Connect with us
no baners

Продукти

Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30%

Објавено

на

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (ОН Програма за Развој – УНДП и Меѓунардона Организација за Миграции ИОМ) во рамките на Заедничката програма на глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, воведе Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата има за цел да обезбеди поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства, во кои главен носител на приход е жена, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, ромски домаќинства, повратници од странство и приматели на трансфери на средства, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.200.000 денари, со рок на отплата до 84 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.40% фиксна каматна стапка за првите две години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

Осигурување

Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.

Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Услови на кредитната линија:

  • Износ од 5.000 до 250.000 евра
  • Рок на отплата до 5 години
  • Месечни, квартални или полугодишни ануитети
  • Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
  • Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%

Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).

Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.

Продолжи со читање

Продукти

КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина

Објавено

на

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.

Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.

Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.

Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange