Банки
Тимот на ТТК Банка на Скопскиот Виз Ер Маратон!

Викендов се одржа јубилејниот 20-ти Скопски Виз Ер Маратон, на кој учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји кои ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица.
Меѓу учесниците беа и 27 вработени во ТТК Банка АД Скопје кои учествуваа во дисциплините – маратон, полумаратон и тим билдинг трка на 5 километри.
Вработените од ТТК Банка со силна мотивација и позитивна енергија, демонстрираа непоколеблива посветеност кон нови цели и желбата за нови победи.
Секој од нив го даде својот максимум и потсети дека со цврста волја и решителност, сè е можно!
ТТК Банка се гордее со своите вработени!



Банки
ЕЦБ со нов курс: Банкарите се подготвуваат за уште две намалувања на каматните стапки во 2025 година

Финансиските пазари внимателно го следат секој потег на Европската централна банка (ЕЦБ), откако аналитичарите и економистите сѐ посилно прогнозираат нови два циклуса на намалување на каматните стапки до крајот на 2025 година.
Поттикнати од стабилизирачката инфлација и забавената економска активност во еврозоната, очекувањата се дека ЕЦБ ќе продолжи со постепено олеснување на монетарната политика. Првото намалување би можело да се случи уште во текот на летото, со второ до крајот на годината, зависно од развојот на макроекономските индикатори и стабилноста на пазарот.
За банкарскиот сектор, ваквото сценарио носи двоен ефект: од една страна, пониските каматни стапки би можеле да поттикнат зголемено кредитирање и поголема побарувачка за хипотекарни и деловни заеми, а од друга, потенцијално притискаат на нето каматната маргина кај банките.
Експертите препорачуваат претпазливо управување со ликвидноста, внимателна проценка на каматните ризици и ревизија на кредитната политика – со цел да се обезбеди одржлив раст и профитабилност во изменета каматна средина.
Извор: Bankar.me
Банки
Развојна банка со нова финансиска поддршка: Исплатени 74 милиони евра за 248 компании

Развојната банка денес ја исплати втората транша од кредитната линија за инвестиции и развој, во износ од 74 милиони евра, кои ќе бидат распределени преку комерцијалните банки за поддршка на 248 компании низ целата држава.
Оваа финансиска инјекција претставува значајна поддршка за реализација на проекти во различни сектори, со фокус на зголемување на производствените капацитети, енергетска ефикасност и развој на инфраструктурата.
Поддршка за мали бизниси и стратешки инвестиции
Најголем дел од средствата – 62% од вкупната транша – се наменети за мали претпријатија, кои ќе реализираат 153 одобрени проекти. Според дејноста на корисниците, 96 проекти се од областа на производството, 27 од градежништвото, 61 од трговијата, 38 за поддршка на транспортот, како и проекти од угостителство, услуги и други дејности.
Во однос на намената на инвестициите, компаниите ќе вложат:
• 28 милиони евра за набавка на нова опрема
• 36 милиони евра за градежни инвестиции
• 7 милиони евра во обновливи извори на енергија
• 3 милиони евра за транспортни средства
Овие средства претставуваат конкретна поддршка за технолошка модернизација, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на домашната продуктивност.
Континуирана поддршка за економски развој
Развојната банка истакнува дека ќе продолжи со динамична реализација на останатите транши од кредитната линија, со цел да обезбеди долгорочна финансиска стабилност и развој за домашните компании.
Со ваквите чекори, институцијата потврдува дека игра клучна улога во поттикнувањето на економијата, особено преку таргетирана поддршка на малите и средни претпријатија – двигателот на секоја здрава економија.
Банки
ЕБОР и ЕУ ја промовираа Програмата за дигитализација на МСП во Западен Балкан вредна 377 милиони евра

