Connect with us

Останато

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

Објавено

на

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги користи сите достапни алатки како што се приспособувањата на каматните стапки, девизните интервенции и мерките за управување со ликвидноста, за да нема промена во инфлациските очекувања“, нагласува Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, во интервју за порталот „Фактор“.

Според него, зачувувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за таа да биде постојано посветена на контролата на инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, што ќе придонесе за поддршка на растот и довербата во економијата кај домашните и странските инвеститори.

„Независноста на Народната банка е најважниот фактор за нејзиниот успех. Според нашата анализа во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот Индекс на независноста на централните банки. Способноста на Народната банка да работи без политичко мешање ѝ овозможи да носи тешки, но неопходни одлуки, како неодамнешните зголемувања на каматните стапки, со кои се зголеми привлечноста на штедењето за домаќинствата и претпријатијата, а со тоа успешно се намалија инфлацијата“, посочува Камер.

Директорот на ММФ за Европа истакнува дека независноста мора да биде проследена со транспарентност и отчетност.

„Во оваа смисла, неодамнешното доброволно учество на Народната банка во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот, исто така ја одразува нејзината посветеност на високите стандарди за транспарентност“, посочи Камер.

Останато

УЈП ги подготвува општините и јавните претпријатија за системот е-Фактура

Објавено

на

Управата за јавни приходи, во соработка со ЗЕЛС, започна со подготовки на општините и јавните комунални претпријатија за воведувањето на системот е-Фактура. Во рамки на обука организирана за оваа намена учествувале 80 претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија.

На обуката биле претставени главните функционалности на новиот систем, начинот на негово користење, како и обврските и придобивките што ќе произлезат од електронското фактурирање.

Претставниците на УЈП ја презентирале и бесплатната веб-апликација преку која ќе може да се пристапува до е-Фактура, а биле разгледани и практичните аспекти од примената на системот.

Посебен акцент бил ставен на потребите на јавните комунални претпријатија, кои издаваат голем број фактури кон граѓаните. Се разговарало за можностите за масовно испраќање фактури, поврзување на постојните информациски системи со е-Фактура, како и за користење на постојните квалификувани електронски сертификати.

Во пилот-фазата системот може да се тестира на два начина – преку директно поврзување со деловните информациски системи со API-интерфејс или преку веб-апликацијата.

Во моментов се проверуваат функции за креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на електронски фактури. Во следната фаза е предвидено тестирањето постепено да се проширува и на останатите процеси и видови документи.

Од УЈП ги повикуваат општините и јавните претпријатија активно да се вклучат во тестирањето и навреме да доставуваат предлози за подобрување на системот.

Според Управата, раното вклучување на локалната самоуправа и јавните претпријатија е важно за успешна примена на е-Фактура, особено поради тоа што комуналните претпријатија се меѓу најголемите издавачи на фактури во јавниот сектор.

УЈП најавува дека ќе продолжи со информативни и едукативни активности за подготовка на сите обврзници, а од воведувањето на е-Фактура се очекуваат побрзи и поефикасни процеси на фактурирање и поголема транспарентност.

Продолжи со читање

Бизнис

Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот

Објавено

на

Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.

Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.

Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.

Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.

Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.

Продолжи со читање

Анализи

Европјаните сè помалку трошат: ЕЦБ откри што најсилно ја погоди економијата

Објавено

на

Војната на Блискиот Исток значително ја намали довербата на потрошувачите во еврозоната и го забави економското закрепнување, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ) во најновата анализа.

Според извештајот, индексот на доверба на потрошувачите во периодот од февруари до април се намалил за околу 12 поени, пад речиси споредлив со оној по почетокот на војната во Украина. Истовремено, годишниот раст на номиналната потрошувачка на домаќинствата се забавил од 3–4 проценти на околу 2,5 проценти во април 2026 година.

Најголемото намалување е забележано кај дискреционите трошоци, при што домаќинствата ги одложуваат купувањата на луксузна облека, обувки, спортска опрема, патувања и рекреативни услуги. Домаќинствата со повисоки приходи најмногу ја намалиле ваквата потрошувачка поради зголемената неизвесност, додека оние со пониски примања ги крателе трошоците за трајни добра, ресторани и кафулиња.

Единствената категорија со раст на трошоците останува енергијата, како резултат на повисоките цени на горивата и транспортот.

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што околу 40 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека нивните приходи нема целосно да ја надоместат изгубената куповна моќ поради инфлацијата. Според ЕЦБ, доколку овие очекувања се задржат, домаќинствата би можеле да продолжат да штедат наместо да трошат, што дополнително би го забавило економскиот раст во еврозоната.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange