка на општествено одговорните компании кои сакаат да пружат помош.
НЛБ Банка упатува искрена благодарност до своите вработени кои донираа храна и парични средства и ги охрабрува и останатите компании и поединци да се вклучат во хуманитарната акција за поддршка на ранливите категории во заедницата.

Банки
НЛБ Банка Скопје создава ново место за дружење и навивање во срцето на градот
НЛБ Банка Скопје ова лето им нуди на граѓаните можност да го доживеат Светското првенство во поинаква атмосфера. Со NLB Fun Pit зоната, поставена кај „Вембли“ во Градскиот парк, банката создаде простор каде спортот, забавата и дружењето се спојуваат на едно место.
До 19 јули, секоја вечер посетителите можат бесплатно да ги следат натпреварите од Светското првенство на голем ЛЕД екран, во амбиент под отворено небо и во друштво на бројни фудбалски фанови.
Покрај организираното заедничко следење на натпреварите, НЛБ Банка Скопје се погрижи посетителите да уживаат и во дополнителни активности, како пријателски турнири во фудбалче и музичка програма, со што NLB Fun Pit прераснува во место за активна забава и нови дружби.

Со оваа иницијатива, НЛБ Банка Скопје уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање позитивни искуства за заедницата и поддршка на настани што ги поврзуваат луѓето преку спортот и заедничките моменти.
NLB Fun Pit е отворен за сите посетители до 19 јули, а влезот е бесплатен.
Банки
Народната банка го модернизира системот за статистики со нов дигитален склад на податоци
Народната банка ги заврши првите две фази од проектот финансиран од Европската Унија, насочен кон зајакнување на капацитетите во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи.
Проектот предвидува воспоставување современ дигитален склад на податоци, кој треба да овозможи побрза обработка, подобра анализа и поголема достапност на статистичките информации за институциите и за јавноста.
Во првата фаза била направена анализа на постојната состојба и била подготвена функционална спецификација, додека во втората фаза е изработен дизајнот на ИТ-решението и нацрт-документацијата. Во следниот период треба да продолжат развојот, тестирањето и имплементацијата на новото системско решение.
Од Народната банка посочуваат дека новиот систем ќе придонесе за целосна дигитализација и оптимизација на работните процеси, зголемување на оперативната ефикасност и обезбедување поквалитетни, посеопфатни и полесно достапни статистички податоци.
Според институцијата, поддршката од Европската Унија е важна и за исполнување на обврските во процесот на европска интеграција, како и за понатамошно усогласување со статистичките стандарди и практики на ЕУ.
Покрај воспоставувањето на новиот склад на податоци, проектот опфаќа и воведување на меѓународниот стандард ISO 20022 во Македонскиот интербанкарски платен систем, МИПС. Од Народната банка оценуваат дека тоа е уште еден значаен чекор во модернизацијата на домашниот платен систем и неговото усогласување со европските и светските стандарди.
Банки
Лагард не исклучува предвремено заминување од ЕЦБ поради француската политика
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, не ја исклучи можноста предвреме да ја напушти функцијата, во период кога во Франција се засилуваат политичките подготовки за претседателските избори во 2027 година.
Лагард, чиј мандат на чело на ЕЦБ завршува во октомври 2027 година, во интервју за францускиот весник „Les Echos“ изјави дека предвремено заминување е „можно“. Нејзините коментари доаѓаат во пресрет на претседателската трка во Франција, во која актуелниот претседател Емануел Макрон нема право повторно да се кандидира.
„Сметам дека европски глас мора да се слушне во француската претседателска дебата“, изјави Лагард. Таа додаде дека, доколку во кампањата се појави перспектива што би ја намалила улогата на Франција во Европа, ќе биде потребно да се објасни зошто таквиот пат би бил болен за земјата и за нејзините граѓани.
На прашањето дали би размислила лично да се вклучи во претседателската кампања, со поддршка за некој кандидат или со сопствена кандидатура, Лагард одговори дека ќе си „постави некои прашања“.
Според анкетите, лидерот на крајнодесничарската партија Национален собир, Жордан Бардела, во моментов е фаворит за наследник на Макрон. Бардела најавува преиспитување на позицијата на Франција во Европската Унија и тврди дека Европската комисија и ЕУ треба повторно да бидат „во служба на нациите“.
Првиот круг од претседателските избори во Франција треба да се одржи во април 2027 година, а доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, ќе следува втор круг меѓу двајцата најдобро пласирани кандидати.
Лагард, сепак, нагласи дека на краток рок останува посветена на својата функција во Европската централна банка. „Мојот мандат завршува во октомври 2027 година. Мојата мисија е да ја одржам ценовната стабилност. Бидејќи повторно сме во период на турбуленции, сметам дека капетанот на бродот на ЕЦБ мора да остане на бродот“, изјави таа.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 1 месецАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