Кредитната линија Дигитализација на Западен Балкан има за цел да ја поттикне иновативноста и растот на приватниот сектор.
Малите и средни претпријатија (МСП) во регионот на Западен Балкан ќе имаат пристап до нови можности за финансирање преку програмата Дигитализација на Западен Балкан (Go Digital in the Western Balkans) коja комбинира кредити, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии.
Програмата која е развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка од Европската Унија (ЕУ) има за цел да ја поттикнува иновативноста, конкурентноста и одржливиот раст кај приватниот сектор во Западен Балкан.
Како дел од програмата, ЕБОР ќе пласира до 350 милиони евра на партнерските финансиски институции во регионот на Западен Балкан за натамошно кредитирање на МСП. Ентитетите кои ќе подигнат кредит, ќе имаат корист од грантовите во износ до 10 проценти од вредноста на кредитот, кои се финансирани од ЕУ. ЕУ обезбедува вкупно27,6 милиони евра грантови и техничка помош за програмата, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан –Western Balkans Investment Framework (WBIF).
Програмата се надоврзува на успешната пилот програма Дигитализација во Босна и Херцеговина, која поддржа инвестиции во скоро 200 локални компании. На презентацијата која се одржа на 10 април 2025 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, имаше претставници од партнерските финансиски институции и бизнис секторот во регионот, а истото е голем чекор во зголемување на отпорноста на приватниот сектор и конкурентноста на Западен Балкан.
Франсис Малиж, Генерален Директор на Одделот финансиските институции во ЕБОР, рече: „Програмата Дигитализација на Западен Балкан има за цел значајно да ја унапреди дигитализацијата помеѓу МСП, зајакнувајќи ги за да станат иновативни, продуктивни и конкурентни на глобално ниво. Програмата ќе го пополни финансирањето на јазовите во усвојување на технологијата од страна на МСП во регионот. Заедно со нашите партнерски финансиски институции и нашите донатори остваруваме системско влијание во регионот со зајакнување на иновативноста во секторот на МСП за развој на конкурентни и робусни економии на иднината”.
Адебајо Бабаџиде, Заменикот шеф на ЕУ Делегацијата во Босна и Херцеговина изјави: „Со денешното презентирање на регионалната иницијатива Дигитализација на Западен Балкан, Европската Унија ја потврдува силната поддршка на малите и средни претпријатија , ’рбетот на економијата во регионот. Преку оваа програма, околу 750 претпријатија ќе добијат витална поддршка за иновации, дигитализација и имплементирање на зелени технологии. Во Босна и Херцеговина иницијативата се надоврзува на успехот на нашиот пилот проект во вредност од 11,5 милиони евра, кој веќе им помогна на над 200 претпријатија во унапредување на продуктивноста и конкурентноста. ЕУ грантовите, не само што овозможуваат техничка експертиза и грантови, туку го прават подостапно финансирањето за МСП, со акцент на МСП управувани од жени. Заедно со тековните реформи за подобрување на деловното опкружување, оваа програма отвара пат кон повисок економски раст, отпорност и подлабока интеграција на регионот во единствениот европски пазар. “
Програмата Дигитализација на Заападен Балкан се залага за зајакнување на приватниот сектор како клучен за унапредување на социо-економските состојби во регионот и зајакнување на врските со Европската Унија. Од 2009 година,ЕУ има обезбедено поддршка за раст на приватниот сектор во Западен Балкан во вредност од 628 милиони евра, преку Програмата за поддршка на Западен Балкан во грантови, гаранции и комбинирано финансирање, помагајќи во развојот на поиновативни екосистеми поволни за деловната заедница.
ЕБОР е клучен институционален инвеститор во регионот на Западен Балкан кој има инвестирано над 20 милијарди евра од почетокот на работењето во регионот од средината на 1990-тите години. Приватниот сектор и особено малите и средни претпријатија остануваат клучните области за инвестирање на ЕБОР. Поттикнување на нивната иновативност и дигитализацијата, зелената транзиција и инклузивниот раст се стратешки приоритети на Банката.

За програмата и за секторот
МСП претставуваат 99 проценти од сите бизниси на Западен Балкан и играат клучна улога во постигнување на целите за дигитализација и зелената транзиција, нагласувајќи ја потребата за одржливи деловни практики. Автоматизација и дигитализација носат продуктивност, а претпријатијата кои ги усвојуваат овие технологии остваруваат пораст на ефикасноста од 20 проценти. Многу МСП на Западен Балкан имаат потешкотии во усвојување на дигиталните технологии и трансформацијата: основните нивоа на дигитализација се 20 процентни поени пониско во споредба со МСП во ЕУ, само една петтина од МСП продаваат онлај, а помалку од 10 проценти користат поиновативни дигитални решенија како клауд компјутинг, обемни податоци и виртуелна интелигенција.
Со оглед дека МСП се соочуваат со предизвици да обезбедат соодветни средства за дигитализација и понатаму останува значаен неискористениот потенцијал за вложување во ИКТ на бизнисите, со цел да се поедностави работењето, да се автоматизираат процесите, да се зголеми ефикасност, зголеми продажбата, подобри корисничкото искуство и зголеми пазарното учество, сите двигатели на конкурентноста. Оваа програма настојува да ги реши овие недостатоци на начин кој ќе делува во зајакнување на дигиталната свест и на пристапот до финансии.
МСП ќе може да се пријават за финансирање за широк избор на технологии и инвестициски продукти, од едноставно усвојување решенија за автоматизација и роботизација во индустријата, до сложени дигитални алатки за одлучување и алатки за собирање и анализа на податоци, со што истото придонесуваат во декарбонизација и ефикасност на ресурсите.
Кредитната линија ќе биде достапна во повеќе од 10 финансиски институции со кои ЕБОР ќе влезе во партнерство, вклучувајќи банки и лизинг компании во регионот.
Забрзување на дигиталната транзиција е еден од стратешките приоритети на ЕБОР. Повеќе информации за оваа понуда на ЕБОР може да пронајдете на линкот:https://www.ebrd.com/home/what-we-do/focus-areas/digitalisation.html
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 месеци
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
STB Pay by link – ново платежно решение за вашиот бизнис од Стопанска банка АД – Скопје