Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

no baners

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Заменик директор во Дирекција Трежри
Скопје

Квалификации:

  • Високо стручно образование – Економски факултет;
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Да поседува ACI Dealing Certificate;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office;
  • Одлични способности за тимска работа;
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
  • Познавање на законските прописи кои ја регулираат дејноста.

Твоите професионални активности:

  • Ја помага работата на Директорот на дирекцијата при раководење, организирање, координирање и контролирање на работата во Дирекцијата;
  • Го воспоставува, координира и следи извршувањето на задачите во рамките на секторите на Дирекција Трежри;
  • Обезбедување средства од финансиски институции, анализа и следење на истите;
  • Следење на состојбите на денарската и девизните сметки на Банката и соодветна алокација на истите;
  • Следење на отворените девизни позиции по валути и склучување на девизни трансакции со цел исполнување на интерните и законските лимити;
  • Следење на меѓувалутните односи и информациите на домашниот и меѓународниот девизен пазар и пазарот на пари;
  • Тргување на девизен пазар, пазарот на пари и пазарот на капитал согласно доделените задачи, а во рамки на интерните и законските лимити и процедури;
  • Работа со инвестициско злато;
  • Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Дирекцијата;
  • Учествува во работата на органи на Банката согласно Статутот и другите интерни акти на Банката;
  • Ги следи дневните движења на ликвидноста, исполнувањето на интерните и законските лимити поврзани со ликвидноста и дава предлози за остварување на поставените цели;
  • Учествува во работни групи за креирање и изработка на нови решенија во работењето на Банката;
  • Го следи движењето на активата и пасивата на Банката, на редовна основа го известува Директорот за тоа и дава предлози за нивно усогласување;
  • Врши следење на постапувањето по дадените препораки од ревизиите и периодично го известува Директорот и надлежните органи на Банката.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!

УНИБанка нуди динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата и бенефиции;
  • Политика на наградување преку системот на бонуси;
  • Обуки за личен и професионален развој;
  • Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување;
  • Спортски активности и настани за дружење.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.10.2024 година.

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange