Банки
Потпишан нов Договор за соработка на Народната банка и Државниот завод за статистика
Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето солидни економски политики. Оттаму, функционалниот статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем се од суштинско значење за осмислувањето на јавните политики, но и за носењето деловни одлуки од приватниот сектор.
Потпишувањето на новиот Договор за меѓусебна соработка и размена на податоци и публикациски материјали помеѓу Народната банка и Државниот завод за статистика, со кој понатаму се унапредува досегашната соработка на овие две институции е од особено значајно за функционалноста и ефикасноста на домашниот статистички систем, којшто го исполнува највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус. Со новосклучениот договор се проширува опфатот на податоците коишто се разменуваат, се олеснува и се осовременува начинот на таа размена, а истовремено се скусуваат и роковите за доставување податоци. Сето ова ќе придонесе за исполнување на статистичките барања на европските и меѓународните институции и подготовка на квалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци. Договорот за соработка во име на институциите го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и в. д. директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.
На средбата беше истакнато дека во изминатиот период, следејќи ги глобалните статистички трендови и меѓународните иницијативи, националната статистика е надградена со нови податоци, како и дека подготовката и дисеминацијата на статистичките податоци е во согласност со најновите европски и меѓународни стандарди. Беше посочено и дека секој учесник има своја улога и одговорност во производството на статистики од својот домен на работење, затоа координацијата и усогласеноста на сите чинители во статистичкиот систем е предуслов за исполнување на целите и обврските на овие институции.
Банки
Стопанска банка: Apple Pay овозможува безбедно плаќање со СТБ картичките
Стопанска банка АД – Скопје информира дека Apple Pay е безбеден начин за плаќање со СТБ картичките, со само еден допир или поглед, онлајн и во апликација.
Од банката посочуваат дека со користењето на Apple Pay се избегнува внесување на лични информации при плаќање, вклучувајќи го бројот на картичката или безбедносниот код.
Услугата е наменета за побрзо и поедноставно плаќање, со дополнителна заштита на податоците на корисниците.
Банки
Со картичките на АЛТА Банка 20 отсто попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore
Корисниците на платежните картички на АЛТА Банка (СТББТ) можат да остварат 20 отсто попуст во рестораните SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore.
Од банката информираат дека понудата е дел од програмата за поволности наменета за клиентите кои плаќаат со нивните картички, овозможувајќи им заштеда при користење на угостителските услуги во овие ресторани.
„Резервирајте вечера во добра атмосфера и уживајте во одлична заштеда. Со платежните картички на ALTA Банка (СТББТ), добивате 20% попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore“, соопштија од банката.
Од АЛТА Банка додаваат дека секое уживање е уште подобро кога е проследено со дополнителна заштеда за клиентите.
Банки
Комерцијална банка: Плаќање сметки без провизија и без чекање на дигиталните киосци
Граѓаните можат брзо и едноставно да ги плаќаат сметките за струја, интернет и телефон преку дигиталните киосци на Комерцијална банка, без провизија и без чекање на шалтер.
Од Банката информираат дека на киосците може да се изврши плаќање кон ЕВН, ЕСМ Снабдување, Телеком, А1 и Телекабел со картичка од која било банка. Дополнително, корисниците на Интернет банка имаат можност бесплатно да испечатат извод од платежна сметка.

За полесно користење на услугата, до крајот на јуни во повеќе филијали и експозитури во Скопје ќе бидат присутни асистенти кои ќе им помагаат на клиентите при реализирање на плаќањата и запознавање со придобивките од дигиталните киосци.
Од Комерцијална банка посочуваат дека плаќањето сметки преку дигиталните киосци е достапно 24 часа дневно, седум дена во неделата, што им овозможува на граѓаните да ги завршат своите обврски и во денови кога останатите услуги не работат.
Локациите на дигиталните киосци се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Банкипред 2 месециНова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 1 месецДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари


